Астролошка прогноза: Ова се 3-те најсреќни хороскопски знаци во ноември!
Астролозите истакнуваат дека ноември е особено поволен месец и дека ќе наидете на многубројни можности за да го постигнете она што го сакате. Важно е да ги отстраните оние работи што ве блокираат за да создадете простор за нешто ново. До почетокот на втората половина на месецот влијанието на Меркур ќе биде силно, а на Венера послабо. На 16-ти и 17-ти ноември овие планети ќе ги заменат улогите. Што се однесува до енергијата на Марс, таа ќе биде неповолна во текот на целиот ноември како резултат на фактот дека на 30 октомври Марс ќе го започне своето ретроградно движење.
Бик
Бикот и Марс се далеку еден од друг. Тие едвај комуницираат, па така претставниците на овој знак ќе бидат многу среќни, особено додека Венера не почне да транзитира во Стрелец на 16 ноември. На овие луѓе ќе им биде полесно да донесат важни одлуки и нема да бидат измачувани од негативни мисли. Така, тие ќе можат да си го подобрат расположението, да добијат мотивација, но во исто време да станат посмирени и промислени. Марс нема да им донесе толку конфузија како на другите знаци. Меѓу другото, Бикот ги има сите шанси да го преземе водството во бизнисот бидејќи има неверојатни лидерски способности.
Рак
Раковите ќе бидат најсреќните луѓе во ноември бидејќи Марс нема да има никакво влијание врз нив. Ќе бидат исклучително привлечни и многу мирни. Ова е нивно време – тие ќе бидат во центарот на вниманието и ќе блескаат. Освен тоа, ќе ја изгубат желбата за себичност и ќе станат помалку раздразливи. Нивната тврдоглавост нема да биде толку штетна, па така тие слободно ќе се движат напред и ќе се трудат да постигнат успех во љубовта, бизнисот и парите.
Риби
Рибите ќе имаат многу среќа во текот на ноември, но во првата половина од месецот постои можност да се соочат со мали порази. Сепак, за да останат на врвот, тие треба да продолжат да чекорат по патот што го избрале. Во овој случај, тој пат ќе биде извор на силна енергија, мотивација и сила. Овој месец, астролозите на претставниците на овој знак не им препорачуваат драстично менување на приоритетите и плановите. Освен тоа, пожелно е стекнувањето нови знаења. Така, им се препорачува да учат јазици, да разменуваат искуства, да се стекнуваат со нови знаења и да ги применуваат во пракса.
Откако прочитавте кои се најсреќните знаци во ноември, можеби ќе сакате да прочитате и какви промени го очекуваат секој хороскопски знак до крајот на 2022 година.
Извор: sensa.mondo.rs