Астролошки водич: Откријте кои се адутите на хороскопските знаци во љубовните врски - Part 2

Астролошки водич: Откријте кои се адутите на хороскопските знаци во љубовните врски

Астролошки водич: Откријте кои се адутите на хороскопските знаци во љубовните врски

Вага

  1. Вродена желба им е да им угодуваат на другите, па токму поради тоа секогаш ќе сакаат да го прават својот партнер среќен.
  2. Вагите се многу шармантни и романтични, па дури ни по 10 години во врска нема да престанат да го заведуваат својот партнер.
  3. Предиграта им е многу важна и секогаш ќе овозможат доволно време со цел да се погрижат нивниот партнер да е задоволен.
  4. Нивната желба за убави и стабилни односи значи дека прво ќе се обидат да разговараат, наместо веднаш да се караат.
  5. Тие сакаат удобност и токму затоа се опкружени со убави работи, а истото ќе му го овозможат и на партнерот.

Скорпија

  1. Страста во комбинација со силното либидо е знак за добар секс со Скорпијата.
  2. Тие не се плашат од интимност, баш напротив, тие копнеат по неа и тежнеат кон тоа да ја направат врската подлабока.
  3. Љубовните врски, за разлика од флертот, ги сфаќаат многу сериозно и затоа се лојални на својот партнер.
  4. Нивната таинствена природа носи бескраен и интересен предизвик за партнерот.
  5. Скорпиите се страсни за сè, од политика па сè до храната, уметноста и љубовта.

Стрелец

  1. Оптимистичкиот пристап кон животот на Стрелецот му носи во врската позитивност, слобода и подготвеност за компромиси.
  2. Овој припадник на Зодијакот е секогаш искрен, па токму затоа можете да верувате дека тој ќе ви ја кажува вистината дури и во лоши ситуации.
  3. По својата природа, тие се независни, па токму затоа ќе бидат сигурни во љубовта дури и ако се разделени од својот партнер.
  4. Стрелецот е идеалист, па токму затоа секогаш ќе го гледа најдоброто во својот партнер, а лошото свесно ќе го игнорира.
  5. Бидејќи имаат многу енергија, водењето љубов со Стрелец е вистинска спортска активност.

Јарец

  1. Припадниците на овој знак тежнеат кон остварување длабоки, значајни и долготрајни врски.
  2. Јарецот може да гледа наоколу за да знае кои му се можностите, но тој е знак кој најмалку би ве изневерил.
  3. Тие се практични и во животот и во емоциите, па токму затоа ќе избегнуваат драматизирање.
  4. Во сексот се отворени и обожаваат да ја преземаат иницијативата во свои раце и имаат силно либидо кое не се намалува со годините.
  5. Без разлика на ситуацијата во која се наоѓате, вие секогаш можете да се потпрете на Јарецот, бидејќи тој никогаш нема да престане да ви овозможува поддршка.

Водолија

  1. Во врската со Водолија вие ќе се чувствувате како да сте заљубени во својот најдобар пријател.
  2. Тие живеат во светот на идеите и креативноста, па со нив можете да разговарате и за незамисливи нешта.
  3. Припадниците на овој знак се љубители на праведноста, па токму затоа тежнеат кон рамноправност каде што и двајцата ќе бидат среќни.
  4. Врската со Водолија дефинитивно ќе го збогати вашиот социјален живот, бидејќи од сите знаци во Зодијакот, тие имаат најмногу пријатели.
  5. Поради својата креативна природа, тие се едни од најперверзните знаци во кревет.

Риби

  1. Припадниците на овој знак се многу сензуални и подготвени се на секс во кое било време и на кое било место.
  2. Нивната интуиција е легендарна, па токму затоа можат да ги предвидат потребите, мислите и желбите на партнерот.
  3. Рибите ја изразуваат својата љубов и восхит на оригинални, прекрасни и скоро поетски начини.
  4. Оние кои се спремни да се жртвуваат за својата врска и партнер, тоа никогаш нема да го преречат понатаму.
  5. Бидејќи се големи романтичари, љубовта со нив е нешто што е најблиску до љубовта на филмското платно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар