Астрологијата ви открива зошто се плашите да се заљубите

Астрологијата ви открива зошто се плашите да се заљубите

Филофобија е термин што означува страв од вљубување. Не е лесно да ја најдете вистинската љубов, но уште потрагично би било да не си дадете можност да се вљубите. Нормално е да се повлечете пред љубовта доколку чувствувате страв дека некој ќе ви го скрши срцето. Ова е една од најчестите причини зошто луѓето бегаат од љубовта. Штом почнете да размислувате за своите стравови можеби ќе соберете сила да поработите на нив како и храброст за еден ден да се заљубите во некого.

Астрологијата ви открива зошто се плашите да се заљубите

Во продолжение прочитајте ги советите на астролозите за тоа како да се справите со вашите љубовни стравови според вашиот хороскопски знак.

Овен

Личностите родени во овој знак се навистина страсни по природа. Кога се поврзуваат со некого, ја вложуваат сета страст и затоа нивниот најголем страв е да не им биде возвратена страста со истиот интензитет од страна на партнерот. Тие тешко се приврзуваат за некого, но кога ќе одлучат да го направат тоа речиси е невозможно да бидат одвратени од нивната замисла. Никогаш не сакаат да бидат тие кои ќе ја раскинат врската и тоа е причината поради која се плашат да се заљубат.

Бик

Кога ќе се заљубат, Биковите максимално се фокусираат на партнерот за кого сметаат дека е вистинската личност. Сепак, тие се многу независни и се насочени кон напредок во кариерата, па сакаат нештата да бидат подредени на систематски начин. Помислата дека се потпираат на некого само поради чувства, ги ужаснува. Нивниот најголем страв од вљубување е тоа што мислат дека љубовта ќе им го промени начинот на живеење, нивните навики, како и нив самите. Ова не е нешто за кое тие се сосема подготвени.

Близнаци

Луѓето кои му припаѓаат на овој знак го минат целиот свој живот обидувајќи се да сфатат како полесно да се вклопат во средината каде живеат. Нивниот ум постојано е исполнет со мисли. Тие се непредвидливи по природа и затоа се плашат да се заљубат бидејќи постојано размислуваат дали партнерот ќе им одговара или не. Покрај тоа, тие се прилично нерешителни и не знаат како да постапуваат кога се во близина на партнерот.

Рак

Ова е убедливо најромантичниот хороскопски знак. Раковите како да се скроени за долги врски. Тие се посветени, внимателни, имагинативни, лојални, пријателски настроени; ако стапите во брак со Рак, единствените кавги што ќе ги имате ќе бидат од типот што сакате да вечерате и најверојатно на крајот тие ќе се согласат со вас. Од друга страна, тие се многу несигурни во себе и се плашат дека партнерот не е доволно среќен покрај нив. Нивниот најголем страв при вљубување е партнерот да не им возврати подеднакво на нивните чувства.

Лав

Лавовите се доста горди на себе и ја ценат својата рационалност повеќе од сè друго. Имаат високо мислење за себе, па така имаат и високи очекувања од партнерот. Тие мислат дека партнерот можеби не е доволно добар за нив или дека нема да може да ги задоволи нивните емоционални потреби. Затоа се претпазливи кога станува збор за љубовта. Се плашат да се заљубат затоа што сметаат дека партнерот нема да ги цени доволно.

Девица

Најголемата сила на луѓето што му припаѓаат на овој знак е и нивната најголема слабост – способноста да го видат најдоброто во луѓето околу нив. Како резултат на тоа, тие се плашат да се заљубат поради стравот од можно предавство. Тие се перфекционисти по природа и им дозволуваат на луѓето да ги гледаат само совршените работи и сметаат дека ако му дозволат некому да влезе во нивниот живот тие ќе бидат ранливи. Се плашат дека партнерот нема да може да ги исполни нивните високи очекувања.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар