Астрологијата ви открива: Бјути трикови на хороскопските знаци
Астрологијата се вовлече во сите аспекти на нашиот живот, па затоа не е чудно што денес, преку основните карактеристики на секој хороскопски знак, може да откриеме многу работи за нас на полето на модата, негата и здравјето. Денес дознајте ги основните и омилени бјути трикови на хороскопските знаци, кои се во совршен склад со нивниот темперамент и карактер.
Овен – Контурирање на лицето
Вие сте изразито огнен знак, кому сè му се отсликува на лицето, па затоа контурирањето е еден од најдобрите начини да ги прекриете и неутрализирате сите „недостатоци“. Со мала помош од експерт, вие и самите ќе можете да постигнете неверојатни резултати и да си играте со шминката како што сакате. Затоа инвентирајте во неопходниот материјал – четки, течна пудра, хајлајтер, коректор, и без разлика колку години имате, помогнете ѝ на вашата кожа да заблеска во вистинскиот сјај.
Бик – Беспрекорна кожа
Кожата на вашето лице, но и на вашето тело, мора да биде мека на секој допир, исто како свила. Затоа е потребно да ја третирате со креми и лосиони за таа да биде беспрекорна. Секој третман започнува со пилинг, а завршува со длабока хидратација. Доколку сакате, можете да поработите и на вашиот тен, бидејќи вашата кожа мора да има беспрекорен сјај.
Близнаци – Младолик изглед
Без разлика колку години имате, вам младешкиот изглед ви е приоритет. Па затоа вие на 20, но и на 60 години ќе посветите подеднакво внимание на секоја брчка на вашата кожа и секогаш ќе ги истакнувате вашите атрибути.