Астролошки приказни: 9 причини зошто Рибите секогаш се чувствуваат несфатено

Астролошки приказни: 9 причини зошто Рибите секогаш се чувствуваат несфатено

Доколку не сте родени во овој знак, тогаш сигурно би признале дека најчесто немате идеја што се случува во нивните глави и понекогаш едноставно не можете да го следите нивното однесување. Од друга страна пак, ако сте Риби, тогаш големи се шансите дека поголемиот дел од времето се чувствувате несфатено или погрешно сфатено. Погледнете ги следниве 9 причини зошто се случува тоа.

Астролошки приказни: 9 причини зошто Рибите секогаш се чувствуваат несфатено

1. Рибите се последниот знак од Зодијакот кој поседува измешани особини од останатите 11. Тие постојано размислуваат за емоциите на другите, а тоа е нешто што никој не може да го разбере. Понекогаш и самите себеси се бунат.

2. Постојано истражуваат нови нешта, а нивната среќа нема крај доколку постои некој со кој можат тоа да го поделат. Во љубовта најдобро се согласуваат со оние личности кои се подеднакво „луди“ како и нив. Но, ако се почувствуваат како да се во стапица, тогаш веднаш ќе избегаат.

3. Нивната изразена емпатија е тоа што ќе ве натера прво на нив да им се јавите кога ќе ви биде тешко. Многу често своите емоции ги ставаат на второ место со цел да им помогнат на другите.

4. Тие често мечтаат и понекогаш многу тешко ја разделуваат реалноста од фантазијата. Токму затоа и им се појавуваат многу проблеми во текот на животот.

5. Лесно го менуваат своето расположение. На пример, ако сте лути во близина на Риби, тогаш вашата негативна енергија брзо ќе премине и врз нив. Затоа и тие се пребирливи кога станува збор за луѓето во нивното секојдневно опкружување.

6. На крајот од тешкиот ден, Рибите често знаат да бидат негативни. Луѓето умеат да ја извлечат енергијата од нив до тој степен што „батериите“ им остануваат празни. Но, не грижете се, во тие моменти тие обично се повлекуваат во себе за брзо да си ја вратат енергијата.

7. Го гледаат само најдоброто во луѓето. Затоа и се дружат со сите. Фразата „невин додека не се покаже спротивното“ е сигурно измислена од личност која била Риби во хороскоп.

8. Можно е да треба да помине многу време додека да ви дозволат да им се приближите. Но, кога тоа конечно ќе се случи, вие засекогаш ќе бидете покрај нив.

9. Премногу се чувствителни. На сè!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар