Астрологијата ви открива: Бјути трикови на хороскопските знаци! - Part 3

Астрологијата ви открива: Бјути трикови на хороскопските знаци

Вага – Маникир

За вас вашите нокти се светост, па на интернет постојано ќе барате нови идеи за нивно обликување и средување. Вие ќе ги следите сите трендови за маникир, но и редовно ќе закажувате третмани во козметички салон, бидејќи вашите нокти, просто и едноставно мора да изгледаат совршено.

7-astrologijata-vi-otkrivaa-bjuti-trikovi-na-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_

Скорпија – Преубави усни

За вас ништо не е посензуално од преубавите усни, па затоа како вистинска Скорпија, ќе посветите многу внимание на нивната нега. Вие ќе издвоите многу време за совршено да ги нашминкате, за тие да изгледаат така како што сте замислиле, додека лабелото или некоја друга крема за нега на усни е задолжителен продукт во вашата чанта, без разлика каде одите.

8-astrologijata-vi-otkrivaa-bjuti-trikovi-na-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_

Стрелец – Долги и впечатливи трепки

Со оглед на тоа дека се родени за да флертуваат, Стрелците многу добро знаат дека погледот е нешто на што паѓаат и најјаките, па затоа нивниот бјути трик се крие во истакнатите трепки и предизвикувачкиот поглед. Без разлика дали станува збор за природни или вештачки трепки, маскарата е вашиот најдобар пријател, а заводливиот поглед – вашиот главен атрибут.

9=astrologijata-vi-otkrivaa-bjuti-trikovi-na-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар