Астролошки профил на родените во знакот скорпија
(23 октомври – 21 ноември)
Карактерот на Скорпијата варира во зависност од конкретната индивидуа родена во овој знак. Но, одредени особини како што се истрајноста, решителноста, одлучноста, жестокоста и моќта, се јавуваат кај сите Скорпии. Тие се страсни, со многу интензивни чувства, на моменти повлечени во себе, анализирајќи ги задоволството и тагата кои животот ги носи.
Скорпијата е фиксен знак, кој стои цврсто на земја и има огромно разбирање за другите луѓе. Умее да ги држи ситуациите под контрола и да ги коригира работите, со цел да воспостави ред и мир.
Таа е страстен љубовник и лојален другар, кој ќе ве заштитува и брани во секој миг. Спаѓа во категоријата водни знаци, што ја прави емотивна личност и ѝ помага да се прилагоди во својата околина.
Во потрага по вистината
Овие особи имаат навистина „длабока“ душа и тие често психички навлегуваат во суштината на светот околу нив, барајќи ја вистината и одговорите, со цел да пронајдат задоволство во секој сегмент од нивното патување низ животот. Тие се задлабочуваат во нивната сурова реалност, што од своја страна може да доведе до изолирање во нивните мисли. Кога Скорпијата чувствува јака емоција, таа го бара коренот и потеклото на истата. Опростувањето не е јака особина на Скорпијата.
Интуитивни личности
Велат дека очите се прозорци на душата, а кога ќе погледнете во очите на некоја Скорпија ќе почнете да верувате во таа мисла. Нејзиниот длабок, мистериозен, провоцирачки поглед делува хипнотизирачки врз другите луѓе. Скорпијата располага со моќна интуиција, благодарение на која често умее да ги „види“ работите кои другите луѓе не ги забележуваат. Таа има дарба буквално да ја почувствува атмосферата и на некој магичен начин да предвиди што ќе се случи следно.
Скорпиите се натпреваруваат сами со себе
Погледнете ја Скорпијата како вежба во салата за вежбање и ќе забележите уште една нивна клучна особина – решителност. Другите луѓе Скорпијата ја доживуваат како личност која си ја брка својата работа. Тоа е така бидејќи таа никогаш не сака да се натпреварува со другите луѓе за тоа кој има поголема моќ, повеќе пари или кој изгледа подобро физички. Упорноста кај нив е толку изразена, како резултат на нивната потреба да си докажат сами на себе дека можат да успеат.
Недостатоци на Скорпијата
Фанатик
Скорпијата понекогаш може да се занесе верувајќи во некоја нејзина надреалистичка идеја или замисла, без разлика дали станува збор за љубов, политика, религија или здравје. Според неа е фер да има право на свое мислење.
Сомничав ум
Скорпијата има тенденција да се сомнева во искреноста на луѓето. Да верува во некого ѝ претставува проблем, па дури и кога е заљубена, таа сепак има потреба да му направи една серија од тестови на својот љубовник, сè со цел да го дознае степенот на неговата верност и лојалност.
Посесивност
Скорпијата знае да биде многу посесивна кога станува збор за луѓето кои ѝ значат во животот, а како резултат на тоа ја губи довербата во нив. Им советуваме на сите Скорпии да веруваат во својот љубовен партнер, пријателите и семејството и да најдат начин да го потиснат овој аспект од нивниот карактер.
Деструктивност
Пропаднатите љубовни врски и пријателства се штетни за секого, но никој друг не е толку свесен за секој аспект од сопствената психа, како што е Скорпијата. Самоанализата на Скорпијата, во овие ситуации, е нејзиниот најголем непријател. Таа може да се опседне со некоја ситуација, до тој степен да не може правилно да функционира во своето секојдневие. Единствен начин да преболи некоја личност, е да го замени очајот со гнев. Ако еднаш навредите, отфрлите или понижите Скорпија, најверојатно нема да добиете втора шанса.
Што ја инспирира?
Доколку сте Скорпија и се обидувате да сфатите што е тоа кое ве прави уникатни, тука ќе го најдете одговорот. Една од вашите најдобри карактеристики е способноста за целосна преобразба. Не само што умеете да го промените својот живот, туку можете длабински да ги смените и животите на другите луѓе. Запомнете што значи поимот трансформација: процес на коренита промена на некоја работа, при што не се губи суштината и шармот на истата. Способноста за трансформација на нештата, преставува посебна дарба на Скорпиите.
Кога Скорпијата е заљубена…
Длабочината на карактерот на Скорпијата најмногу доаѓа до израз кога таа е среќно заљубена. Кога таа е во емотивно стабилна љубовна врска, најдобро ги изразува своите чувства, страст, енергичност и нежна природа. Ако сакате да имате „врска без обврска“ со Скорпија, подобро барајте друга личност, бидејќи нема да можете да ја поднесете интензивноста и длабочината во карактерот на Скорпијата. Овој знак никогаш нема да го заборави роденденот на својот партнер или некој битен датум. Нема никогаш да избегне да ги сподели емоциите со својот љубовник. Таа ќе ве напушти само доколку врската „завршила“ во некој сегмент.
Во семејните односи
Не постои работа која Скорпијата не би ја направила за членовите на нејзиното семејство. Тие можат да сметаат во секој момент на неа. Меѓутоа ако таа се почувствува тотално разочарано и предадено од некоја личност, макар да е дел од семејството, таа личност ќе биде мртва за неа. Колку и да звучи ова екстремистички, Скорпијата нема да омекне сè додека не чуе дека личноста искрено жали што ја повредила до тој степен.
Темелна на работното место
Кога станува збор за анализа, истражување и прибирање на податоци, ниеден друг астролошки знак не е подобар од Скорпијата. Скорпијата умее да ги разреши најсложените проблеми во компанијата. Таа е амбициозна и посветена на нејзината работа и е способна да работи повеќе од 12 часа, ако тоа е потребно. Меѓу другото, Скорпијата е прав генијалец кога станува збор за пари. Понекогаш можеби делува малку молчалива и воздржана, меѓутоа ниеден друг знак не може подобро да се справи со кризи од Скорпијата.
Идеални професии за Скорпија
Сé што вклучува длабока анализа, истражување, проучување или разрешување мистерии… Би биле одлични детективи, научници, аналитичари на пазарот, хирурзи, полицајци, членови на војската, политичари, адвокати, психолози или сопственици на бизнис.
- Омилени бои: црвена, костенлива, виолетова и црна
- Животно мото: „Она што е скриено е поинтересно од она што е очигледно.“
- Скорпиите најмногу си одговараат со: Јарец, Риби, Рак и Девица.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Добри 90% е точно.
Дали има уште луѓе кои веруваат во хороскоп??????
Како и да е, нема ништо точно за мене.
edinstvenoto nesto vo koe treba da se veruva e horoskop ,dali ima nekoj sto uste veruva vo religija ,gospod i politika ????
Se izvinuvm no dali si rodil vo sedmi mesec od bremenost???
100 % е точно за мене ….
se slozuvam so Glupco 100%
se soglasuvam na komentarot na devojka ili decko koj shto se krie zad pseudonimot glupco(bash ke se zaprasham dali samiot si se narekuva taka ili nekoj prijatel i go nadenal)skorpiite mi se omilenite mashki znaci toa moram da go potenciram,…vo soba polna so luge bash onaka znaam da gi detektiram STRASHNO ME PRIVLEKUVAAT…ajde objasnete go toa dragi moi….
Dadadadadada :DD
5442545464643456465456468464486 tocnooooo 😀
Ех…мојот живот! :)))
98% e tocno, mozam da go kazam zatoa sto i jas sum skorpija…
Jas sum dupla skorpija, za mene 99,9 % tocno… ovde mene me opisuvaat 🙂
100% e tocno,vo sekoja smisla
koga go citav, isto kako da citav karakteristiki moi. Definitivno eden od najjakite i najemotivni znaci sme, odime na se ili na nisto, ili pobeda ili poraz, vo sredina za nas energicnite nema mesto! Napred SKORPII
mnogu jasno
i za mene e ova tocno 100 posto
Postujem! Naj naj naj Mokjniot znak vo horoskopot 🙂 Se gordeam so toa so sum Skorpija… ako bi mozela pak da se prerodam sekako deka PAK kje izberam da bidam Skorpija 🙂 Pozz do site so se skorpii..ve obozavam :**
Vistina e deka sme emotivni i deka sme tuka da im pomogneme na site onie sto im treba pomos…ama uste povistinito e deka ako ednas povredis ponizis skorpija koga togas taa ke ti vrati ……like za statijava 😀
100% tocno%%%%
…100% se pronajdov vo tekstov..bravo!
99.9 i 102 % 🙂 ) od licno iskustvoo!!!
100% e tocno za mene,a mozebi i zatoa sto sum dupla Skorpija a uste poveke sto mnogu godini go sledam horoskopot i dlaboko analiziram. Golem pozdrav do urednicite i samo neka prodolzat taka 😉
znachi stvarno ko da chitam statija za mojot zhivot stvarno nie shkorpiite sme mnogu interesni lichnosti ama mozham da kazham deka nema podobri prijateli od shkorpiite taka site da si znaete 😉
ne mi se veruva se e tocno :$
SE ama bas SE e tocno za mene so isklucok ne eden podatok!!!! neverojatno! kako da me opisuvale mene
Se e tocno..100% kako da me opisuvale mene..prosto neverojatno….i dupla skorpija sum…a na onie na koi ne im se sovpaga najverojatno im vlijaee podznakot…..a ne e skorpija
mozee astroloshki profil za jarecc i bliznacii ??falaa :))
Jas sum dupla scorpija i cesto znam da procitam po netov horoskop za sebe normalno pa i za kombinacii so drugi znaci. Megutoa kako ova sto go procitav sega nikogas prethodno i nikogas poveke se nemam najdeno vo nekoj tekst koj go karakterizira mojot znak. Znaciiiii… 100% od zbor do zbor e tocnooooo. Pozdrav za site scorpii (emotivci nevideni 🙁 )
За емотивност сме шампиони……и јас сум дупла скорпија и 100% се согласувам со тебе и со текстов…посебно со ова ”Велат дека очите се прозорци на душата, а кога ќе погледнете во очите на некоја скорпија ќе почнете да верувате во таа мисла”
od nas ribite sigurno ne ste pogolemi 😀
ne mozam da poveruvam 🙂 se e tocno
najubaviot znak sme
tocno 99% jas sum Skorpija i mozam da ja potvrdam tocnosta na ovie zborovi
100 % true najaki sme nema sto
se gordeam sto sum skorpija 😀
na nekoj jasen nacin gi podrzuvam site skorpii i zenski i maski prestavnici se razbira pretendndiraat kaj mene maskite skorpii gi podrzuvam i sakam pozdrav inace jas sum zenski prestavnik riba skorpijata e kako feniks se preobrazuva odnovo duhovno
navisti seto ova e za voshit i samata nemase da mozam da ja dolovam karakteristikata koja ja poseduvame nie skorpiite vo sekoj pogled e tocno gorenavedenoto……cestitki
No comment! 😀
Не ми се верува дека напишаново ги долови најголем дел од моите главни карактеристики ! Да живеат шкорпиите !
Tokmu taka! Jas sum skorpija i apsolutno se pronaogam vo celava statija za nea. No fakt e deka ne se soglasuvame so site horoskopski znaci zasto sme mnogu poorginalni, unikatni i porazlicni od site ostanati. Malku se onie koi zanaat da ne cenat i vrednuvaat. Sekoja cest! Pozdrav! 🙂
mislam deka site sakaat da cujat vakvi raboti za sebe kako sto pisuva vo horoskopite za skorpii, neznam seksi, nadarani, bla, bla…i site sakaat da se skorpii i se gordeat ako se, ili se poistovetuvaat ako ne se…za nieden drug znak ne se pisuvaat takvi laskanja . Da pomisli nekoj vistina e. A nema vrska,citajki takvi bljuvotini kako horoskopi nie potsvesno pocnuvame da gaime takvi osobini, kakvi sto pisuva vo znakot. da vi kazam toa mora da se nadmine,…za grevota eden mlad covek da se identifikuva so osobini na insekt,, domasno zivotno, predmet ili apstrakten poim. a ok e za zabava ama gledam mislat deka se ragaat kako licnosti…luge licnosta se gradi, nadograduva, a ne citaj ti si takov naj naj,,i sto toj naavistina ke poveruva, a manite nemoze da gi vidi,
ova treba da se otfrli
Да да буквално е 90% точно… браво за постов, не сум прочитал до сега толку точни информации за знакот Скорпија.
znaci se da pogodat 😀
100% точно.Како да е статијава лично за мене напишана.Јас се гордеам со овој знак,скорпијата баш ми одговара на личноста(или мојата личност и одговара на скорпијата).
Што се однесува до луѓето кои ме повредиле,не,никогаш не добиле втора шанса,ако почнам да се потсетувам на сите тие…другарка ми од осмо,оној лудион од четврта…ај да не ги спомнуван…позз до сите скорпии и знам дека се гордеете како што се гореам јас со најубавиот знак што го имаме сите ниe <3
Поточно не може да биде…..се согласувам со личноста што се потпишала како „Скорпија погоре….Тоа е дефинитивно најубавиот знак…U[te 2 недели родендееннн!!!!!
Jas sum istata skorpija od pogore… sega pak razgleduvav komentari! А на оној кој погоре се потпишал како R>V знаеш што? Во мементот кога ти го прочитав коментарот ми доаѓаше забиде да ти скршам и да му ја летнеш на осмо небо! Ако имаш нешто да кажеш – кажи го во астролошкиот профил на рибите ако си толку јак\-a!
Ина4е пак ке кажам, секој ден ги хипнотизирам сите со убиствениот поглед и горда сум на тоа. Незнам, да бев јас… јарец на пример, лично ќе се плашев од скорпиите. Можеби сум многу размазена но јас секој ден си го менувам животот и некој можеби кога не се согласува со мене си ја плаќа казната кога-тогаш и после нема да му текне ни а ми се доближи 🙂
Сте пропуштиле некои детали како:
• Скорпиите премногу се сакаат себеси, опседнати се со себе. (А јас лично горда сум и на таа работа) 😀
• Секогаш го добиваат тоа што го сакаат.
• Ако и кажеш „не“ ќе те погледна како ѓавол па и да сакаш нема да можеш да го тригнеш погледот од истите – не можеш, па сакаш не сакаш мораш да се согласиш!!!
Ве сакам сите скорпии, ве обожавам, како што себе си си се обожавам!!
Гомлем Поздрав до сите и… „Она што е скриено е поинтересно од она што е очигледно.“
Позз… 🙂
Iskreno mnogu postuvam maski skorpii i tocno e toa sto go pisuvva, ima nekoja posebna magija vo niv i neverojatna privlecnost. Karakterot voglavno e toa TOA, megjutoa zenski skorpii i to kako vrska si nema, znam dovolno zenski skorpii i stvarno se mifki nevideni, ljubomorni dushi koi probuvaat zivotot da ti go unistat. Veze si nemaat
Ако еднаш навредите, отфрлите или понижите скорпија, најверојатно нема да добиете втора шанса. 😉