Астролошка прогноза до 24 април: Ни претстојат радикални промени!

Астролошка прогноза до 24 април: Ни претстојат радикални промени!

Меркур во конјункција со Уран ќе нè натера да ја разгледаме моменталната ситуација од друг агол, а Плутон во квадрат со Сонцето ќе нè присили на радикални промени. Од друга страна, врските кои ќе започнат во овој период ќе бидат возбудливи, но и доволно моќни да нè натераат да размислуваме за трансформација.

Астролошка прогноза до 24 април: Ни претстојат радикални промени!

 

Оваа недела нè очекуваат занимливи астролошки појави кои можат да донесат неочекувани промени. Меркур ќе биде во конјункција со Уран, Плутон во квадрат со Сонцето, а Венера во секстил со Уран.

Овој период може да биде особено вознемирувачки за некого, особено бидејќи на површина ќе излезат скриени тајни и информации кои досега не ги знаевме.

Но, како што Сонцето влегува во знакот Бик, оваа енергија полека се намалува што ќе придонесе да посакаме да се опуштиме или да се оддалечиме од сите, трагајќи по мир и рамнотежа.

Остатокот од неделата ќе сакаме да продолжиме со истото тоа темпо, без да преземаме некои конкретни акции. Како да сме се помириле дека не е време за дејствување, туку повеќе за одмор и добивање нови идеи.

Од друга страна, со Марс во знакот Риби, ќе ни треба повеќе сила за да можеме да се движиме напред, затоа во моментот најдобро би било да не си ги отежнуваме работите. Ако нешто не се одвива во посакуваната насока, подобро би било да го оставиме за поповолен период кој набргу ќе дојде.

Најважно е овој период да го сфатиме како време за одмор, за размислување и полнење на батериите. На тој начин ќе собереме доволно сили за периодот што ни претстои!

Откако ја прочитавте астролошката прогноза до 24 април, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за април.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар