Астролошки водич: Каде ќе ја пронајдете вашата вистинска љубов?

Астролошки водич: Каде ќе ја пронајдете вашата вистинска љубов?

Пронајдете го вашиот хороскопски знак и откријте каде се крие вашата вистинска љубов…

Астролошки водич: Каде ќе ја пронајдете вашата вистинска љубов?

Овен

За Овните добри места за запознавање се концертите, музеите и театарот. Ако забележите некоја личност која ве привлекува, слободно побарајте коментар од неа за претставата и разговорот веднаш ќе тргне во добра насока. Вие вашата посебна личност можете да ја запознаете и на некој уметнички курс или часови по танцување. Во секој случај вашата потрага насочете ја кон уметничката сцена, но ако сте спортски тип, обидете се со трчање во парк или посета на теретана.

Доколку вие сакате да уловите личност во знакот Овен, тогаш најдобар начин е да ја турнете од патот за да можете вие да влезете први. Тоа сигурно ќе го привлече неговото/нејзиното внимание.

Бик

Луѓето во овој знак имаат неколку омилени места кои редовно ги посетуваат. Најдобар начин да запознаете одредена личност или да привлечете нечие внимание е доколку малку се „глупирате“. Покажете ги и истакнете ги своите позитивни атрибути. Многу лесно можете да пронајдете партнер дури и во маркетот кој често го посетувате или пак, во библиотека. Сè што е потребно е да кажете едно „здраво“ и да побарате помош при изборот на одреден продукт или книга. Откако ќе ви помогнат, понудете се да ги однесете на пијалак за помошта.

Ако сакате да освоите Бик, тогаш обидете се со реченицата „Ќе ти подготвам вечера, ако ми ветиш дека ти ќе ми подготвиш појадок“.

Близнаци

Близнаците немаат проблеми кога станува збор за наоѓање нови пријатели, но кога се работи за љубовен партнер работите им одат малку потешко. За среќа, доколку обрнете повеќе внимание на своите таленти кои ги искористувате при запознавањето пријатели, со мала модификација, ќе можете истите да ги употребите и за љубовна врска. Ако сакате да се приближите некому на романтичен начин, дозволете му на вашето куче да ви помогне така што ќе го носите често на прошетки. Од друга страна пак, обидете се и некој од вашите пријатели да го претворите во љубовен партнер така што ќе организирате долга прошетка или излет. Полесно ќе се зближите со оваа личност доколку сте подалеку од вашата позната околина.

Доколку вашата цел е да уловите Близнак, тогаш обидете се со реченицата: „Изгледаш како мојата трета најголема љубов. Секако, досега сум бил/а лудо заљубен/а два пати.

Рак

Мора да признаете дека вашите шанси за запознавање партнер се многу мали бидејќи поголемиот дел од времето го поминувате во вашиот дом. Доколку не сакате да излезете надвор, кога организирате забави кажете им на вашите пријатели да донесат и нивни пријатели. Друго место на кое можете да запознаете интересна личност со вашите интересни досетки е маркетот. Но, најдобро место за запознавање на вашата нова љубов е брегот покрај море, езеро или река. На вас многу силно влијае плимата, па токму затоа и таму се зголемуваат вашите шанси.

Ако сакате да освоите Рак, пробајте со оваа реченица: „Запомни го овој момент, еден ден ќе го прераскажуваме на нашите деца.

Лав

Не е тајна дека каде и да се појавите привлекувате внимание кон себе и ги освојувате сите околу вас. Но, проблемот е тоа што поголемиот дел од луѓето се плашат од вашата „слава“, па токму затоа мора да најдете начин да го намалите својот сјај. Обидете се да се приклучите на некои волонтерски организации бидејќи на тој начин ќе станете попристапни за луѓето. Исто така добар избор е и курс по глума. Но, доколку вашата цел е да најдете интелектуален партнер станете дел од група за дебатирање.

Ако сакате да уловите Лав, обидете се со оваа реченица: „Тука е многу топло, ајде да се соблечеме и да се оладиме.

Девица

Под вашата совршено испланирана и логична личност се наоѓа вистински романтичар. Немојте да се плашите да ја покажете оваа страна од вас со помош на секси облека и накит. Одете на настани каде што се чита поезија, изложба на фотографии или танцова забава. Неколку пијалаци во комбинација со добра музика ќе ја омекне вашата спонтаност и ќе станете многу подостапни за луѓето околу вас.

Доколку сакате да освоите Девица, за време на вашиот разговор изнесете директен предлог или покана за дружење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар