Астролошки профил на родените во знакот овен
(20 март – 20 април)
Овенот е храбра и моќна индивидуа на која можете да сметате во секоја ситуација. Припадниците на овој хороскопски знак се подготвени да скокнат во акција речиси за што и да станува збор. Овните се управувани од нивната возбуда и страст за успех. Секогаш имаат некаква цел според која се водат и најчесто успеваат да го реализираат тоа што ќе го наумат. Овенот е амбициозен, решителен и цврст знак. Друга типична карактеристика за овните е спонтаноста. Во еден момент можете да гледате како некој овен работи концентрирано на некој проект, а во друг момент можете и воопшто да не го видите бидејќи тој се качил на авион за да отпатува на некоја импровизирана дестинација.
.
Моќен магнетизам
Овните имаат нешто повеќе од харизма; тие истовремено зрачат со моќ и уникатен шарм. Појавата на овенот е магнетска, а сите луѓе околу него потклекнуваат на неговите флертувачки и умилкувачки способности. Оваа негова карактеристика го прави овенот да биде премногу привлечен и неодолив.
Ако никогаш не сте биле во близина на некој кој зрачи со толку многу сексапил, тогаш дефинитивно ќе бидете шокирани. Способноста да го привлече и предизвика спротивниот пол доаѓа многу природно кај овој хороскопски знак. Тој знае каков ефект предизвикува и ужива во својата сексапилност. Овенот е бесрамен флертувач кој повеќе го обожува „бркањето плен“ отколку фактичкото „уловување“ на оној партнер кон кој чувствувал привлечност. Тој едноставно не може да си помогне: обожава сè што е ново во неговиот живот и што вклучува луѓе. Во секој случај, не постои никаква причина да не им се верува на овните кои се во врска, бидејќи тие се ретко неверни.
Брзо му досадува
На овенот многу брзо му станува досадно, особено ако не ја доживува доволно предизвикувачка моменталната ситуација во која се наоѓа. Оваа карактеристика на овенот постои во секоја област од неговиот живот. Тоа значи дека овенот мора да биде ментално и емоционално предизвикан за да може да остане заинтересиран за она за кое што се нафатил. Ако сте во врска со некој овен, имајте на ум дека мора да бидете доволно интересни и да внесувате возбуда во врската, бидејќи тој брзо ќе изгуби интерес и ќе тргне во потрага по нов љубовник. Ова не е нешто што треба да си го сфатите лично, туку овој е начинот на којшто овенот се движи низ својот живот, соборувајќи еден по друг предизвик. Како и да е, неговите најголеми предизвици се оние коишто ги чувствува длабоко во себе.
Проба: 1, 2, 3
Оние родени со хороскопски знак овен, немаат тенденција да ги земаат работите здраво за готово. Тие тестираат сè што е возможно да се тестира, па дури и лојалноста на другите луѓе кон нив. Ова е тип на карактеристика кај овенот што може да ги лути другите луѓе. Тој едноставно сака да знае што се случува во секој момент од секоја ситуација во која се наоѓа. Ако да речеме овенот купува нов автомобил, тој не само што ќе направи тест возење, туку ќе ги дознае од продавачот (или од некој друг) сите перформанси кои тој ги има пред да реши да го купи. Истото го прави и во љубовните врски. Интересното е што партнерот на овенот нема ни да биде свесен дека е ставен на тест, до оној момент кога сè ќе стане јасно, односно дали го поминал тестот или не. Па ако сте доволни среќници да ја поминете серијата од тестови која ќе ви ја приреди овенот и тој сè уште е заинтересиран за вас, тогаш најверојатно вие сте идеалниот партнер за овој високо енергичен и страстен знак.
Темелна личност
Овенот не прави ниедна работа до пола. Тој има перфектен вкус и лесно препознава добар квалитет. Другите луѓе може да сметаат дека тој е премногу пребирлив, но тој едноставно кажано има природна дарба за препознавање на убавите нешта во животот. Ако еднаш некој овен оцени дека достојно ги исполнувате неговите стандарди, тој ќе ве качи на пиедестал засекогаш или барем додека не го разочарате. Ако успеете да го натерате овенот да ве доживее како комплетна личност со свои мани и доблести, тогаш лесно ќе ја придобиете неговата почит и восхит. Нема нешто кое тој повеќе цени од една скромна искреност, која најчесто ја пронаоѓа повеќе кај другите луѓе отколку кај себе.
.
Најдобар во сè
Овните сакаат секогаш да бидат први во сè, почнувајќи од извојување победа во некоја друштвена игра, до добивање на највисокиот бонус на неговото работно место. Да го добијат второто место во нешто, претставува голем пораз за овенот, па кога тој губи ќе треба да помине некое време додека се почувствува повторно самоуверено.
.
Роден лидер
Никогаш не очекувајте овен да го следи вашиот чекор или да западне во ситуација во која ќе треба да ги следи вашите наредби. Доколку е принуден да ги исполни инструкциите на некој друг, ќе дојде друга негова карактеристика до израз – бунтовност. Таа негова страна никој не би сакал да ја види, така што препорачливо е да го одржувате балансот во ситуацијата и да го имате овенот на својата страна, бидејќи во спротивно тој ќе ги испланира неговите легендарни одбранбени стратегии. Неговата лидерска способност и чувството за праведност секогаш ја освојува лојалноста кај другите луѓе, кои знаат дека тој никогаш не би побарал нешто од нив, кое не би го направил ни сам. Овенот ги знае неговите способности и верува во неговиот успех.
Жесток темперамент
Овните брзо се лутат и не го прикриваат својот гнев. Дури и да сакаат да го прикријат, искрите во нивните огнени очи ќе ги издадат. Но, добрата вест е дека луѓето родени во знакот овен ретко ги држи лутината долго време. Тие гневно избувнуваат во времетраење од неколку минути, а потоа со задоволство преминуваат на нешто друго, во оној момент кога ќе заврши нивната првенствена „експлозија“.
Романтичен љубовник
Ќе бидете среќни во љубовна врска (или брак) со овен, доколку успеете секогаш да останете негова мистерија, која тој вечно ќе се обидува да ја сфати и разреши. Оваа карактеристика на овенот е онаа што првенствено го прави привлечен, а потоа го прави уште поинтересен, па затоа ако сакате да го задржите во вашите прегратки – не му ги кажувајте сите ваши тајни. Овенот сака постојано да учи нешто ново за својот животен сопатник.
Овенот не само што е многу романтичен, туку е и хороскопски знак кој верува во вистинска љубов. Несомнен е фактот дека овенот мора поактивно да поработи на односите кои ги гради со другите луѓе, но кога станува збор за љубовта, тој е посветен и лојален партнер. Всушност, овенот е по малку наивен во љубовниот дел и ги доверува сите свои емоции на неговиот партнер, кои ги чувствува од неговото срце. Поради тоа овенот се чувствува многу збунето кога некоја негова врска нема да успее. Овој проблем тој може многу лесно да го реши. Мора да сфати дека и другите луѓе имаат свое мислење за работите и уште повеќе, треба да научи да престане да ги поништува нивните ставови и емоции.
Овенот како родител
Овенот најчесто е строг родител, но истовремено има и разбирање за она низ што поминуваат неговите деца. Тој умее да се присети како е да си млад и колку е тешко да ги издржиш маките низ целиот процес до постанувањето полнолетен и малку позрел. Него му причинува големо задоволство да ги носи честопати своите деца во забавен парк и ќе им прави друштво на возењето по лудите железници. Ќе ги почести по еден сладолед и покрај тоа што знае дека дошло време за вечера, бидејќи умее да го препознае оној фантастичен момент, кој никогаш нема да се повтори, а неговите деца вечно ќе го паметат. Овенот го разбира големото значење на градење позитивни спомени со неговото семејство. Тој ќе ја внесе сета своја енергија за да даде добра насока во образованието на неговите деца и да го стимулира нивниот интелект. Моралот е нешто што овенот се обидува да го пренесе на своите деца, заедно со некои практични водичи за животот. Тој е свесен дека треба да ги претвори неговите деца во цврсти личности, кои ќе имаат интерес за интелектуални работи, но и за оние кои го исполнуваат духот.
Спортски ентузијаст
Овенот обожава спортови кои се играат надвор, особено оние кои му даваат можност да се докаже колку го бива. Тој играл спортови во своите млади години и ќе игра во текот на целата своја зрелост. Него му се допаѓа интеракцијата која ја остварува со спортскиот тим и го сака предизвикот кој спортот му го дава.
Позитивни карактеристики
Овенот има топла душа. Оддалеченоста која другите ја забележуваат помеѓу него и останатите луѓе, не е проблем кој потекнува од овенот. Тој може да ја надмине буквално секоја препрека на патот. Тој е спремен да зачекори онаму кај што никој друг не стапнал. Овие луѓе се чувствуваат удобно на непозната територија и најчесто зрачат со верба во себеси.
.
Негативни карактеристики
Една од најнегативните карактеристики кај овенот е тоа што тој не смета дека другите луѓе треба да очекуваат почит од негова страна. Тој лесно ги отфрла туѓите мислења и ќе постапи онака како што тој мисли дека е најдобро за него. Луѓето со овој хороскопски знак најчесто не знаат да прифатат совет и ги заќутуваат оние кои се обидуваат да им го дадат. Исто така, и покрај тоа што овенот е истраен и посветен на својата работа, честопати му се случува да не ги доврши задачите до крај и да се откажува од работите после еден неуспешен обид.
.
Мили личности
Земено во целина, овните се многу мили и љубезни личности. На луѓето во негова близина им е лесно да се поврзат со овој ентузијастичен и романтичен дух. Ако овенот научи одвреме- навреме да подзастане за момент и да ги сфати мислењата и на другите луѓе, а не само своите, тој ќе сфати дека неговиот живот ќе тече помазно и попродуктивно. Во секој случај, тој треба да го задри својот воен дух, бидејќи токму тој го прави толку интригантен овој знак, во очите на другите луѓе.
.
- Идеални професии за овен: пиармен, спортски тренер, воено лице, атлетичар, забар, адвокат, механичар, политичар, полицаец
- Омилени бои: светло црвена, кафена, жолта
- Најкомпатибилни знаци: стрелец, лав, водолија, близнаци
- Животно мото: „Оној кој сака – може!“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
се од крај до крај е точно, секогаш кога читам карактеристики за мојот знак овен како лично за мене да се пишува 🙂
i mene iskreno. se pronaogam vo nego 🙂
Zosto gi nema site kombinacii na oven so ostanatite horoskopski znaci ???
Лидија, комбинациите и другите астролошки текстови за конкретните знаци ги објавуваме во нивниот период, така што останатите комбинации за овенот ќе излезат наскоро.
Vi blagodaram, so netrpenie gi ocekuvam 🙂
Би сакала што побрзо да видам вакво нешто за Близнаци 🙂 Ќе биде ли?
neverojatno tocno
po tocno ne znam dali mozi da bidi.Neverojatno
Neverojatno 🙂
Fantasticno iznenaduvanje se e tocno ….:)
Fantasticno se e tocno za ovenot se pronajdov sama sebesi….:)