Астролошки профил на родените во знакот близнаци
(21 мај – 20 јуни)
Луѓето родени во хороскопскиот знак близнаци имаат брз и бистар ум, благодарение на кој се секогаш во потрага по нов извор на информации. Повеќето близнаци, сакаат да ги учат работите преку практични примери. Тие обожаваат да шетаат низ светот, да запознаат што е можно повеќе луѓе и да стекнат голем број различни искуства. Близнаците не се луѓе кои можат да седат затворени дома, туку се енергични и авантуристички личности, чија душа останува млада во текот на целиот нивни живот.
Близнаците имаат тенденција да бидат „главни“ на секоја забава, поради нивната живост, ведрина, досетливост и способност да „накитат“ некое нивно досадно искуство за да го прераскажат на најинтересниот можен начин, при што на присутните ќе им звучи магично. Близнакот едноставно знае како да го задржи вниманието кон себе и да направи сите да го доживуваат како „главен на сцената“.
Луѓето со овој хороскопски знак се чувствуваат како да припаѓаат во речиси секоја ситуација, поради нивната способност за адаптација на секаков вид промена. Тоа е така, поради нивната непресушна потреба од промени во животот и независност, која го оневозможува нивното преголемо приврзување кон одреден сет на околности.
Близнакот како дете
Близнаците додека се деца обрнуваат многу големо внимание на светот во кој живеат и благодарение на тоа умеат да ја сфатат заднината на сите ситуации уште од многу рана возраст. Нивната љубов за комуницирање и забележување на сите најмали детали, ги прави близнаците одлични комуникатори од најмали години.
Децата родени во знакот близнаци имаат жилава, кинетичка природа која им овозможува постојано да бидат во движење. Добро би било тие да имаат повеќе различни видови активности, за да можат правилно да ја канализираат нивната енергија. На младите припадници на овој хороскопски знак многу лесно им досадува, па доколку изгубат интерес да извршуваат некоја активност, тие веднаш ќе тргнат во потрага по нешто поинтересно, затоа, многу е можно да ги пронајдете како го демонтираат миксерот во кујната или да разберете дека отишле сами на планинарење.
Комуникативна природа
Веднаш ќе препознаете близнак во соба полна со луѓе. Тој енергично ќе разговара со двајца, тројца или повеќе луѓе. Може да изговори стотици зборови во минута, но близнакот не зборува само за да се слушне себеси како кажува нешто, туку бидејќи има нешто вредно да додаде во разговорот.
Споделува информации
Близнакот обожава да го споделува со светот она што го знае. Ставете близнак пред микрофон или пред камера и тој ќе се чувствува како да е дома. Тој нема трема или нервоза кога се наоѓа пред голема публика, бидејќи ги сака луѓето и разменувањето мислења на различни социјални збиднувања. Секоја ситуација која ќе му овозможува на близнакот да ги искористи неговите таленти и да ги изрази неговите мисли и чувства ќе му биде добредојдена. Не е воопшто чудно, тоа што близнаците се успешни во оние професии каде што пишувањето, комуникацијата и креативноста се најважниот елемент. Исто така, близнаците имаат интерес кон изучување на технологијата, особено компјутерите.
Социјална пеперутка
Близнакот е навистина најдруштвениот хороскопски знак во зодијакот. Доколку тој се најде во улога на организатор на журка, бидете сигурни дека сте составен дел од еден спектакуларен настан. Од разни видови мезиња, до фантастични оброци, близнакот ќе ги наполни со задоволство стомаците на сите свои гости, а воедно ќе се погрижи секој добро да се забавува. Близнакот е секогаш во „центарот на забавата“ бидејќи може да го прилагоди неговото ниво на ентузијазам во однос на моменталната прилика. Тој ќе се чувствува сосема удобно доколку се наоѓа во парламент, на службена вечера или на рок концерт, бидејќи сите околности му нудат можност да ја вежба неговата интелектуална острина и да разменува идеи со различни типови луѓе.
Наклоност кон уметност и музика
Близнакот има вродена наклоност кон разните облици уметност. Кога еднаш ќе успее да се пронајде себеси во некој уметнички облик, тој ќе биде како пеперутка во лет, која ќе продолжи да ги шири нејзините крила и ќе се обидува да испробува сè повеќе нови работи во таа област.
Близнаците на љубовен план
Претставниците на овој хороскопски знак се во потрага по интелигентен, прилагодлив и толерантен љубовен партнер. Со него, никогаш не може да ви биде досадно бидејќи тој секогаш е во потрага по некоја нова авантура. Поради таквата негова природа, неговиот партнер ќе треба исто така да биде креативен и остроумен, способен да се прилагоди на секоја ситуација која ќе ја создаде близнакот. Доколку не сте во можност да го следите неговото брзо темпо на живот, близнакот ќе се умори од таквата врска и ќе си продолжи понатака во животот, барајќи нешто поинтересно.
Ладни како мраз?
Честопати во астролошките профили за знакот близнаци, пишува дека тие имаат ледено срце, кога станува збор за нивните емоции. Близнаците дефинитивно се луѓе кои имаат чувства, па затоа не дозволувајте никој да ве убедува во спротивното. Повеќе луѓе сметаат дека овој знак е „ладен“ бидејќи близнакот и покрај неговата комуникативност и отвореност, е многу затворен кога станува збор за неговите емоции. Тој дури некогаш не се ни забележува себеси дека се чувствува вознемирено или несреќно, бидејќи во неговиот ум тој „патува“ кон освојување на некоја нова авантура. Вистина е дека близнаците имаат ум кој се базира на логика и рационалност, но тие истовремено имаат забавен карактер, кој често другите го оценуваат како детинест.
Како да ја згреете душата на близнаците?
Една од работите кои инстантно ќе го приближат психолошки близнакот кон вас, е вашето развиено чувство за хумор и љубезност. Близнакот ги третира сите луѓе еднакво и нема ни грам толеранција за оние кои лошо се однесуваат кон другите. Дури и најмалите акти во кои некој покажува љубезност и култура, се забележани од страна на близнакот, кој не пропушта ниеден детаљ. Но, наспроти тоа, тој има тенденција да биде „слеп“ и несвесен за големите, неубави работи кои се случуваат пред неговите очи. Тоа е така, поради начинот на кој близнаците го живеат животот – секогаш се фокусирани кон иднината, поради што честопати ја пропуштаат сегашноста.
Сензуален љубовник
Близнакот е секси љубовник, кој ги знае сите добри сензуални чекори. Тој има големо чувство за уметничката страна на љубовта, а на неговиот флерт никој не може да остане рамнодушен. Близнакот обожава романтични активности, кои ќе го одведат кон една умствена авантура од која ќе му се помати умот. Сè додека неговиот партнер, умее да го одржува нивото на интрига и возбуда во врската, близнакот ќе биде фасциниран и нема да му биде досадно. Дефинитивно не сакате на близнак да му досади од вас, бидејќи ако тоа се случи, сè што ќе ви остане е сеќавањето за него.
Близнаците на работното место
Доколку работата која што ја работи му е доволно интересна и привлечна, близнакот ќе заврши повеќе задачи до пладне, отколку што неговите колеги ќе завршат во текот на целиот ден. Доколку пак, тоа што го работи му е досадно и монотоно, тој ќе работи само извесен период на тоа работно место, сè додека не најде некоја нова попредизвикувачка работа. Близнаците сакаат да бидат информирани за сè што се случува на работното место, умеат да учат од искуството на нивните колеги и да ги слушнат нивните паметни совети. Наспроти инсистирањето на близнакот да биде секогаш во центарот на вниманието, тој знае одлично да се вклопи во тимска работа.
Негативни карактеристики на близнакот:
- Ведри или мрачни личности?
Близнаците се знакот на дуалитетот. Едната страна на близнакот е ведра, комуникативна, а другата депресивна, па дури и злобна. Близнаците можат да варираат од расположени и дружељубиви личности, кон намуртени и мрачни непријатели. Кога овој вториот близнак е во акција, подобро ви е да се повлечете и да го оставите сам да си го пронајде излезот од таквото марчно расположение.
- Нерешителност
Способноста на близнаците да ги погледнат сите аспекти на ситуациите и нивната потреба постојано да испробуваат нешто ново, ги прави близнаците неодлучни. Доколку донесувањето некоја одлука стане премногу тешка и здодевна задача, близнакот најверојатно ќе ја игнорира и ќе тргне во потрага по некои нови и попријатни околности.
Неуморноста и независноста на близнакот може на другите луѓе да им остави впечаток дека тој е површна личност. Припадниците на овој знак се љубезни и дружељубиви со сите луѓе и не фаворизираат никого особено. Но, кога ќе им стане здодевно, нивната ведрина и љубезност се претвора во своеволно и тврдоглаво однесување.
Ваквите негативни особини, можат да го направат близнакот непостојана личност. Колку почесто го менува расположението, толку потешко ќе му биде да ги заврши започнатите проекти на кои работи. Нешто друго ќе му го „улови“ вниманието и притоа може да се случи да постане недисциплиниран да почека да ја заврши првин започната работа, пред да започне нова. Ваквото преминување од едно на друго нешто, може да постане составен дел од карактерот на близнаците, кој негативно ќе се одрази и на љубовните врски, доколку тие не одвојат доволно време да поработат на решавање на овој проблем. Близнаците имаат тенденција и да се испробуваат себеси во сосема различни видови професии, бидејќи нив им создава возбуда идејата да се тестираат колку ги бива за некоја работа и доколку успешно го положат тестот, нивните батерии ќе бидат повторно полни за следната авантура.
- Чувствување страв од губење на слободата
Најверојатно најзабележителната карактеристика која ја имаат близнаците, е нивната потреба да се чувствуваат слободно. Истовремено, оваа потреба е и нивниот најголем страв. Тој страв може да предизвика тие понекогаш да се однесуваат неконтролирано. Близнакот не сака да се води според никакви планови во животот, ниту да ги почитува општествените норми, туку сака да изгради свои. Оваа внатрешна потреба на близнаците да имаат избор во секоја животна ситуација и да се чувствуваат слободно да се премислат во секој момент, се составен дел од нивниот карактер. Навистина е тешко да натерате некој близнак да направи нешто насила, бидејќи тој не сака да затвора очи пред повеќето различни опции кои стојат пред него.Близнаците секогаш имаат некоја порака која сакаат да ја споделат со вас, но за да ги разберете, морате да научите да слушате што тие зборуваат, и уште повеќе, да научите да го слушате она што не го кажуваат.
Енергични и брзи луѓе
Близнаците се брзи во речиси сè што прават. Тие имаат многу малку трпение. Доколку се решите да почекате некој близнак да си ја „олади главата“ додека вие се обидувате да завршите некоја битна задача, најверојатно ќе останете со подзината уста кога ќе видите дека тој си заминува една секунда откако сте го изговориле зборот „почекај“. На близнаците секоја секунда во животот им е драгоцена, па тие немаат време да чекаат нешто да се случи, туку мораат да делуваат навремено.
Но, токму таа нивна брзина на извршување на работите ги прави близнаците површни и нерешителни во очите на другите луѓе. Наместо да се трудат да бидат што е можно побрзи и поефикасни, близнаците треба да поработат на квалитетот со кој ги завршуваат работите. Како совет би им ја кажале поговорката: „Два пати мери, еднаш сечи.“
За да можете да „одите во чекор“ со близнак, ќе ви треба навистина многу енергија, бидејќи најверојатно додека стоите во банка чекајќи долга редица за да платите сметка, на него ќе му текне дека сака да присуствува на отворањето на некоја уметничка галерија. Или ќе морате да се прилагодите на брзиот начин на живот кој го живеат близнаците, или тргнете се настрана од „трката“ и дозволете му на некој друг да ја заземе вашата позиција.
- Близнаците најмногу си одговараат со: овен, лав, вага, водолија.
- Идеални професии за близнаци: актер, адвокат, новинар, политичар, пиар, професор, писател, организатор на настани, специјалист за развој на производи, вработен во департман за продажба и др.
- Животно мото на близнаците: „Играта може да започне.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Се` е точно од прв до последен збор! Јас сум близнаци и потврдувам =)
Честопати во астролошките профили за знакот близнаци, пишува дека тие имаат ледено срце, кога станува збор за нивните емоции. Близнаците дефинитивно се луѓе кои имаат чувства, па затоа не дозволувајте никој да ве убедува во спротивното. – ТОЧНО ДО ЗБОР!!! Со душа го чекав профилот и чекањето вредеше!
najtochno,do zbor me opishavte:))
додека ја читав вистинава, мислев каде треба да бидам сега на друго место 😀
најточен опис на Близнаците што сум го прочитала до сега
Браво за статијата! Супер!
dobro sea i podnzakot si ima vlijanie ali u glavnom se e pogodeno 😀
JBG ………taj sammmmmmmmm od A do SH 🙂 bravoooooo za vasssssssssss!!!!!!!!!!!!!!!
So sigurnost, najsofisticirano neshto koe sum go prochital za sebe 🙂
NEMI SE VERUVA….NAVISTINA DOSEGA NAJTOCEN HOROSKOP….BRAVO !!!
Navistina se e pogodeno ama bas se…edvaj cekav da iskoci astroloski profil za bliznaci….SUPER E ! fala mn 🙂
долго време немавте објавено астролошки профил за близнаци ,но се исплати чекањето и ова е еден од најточните хороскопи за близнаци . а до ш се е точно 🙂
i dodeka go citav profilot za bliznacite, na um imav isav raboti:deka imam rucek vo rernata, deka sakam da se odmoram, deka treba d pijam kafe i se smeskav dodeka citav zosto toj sto go rabotel ovaj profil navlegol vo sustinata na eden bliznak.Toa e bliznakot:sostav od dve raboti (i povekje) jng i jang,no nikako ledeno srce zasto blzinacite se filantropi koi nesebicno pomagaat a pritoa ne go “unovcuvaat ” toa…zatoa i bliznacite se podlozni na depresija, kako i da e so EDEN BLIZNAK VO BLIZINA NIKOGAS NEMA DA VI BIDE DOSADNO (INTELEKT,LJUBOPITNOST,UMETNOST I USTE MN MN NESTA) :)))***
nemam komentar sekoja cest 😀
не нагласивте дека БЛИЗНАЦИТЕ се страсни и понекад можат да бидат и пострасни и од РИБИТЕ 😉
и близнаците се нежни и дарежливи личности..
али пола ова не се однесува за мене ..иако сум близнак
SE E TOCNO,NEMAM ZBOROVI,A ZA TOA DEKA MENUVAAT PROFESII,TOA E ZATOA STO TIE PRED VREME KE DOZNAAT ZA KRAJNIOT ISHOD OD RABOTATA,AKO NE VREDI TOA STO GO RABOTAT TIE NIKOGAS NEMA DA IZIGRAVAAT ROBOVI!
tocno seeeee
Точно, точно, точно!! Од прв до последен збор се е точно! 🙂
nemam zborovi se e tocno od prv do posleden zbor.
