Астролошка прогноза: Како ќе ни влијае транзитот на Венера во Скорпија сè до 15 ноември?

Астролошка прогноза: Како ќе ни влијае транзитот на Венера во Скорпија сè до 15 ноември?

Астролозите посочуваат дека Венера, планетата на љубовта и романтиката, го започна својот транзит во Скорпија на 23 октомври и таму ќе остане до 15 ноември. Дознајте како тоа ќе влијае врз вашиот хороскопски знак:

Астролошка прогноза: Како ќе ни влијае транзитот на Венера во Скорпија сè до 15 ноември?

Овен

Вие ќе бидете дел од најсреќните луѓе на крајот на октомври и во првата половина на ноември бидејќи Венера во Скорпија нема премногу да ви влијае. Најверојатно почесто ќе се случуваат спонтани промени во расположението, но тоа е максимумот што може да се случи. Важно е да продолжите да се движите кон вашиот сон сè додека имате енергија.

Бик

Од 23 октомври до 15 ноември ве очекува период полн со предизвици. Бидејќи Венера е една од вашите главни заштитници, нејзиниот транзит во Скорпија ќе ви донесе нови лекции. Освен тоа, ве очекуваат тешки моменти особено во поглед на носењето одлуки и решавањето на одредени проблеми.

Близнаци

За време на овој период ќе мора да им дадете приоритет на нештата што вистински ви значат. Ова ќе биде најважно бидејќи не треба залудно да си ги трошите времето и енергијата. Освен тоа, овој период ќе ви биде прилично чуден и непредвидлив. Внимавајте какви чекори преземате.

Рак

Негативното влијание на Венера врз вас ќе биде прилично забележливо. Астролозите веруваат дека планетата може да ви предизвика стравови и несигурност, што ќе има исклучително негативно влијание врз вашата продуктивност и обидите да го подобрите животот.

Лав

Ве очекува тешко време во љубовната сфера, особено во првите две недели од престојот на Венера во Скорпија. Многумина од вас ќе ја изгубат секоја желба и способност да постигнат компромис. Сепак, обидете се да избегнете расправии.

Девица

Во овој период ќе морате да се справите со силниот нагон за одложување на обврските. Сепак, не заборавајте дека сè ќе биде во ред сè додека се придржувате до распоредот и не отстапувате од секојдневната рутина. Исто така, важно е да не губите време на непотребни активности и да одвоите време за одмор.

Вага

Ќе се соочите со тешкотии во речиси сите области од животот бидејќи ќе бидете помалку мотивирани. Освен тоа, зголемениот замор ќе придонесе за застој на бизнисот. Астролозите ви препорачуваат да не го занемарите одморот.

Скорпија

Не треба да ги одложувате важните работи за подоцна. Можеби погрешно сметате дека сега не е најдобро време за решавање на проблемот, но не е така. Ако сега не решите многу проблеми, подоцна ќе биде уште потешко. За да си ја олесните работата, важно е да направите добар план.

Стрелец

Подобро е привремено да го одложите патувањата на долги релации бидејќи тие бараат многу енергија и издржливост. Освен тоа, астролозите ви препорачуваат да правите поедноставни работи и да не излегувате од зоната на удобност. Исто така, важно е да запаметите дека понекогаш судбината не е прашање на случајност, туку резултат на избор.

Јарец

Ќе имате одредени тешкотии како резултат на негативното влијание на Венера во Скорпија. Астролозите ве советуваат да внимаваат да не трошат премногу енергија на работа и да најдете време за одмор. Исто така, останете со луѓето кои ве сакаат и почитуваат..

Водолија

Астролозите ве советуваат да внимавате на токсичните луѓе околу вас. Комуникацијата со такви личности може сериозно да ви го расипе расположението и да доведе до силен пад на силата и мотивацијата. Обидете се да ги избегнувате секогаш кога ќе имате можност за тоа.

Риби

Венера во Скорпија негативно ќе се одрази врз вашата силната интуиција и доброто расположение. Освен тоа, астролозите ве советуваат да бидете трпеливи, бидејќи многу ваши пријатели и роднини ќе сметаат дека е нивна должност да ви дадат добар совет. Може да биде непријатно, но слушајте ги другите. Можеби ќе научите нешто ново и корисно.

Откако прочитавте за влијанието на Венера во Скорпија во следниот период, можеби ќе сакате да го прочитате и љубовниот хороскоп за ноември.

Извор: sensa.mondo.rs

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар