Астролошка прогноза за оваа недела: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Астролошка прогноза за оваа недела: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Не пропуштајте го хороскопот од 31 ноември до 6 октомври!

Астролошка прогноза за оваа недела: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Првата половина од неделата ќе биде неповолно време за учење и патување. Од друга страна, ќе се зголемува вашата потреба за силни емоционални манифестации и затоа е потребно да ги контролирате негативните емоции. Втората половина од неделата може да биде поврзана со зголемени несогласувања во партнерските односи. Во брачните односи однесувајте се нежно и љубезно кон партнерот и обидете се да ги избегнете расправиите.

Бик

Во првата половина од неделата значително ќе се подобрат вашите брачни односи. Тоа не значи дека сите проблеми ќе се решат и ќе се отстранат. Сепак, ќе ја видите подготвеноста на вашиот партнер да преземе одговорност за решавањето на конкретни прашања. Обидете се да ги подобрите и односите со пријателите. Во втората половина од неделата треба да посветите повеќе внимание на здравјето.

Близнаци

Во текот на првата половина од неделата ќе имате можност да го подобрите здравјето. За таа цел, астролозите ви препорачуваат активно вежбање. Меѓу другото, ова ќе биде добро време да се ослободите од лошите навики и да ја промените вашата дневна рутина. Ако сте заљубени, избегнувајте изливи на љубомора. Обидете се да најдете заеднички јазик со партнерот.

Рак

Ѕвездите ве советуваат да ги избегнувате стресните ситуации, особено во првата половина од неделата. Не преморувајте се на работа доколку вашата активност е поврзана со ментална работа. Од друга страна, ова ќе биде одлично време за романтични врски и брак. Така, некои од вас ќе сакаат да ја официјализираат својата врска. Меѓу другото, астролозите ви препорачуваат да поминувате повеќе време на забави, да присуствувате на свечени настани и концерти.

Лав

Во првата половина од неделата ќе имате можности за воспоставување совршен ред во семејството и домот. Сепак, бидете внимателни бидејќи ве очекуваат тензии во љубовта доколку не комуницирате отворено со партнерот особено за прашањата кои ве мачат во последно време.

Девица

Оваа недела ќе имате можност да патувате и да стекнете романтични познанства во првата половина од неделата. Ве очекуваат и многу други пријатни искуства поврзани со комуникација со луѓе и размена на информации. Во втората половина од неделата можеби ќе имате потреба од дополнителни финансиски средства. Затоа, овие денови не треба да купувате скапи подароци и предмети кои не ви се потребни.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар