Астролошки предвидувања: Кои ќе бидат најважните датуми во септември?

Астролошки предвидувања: Кои ќе бидат најважните датуми во септември?

Астролозите имаат добри вести за вас! Во септември нè очекуваат дури 8 датуми кога положбата на планетите ќе биде поволна за реализирање на голем дел од нашите планови. Во продолжение прочитајте за кои датуми станува збор.

Астролошки предвидувања: Кои ќе бидат најважните датуми во септември?

3 септември – Меркур во опозиција со Јупитер

Овој ден ќе биде знак на хармонија и позитивна енергија, поволен за патување, комуникација, трговија, работа. Освен тоа, на овој ден можете да откриете нова цел во животот.

5 септември – транзит на Венера во Девица

Венера ќе транзитира во Девица во периодот од 5 до 28 септември, а астролозите ве советуваат да бидете максимално активни и да му се посветите како на физичкото така и на менталното здравје.

9 септември – денот на огледалата

Бројот 9 ќе биде предвесник на големи промени во сите области од животот. Животот ќе се промени првенствено за оние кои навистина го сакаат тоа. Овој ден ќе ви помогне да најдете начин да ги постигнете вашите цели. Обидете се да бидете проактивни и да не ги префрлате вашите обврски и должности на другите. Освен тоа, ова ќе биде одличен ден да ги решите конфликтите и недоразбирањата со пријателите и роднините.

16 септември – Сонце во опозиција на Нептун

Нептун и Сонцето ќе формираат моќен тандем кој ќе ви помогне да ја искористите интуицијата за да донесете важни одлуки. Денот ќе биде исполнет со силна, креативна енергија, па сите кои се занимаваат со креативна работа треба максимално да го искористат.

18 септември – Меркур во опозиција на Јупитер

Овој ден ќе биде поволен за промена на средината, за разни финансиски активности, за работа, забава и романтика.

23 септември – денот на есенската рамноденица

На овој ден енергијата на Сонцето и Месечината ќе бидат во рамнотежа. Ќе биде продуктивен и мирен ден кога ќе можете непречено да им се посветите на вашите обврски.

24 септември – Венера во опозиција со Нептун

Ова е ден на голема моќ бидејќи Венера носи голема физичка сила и енергија. Многумина ќе успеат да ги надминат своите стравови и слабости.

29 септември – Венера преминува во Вага

До 22 октомври Венера ќе биде под влијание на знакот Вага. Станува збор за поволен период кога ќе бидете попозитивни, психички и физички посилни. Ова ќе биде време кога е важно да се движите напред и да не се плашите од тешкотиите и предизвиците на патот.

Откако прочитавте за најважните датуми во септември, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ги очекуваат предизвици до крајот на 2022 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар