Астролошки профил на родените во знакот јарец
(22 декември – 19 јануари)
Јарците се сериозни, одговорни, независни и одлучни луѓе. Нивните лични карактеристики можат да имаат големо значење за интензитетот на овие својства кај различните јарци, но како и за секој знак, и за овој има заеднички работи кои се среќаваат кај повеќето родени во тој период.
Јарците се цврсто приземјени луѓе на кои другите сакаат да се потпираат. Имаат јака волја и се прилично самоуверени. Тие точно знаат кои се, па се чувствуваат комотно во разни социјални ситуации. Иако понекогаш имаат репутација на малку здодевни луѓе, тие често знаат да го изненадат друштвото со остроумна и ненадејна духовитост.
Јарците се луѓе на кои можете да се потпрете, но сепак страдаат од промени во расположението кое може да варира од голема еуфорија до напади на депресија. Во повеќето ситуации, тие вешто ги маскираат овие конфликтни расположенија во јавност. Само најблиските од семејството и пријателите можат повремено да го забележат нивниот внатрешен немир.
.
Сериозни личности
Јарците се сериозни и резервирани. Тие преферираат да ги планираат и да ги извршуваат задачите кои им претстојат и генерално се држат до овие планови сè додека не ги завршат, дури и кога околностите се комплицираат. Бидејќи се склони да бидат сериозни, знаат да бидат нетолерантни за глупирање и зезање и генерално не ја прифаќаат спонтаноста во одлучувањето.Уште една карактеристика на јарците е што можете да сметате на нив дека ќе останат смирени во скоро секоја ситуација. Тие се неемоционални однадвор и се многу добри во анализата на проблемите од логичен аспект, без да ги мешаат чувствата со што избегнуваат драматичен ефект.
.
Одговорни личности
Јарците сакаат искреност и одговорност и настојуваат овие лични карактеристики да им служат како пример во нивните животи. Јарецот како животно го претставува овој знак заради неговата асоцијација со стабилност и сигурност. Луѓето кои се родени во овој знак не се премислуваат од ден на ден, па нивните мислења можат да се земат како веродостојни и постојани. Јарците се верни во љубовта, вредни работници и луѓе од збор на кои можете да им верувате.
.
Независни индивидуалци
Најцврстата карактеристика на јарците е нивната независност. Бидејќи тие ги знаат нивните способности и вештини, тие не веруваат дека треба да се потпираат на други луѓе. Ним им е задоволство да си ги завршуваат проектите сами, да си поставуваат цели и да ги постигнуваат, како и притоа да работат сами. Повеќето јарци се тивки и интровертни, но ако се вклучат во групна работа, често можат да станат лидери заради нивните правилни методи и силното логичко резонирање.
Одлучност и трпеливост
Јарците се амбициозни и во многу случаи сакаат да се истакнат во своето поле на работа. Тие не се двоумат пред да си постават високи цели и потоа да работат напорно за да ги остварат. Бидејќи се добри во планирањето и придржувањето до планираните задачи, тие можат да работат постепено за да ги остварат целите, притоа фокусирајќи се на иднината. Моменталното задоволство не е нешто што ги одликува јарците. Напротив, тие сакаат одложена награда која знаат дека ќе следува доколку се трудољубиви и одлучни.
Јарците во љубовта
Јарците тешко веруваат во љубовта и во мотивите на личноста од другата страна на врската. Тие се трудат да бидат многу претпазливи пред да одлучат да ги откријат вистинските чувства, што секако се одразува негативно на почетокот на една љубовна врска. Јарецот попрво би ги криел своите чувства отколку да ризикува да биде одбиен. Тоа значи дека кога јарецот влегува во врска, тоа ќе биде или сè или ништо. Овие луѓе знаат да сaкаат длабоко и многу ќе се трудат да ја одржат романсата жива. Тие се и многу страсни љубовџии.Штом пак јарецот стапи во брак, тој ќе гледа да остане во него без разлика на предизвиците кои можат да му застанат на патот. Тој верува во врска која ќе трае до крајот на животот, но често неговата љубомора знае да предизвика проблем.
.
Јарците и пријателството
Јарците се добри пријатели и може да се смета на нивната лојалност, но ако некој пријател ги предаде, подобро нека му ја мисли. Тие долго паметат кога некој ќе им згреши и тогаш стануваат застрашувачки непријатели.
Јарците во работата
Јарците се вредни работници на кои може да се смета. Тие ги планираат работите, работат методолошки, земајќи го предвид секој аспект и секогаш се држат до испланираното за да ги постигнат нивните зацртани цели. Ако стрелецот е иницијатор за проекти, јарецот е оној кој ќе ја истурка работата откако првиот ќе изгуби интерес.Јарците знаат да почитуваат авторитет, но истата почит ја очекуваат од другите кога тие се главни. Тие поставуваат високи стандарди во работата и го очекуваат истото од нивните колеги и потчинети. Заповедничката природа на овој знак ги прави јарците малку тешки за работа со други луѓе, но тоа не значи дека се нефер.
- Најсоодветни професии: менаџери, банкарски работници, сметководители, финансиски консултанти, архитекти, наставници, адвокати, статистичари и музичари.
- Омилени бои: кафена, индиго сина, црна и сива.
- Јарците најмногу си одговараат со: риби, бик, девица, скорпија.
- Мотото на јарците: „Ако приликата не ти тропне, тогаш изгради врата“. Но, ова не значи дека доколку нема планини на кои би се искачиле, треба да ги изградите. За вас, страдањето може да води до исполнување, но за да бидете среќни, добро би било да научите да го цените она што го имате, наместо секогаш да се трудите да го постигнете она што се наоѓа на следното ниво.
- Најјака карактеристика: способноста за надминување на пречките
- Потенцијална слабост: премногу работа, без многу забава
tokmu taka <3
може за рак ?
ве молам
a ljubovna kombinacija za jarec i jarec ke ima li?
a jarecot so koi znaci najmnogu si odgovara ! :??
pa ne bi rekla bas za poslednoto mnogu rabota da mislam deka nie jarcite bas znaeme da se zabavuvame ali toa neznaci deka sme site isti 😉
mislam deka jarcite znaat najmnogu od site da se zabavuvaat, barem jas…Jas sum sekogas onaa najraspolozenata i koga mi e tesko so smea probuvam da zaboravam 😉
lele kolko e samo tacno !!!!!
neverovatno visitnito 😛
jarecot e pretstaven kako pola jarec pola riba, od tuka i dualizmot na lugeto rodeni pod ovoj znak. 🙂 za sebe , smetam deka ne sum najzdodevnata vo drustvo, pa i koga sum tazna, mozebi zaradi toa sto umeam da odglumam vesto 🙂 Za onie sto ne znaat, i Mr Bin e jarec vo horoskop,ke se slozite deka e nenadminliv 🙂 , vo privaten zivot mnogu kul tip i avanturista, btw saka brzi voznji i besni koli…. Na kratko kazano, jarcite ne se ona sto od prv pogled se odgatnuva za niv. Negde citav i deka se olicetvoreni na gnasotija i rasipnistvo 🙂 sto i ne e taka tocno, me being born under this very super famous sign 🙂 pozdrav
sve obratno od sto sum ja , shto jarec ke bev :O
ТОЧНООО<3333:)