TOCHNOOOOOOOO ! 🙂
Precizno i tocno pa uste lavot vo podznak – sega posle pedesettata
tocno od zbor do zbor….se prepoznavam vo recenicite
lleeeeelleleee…..ovie osobini me opisuvaat mene:) se gordeam sto sum si bliznak…fala ti majko prirodo…..
jas sum bliznaci i se sto procitav e vistina 100% BRAVOOOOOOOOO
dosega nemam procitano tolku tocen opis za Bliznacite. ednostavno ke kazam deka: koga nekoj bliznak bi mozel da se rodi povtorno- bi sakal da se rodi kakO PTICA!!!! ( SAMO PORADI CUVSTVOTO NA SLOBODA KOJA TIE JA IMAAT).
nalet od vas bliznacite…imav cuvstvo deka od 8 casot posabajle do 16h imam edna osoba a posle toa druga…stvarno umeshnost e covek da bide so lugje rodeni vo toj znak…ja bi rekol imav dve devojki vo isto vreme..hahah vo sekoj slucaj interesni licnosti ….no i lugje vo koj nemozes da imas premnogu doverba pred se dvolicni licemerni i lugj ekoj ve gledaat vo oci i uporno ve lazat…no zatoa sme tuka nie rakovite koj premnogu dobro se spravuvame so vas na sekoe pole..
Tocno e ama bash se …. ama pak soveton “”””Како совет би им ја кажале поговорката: „Два пати мери, еднаш сечи.“”:”””
bash i ne mi se sviga mn mn
Чувствување страв од губење на слободата……. не посакувам ниеден близнак да го доживее ова … лично искуство
stvarno umeshnost e covek da bide so lugje rodeni vo toj znak… tocno taka 😀
A kje moze da napravite statija samo za ZENSKI bliznaci?!
Najtocen opis na licnosta na bliznacite dosega – bliznacite se licnosti so najspecificni karakterni osobini koi retko koj od drugite zodijacki znaci mozat da gi poseduvat!!! Se pronaogam recisi vo sekoj opis na karakterot – dobri i losi! Bravo za astrologot!
Ednas nesto olku tocno da procitam od ko citam horoskop ne mi e jasni samo kako znaevte da pogodite bas se do tocka !!! 🙂 TAKOV SUM JE*IGA kako so pisit !!!!
Ve molam da napravite statija posebno za ” zenskite bliznaci” i ve molam da ne opisete fizicki i vnatreshno !!!
A kje moze da napravite statija samo za ZENSKI bliznaci?! VE MOLAM ZA ODGOVOR?!?!!?!??!!?
auuu emi ti ko da ne si bliznak :))) ne bidi tolku uporna ni ja odzemas slobodata :))) eh mnogu malku napisale za toj vtoriot od nas. mnogu poveke se opisani samo dobrite strani :))) a i zaboravile da napisat deka ne sme zlopamtila i deka ne se osvetuvame i deka lutinata ni pomina veke sledniot mig i deka sakame mnogu da patuvame i deka ne se pravime vazni koga privlekuvame vnimanie so nasata inteligencija :)) mozam uste tolku da napisam kolku sto ima tuka i pa da ne zavrsime :)) kisss do site bliznaci i ete emi samo za tebe i bliznacki iako e edno isto :))))
hahahhaa abe bliznakkk me iznasmeaa…pa 3meseci chekammmm statija za zenski bliNaci duri u germanija stignav i ne docekav stvarno ne e fer:((( a mi vetija deka ke napraat poshoposho.za site ima!!!! aj zapni i ti malce bidi.na.moja strana ubedi gi hahah.poZzzzzz
ahhh ja ako ne sum bliznak neznam koj.e. ama.ne.svakas poso si maskoooo…glej mi vetija deka ke napraat statija.za.zenski possho za site drugi ima,a ja stignav do germanija.i nisto od statijata..aajde ti mene ne.mi.mrchiii negooo bidi od.mojaa stranaaa i ubedi gi administratorive da ubrzaat so procesot haha pozzz
само кај близнаците кај нас можеш да видиш волку смајлиња
Tocno…. se e tocno.. bravo…
se e tocno ..bravo
Се, ама баш се ме опишавте мене и моите карактеристики. Близнак