Астролошки водич: Каде ќе ја пронајдете вашата вистинска љубов?
Вага
Во вашата потсвест секогаш постои романса. Проблемот најчесто се појавува кога не можете да се одлучите помеѓу повеќето понуди. Токму затоа би било мудро да пронајдете личност која ќе ги цени убавите нешта во животот, исто како вас. Дегустација на вина, уметнички галерии и одмор во спа-центрите многу лесно ќе ве зближи со личност која исто така ги цени овие нешта. Доколку сте спортски тип, тогаш најдобриот избор за вас се спортови на вода. Исто така би можеле да го најдете вашиот идеален партнер во елитни клубови или ресторани кои се магнет за мотивирани самци.
Доколку сакате да уловите Вага, обидете се со следнава реченица: „Покрај тоа што ги освојуваш сите околу себе, со што друго се занимаваш?“
Скорпија
Скорпиите секогаш точно знаат што сакаат и што не сакаат. Покрај оваа карактеристика и вашата желба за приватност, вашите шанси за романса видливо се намалуваат. Со ваш е тешко да се воспостави контакт бидејќи сте многу мистериозна личност. Токму затоа обидете се да излегувате на места каде што се очекува да барате партнер, како баровите, мини концертите или пак, во кафулиња. Исто така зголемете ги посетите на спа-центрите бидејќи токму таму можете да ја запознаете личноста која знае како да ги задоволи сите ваши сензуални потреби.
Привлечете го вниманието на Скорпијата со следнава реченица: „Дали и ти си тука со цел да запознаеш некој?“
Стрелец
Не е воопшто чудно тоа што не можете да пронајдете партнер кога едноставно не можете да се задржите на едно место повеќе од 2 секунди. Токму затоа совршеното место за запознавање нова личност за вас се социјалните мрежи. Тие се единствените кои можат да ве задржат на едно место подолго време. Од друга страна пак, состаноците на слепо или некој курс се исто така фина можност за запознавање на вашата нова љубов.
Доколку вашата цел е да уловите Стрелец, тогаш обидете се со оваа реченица: „Зарем не се запознавме еднаш на скијање?“
Јарец
На вас ви е многу тешко да го спуштите гардот. Но, сепак можете да успеете во оваа цел доколку почнете да изработувате тежок проект кој ќе ви го одземе целото внимание. Во овие ситуации сте најопуштени, лесно комуницирате и обрнувате помалку внимание на карактерните ситници. Ова можете да го постигнете на курс за готвење или работилница од типот „Направи сам“.
Доколку сакате да освоите Јарец, бидете директни со помош на ова прашање: „Може ли да те честам пијалак?“
Водолија
Иако немате проблеми со запознавањето пријатели, вам ви е вистински предизвик да најдете партнер. Вие не сте многу романтични личности, но станувате попривлечни за спротивниот пол доколку одвреме-навреме ја покажете својата креативна страна. Запишете се на курс по скијање, танцување или пеење. Од друга страна пак, курсот по глума исто така би можел да му помогне на вашиот љубовен живот.
Доколку вашата цел е да освоите Водолија, обидете се со оваа реченица: „Биди оригинален и одма кажи да.“
Риби
Генерално вие немате проблеми со привлекување романса. Но, прашањето е колку сте навистина желни да го направите тоа? Вие сте едни од оние луѓе кои можат да започнат со романса секаде, вклучувајќи ја и канцеларијата. Единствено нешто што ви е важно е одлуката дека сакате да најдете партнер и да му дозволите да влезе во вашиот живот.
Освојте ги Рибите со помош на ова прашање: „Ако те испратам до станот, ќе ме задржиш?“