Астрологијата ви открива: Бјути трикови на хороскопските знаци
Јарец – Густи веѓи
Вие обожавате густи веѓи, затоа што совршено се вклопуваат во вашите фацијалните експресии кои оддаваат впечаток на стабилна и карактерна личност. Затоа на вашите веѓи ќе им посветите многу внимание и ќе внимавате никогаш да не бидат премногу истанчени.
Водолија – Впечатлив изглед
Вие едноставно обожавате да бидете впечатливи и свои, па тоа ќе го одразите на вашиот целосен изглед. Никогаш нема да се вклопите во калап и ќе се придржувате само до она што вам најмногу ви одговара и ви е најудобно, а мора да признаеме дека во тоа сте најдобри.
Риби – Очи како огледало на душата
Вие сте длабоко емотивна личност, личност на која сè може да ѝ се прочита во погледот, па затоа вашите очи за вас се најголемо богатство. Затоа пак, за нивното шминкање и негата во пределот на очите посветувате најголемо внимание. Никогаш не претерувате со шминката, туку секогаш се одлучувате за варијанта која е потполно примерна за вас, а која на најдобар начин ги истакнува вашиот поглед и бојата на очите.