Астролошка прогноза: Кои ќе бидат најсреќните денови во октомври?

Астролошка прогноза: Кои ќе бидат најсреќните денови во октомври?

Октомври е месецот кога, според астролозите, нè очекуваат одредени планетарни настани кои ќе влијаат врз нашата судбина. Некои од нив ќе ни донесат среќа и напредок, а други ќе нè тестираат. Во продолжение прочитајте кои ќе бидат најсреќните денови во октомври.

Астролошка прогноза: Кои ќе бидат најсреќните денови во октомври?

2 октомври – завршува ретроградното движење на Меркур

Конечно, на сите тешкотии предизвикани од долгиот период на ретроградното движење на Меркур ќе им дојде крај. Од 2 октомври неговото влијание ќе почне да се намалува и комуникацијата со другите значително ќе се подобри. Освен тоа, ова е најдобриот ден во месецот за да си ги поставите идните цели и да ги направите првите чекори за нивната реализација.

8 октомври – крај на ретроградното движење на Плутон

Од овој ден ќе имате можности да откриете што е тоа што треба да го направите за да го постигнете она кон кое се стремите. Со други зборови, ќе сфатите што е тоа што ве спречува да растете и напредувате. Кога ќе се соочите со вашите стравови и комплекси и ќе одлучите да се промените, ќе сфатите дека поседувате многу повеќе моќ за оваа трансформација отколку што самите мислевте.

17 октомври – Месечина во Рак

Ќе можете полесно да ги разберете сопствените мисли и чувства благодарение на шестото сетило, а ова можете да го искористите и за решавање на одредени конфликти. Така, вешто ќе се справувате со соговорникот и ќе знаете како да ги преставите своите ставови без страв од мислењата на другите. Астролозите препорачуваат дека ова ќе биде идеален ден за сите нови почетоци и одлучувачки чекори во сите области од животот.

21 октомври – Месечина во Девица во тригон со Уран во Бик

На овој ден ќе се чувствувате удобно во својата кожа и ќе можете да ја покажете својата вистинска природа. Така, ќе имате можност да го негувате различниот и автентичниот аспект на вашата природа и покрај мислењата на средината кои не секогаш се поклопуваат со вашите. На овој ден ќе блескате и со самодоверба, а тоа ќе придонесе да стекнете нови пријатели, партнери и истомисленици. Освен тоа, многумина ќе се обидат да направат нешто импулсивно и да ризикуваат. Нив ги очекуваат големи шанси за успех.

Откако прочитавте кои ќе бидат најсреќните денови во октомври, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат 3-те најсреќни хороскопски знаци во октомври.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар