Астрологијата ви открива од кои момци треба да се држите настрана

Астрологијата ви открива од кои момци треба да се држите настрана

Секогаш сте слушале за момчето со кое би требало да бидете, но ретко кој разговара за момците кои треба да ги избегнувате. Може да биде навистина тешко да го пронајдете вистинскиот партнер со кој ќе сакате да го поминувате вашето време. Исто тешко е да откриете дали вашиот партнер е оној со којшто сакате да го поминете вашиот живот. Можеби астрологијата ќе ви помогне во ова. Погледнете кои партнери не се за вас во зависност од вашиот хороскопски знак.

koi-partneri-ne-se-za-vas-spored-vashiot-horoskopski-znak-kafepauza.mk

Овен

Ако мразите нешто повеќе од „мрзливите денови“, тоа се луѓето кои секој викенд го поминуваат така. Вие постојано сте во движење, а за вас викендите се да ги направите сите работи кои сте ги испуштиле во текот на неделата. Па ако вашиот партнер повеќе сака да останете дома наместо да излегувате, вашата врска може и нема да трае долго. Вам ви е потребен некој кој постојано е на исто ниво со вас и кој секогаш е подготвен за авантура.

Бик

Вие ги сакате сите романтични работи на кои другите ги превртуваат очите. Се разбира, истото го очекувате и од партнерот. Па кога ќе сфатите дека вашиот партнер си посветува повеќе внимание себеси отколку на вас, тогаш знаете дека нешто не е во ред. За вас не е проблем да бидете со партнер кој се грижи за својот изглед или кој сака да биде во центарот на вниманието. Вам ви пречи ако партнерот повеќе се грижи за себе отколку за вас.

Близнаци

Вие сакате да бидете главни и потребен ви е токму ваков партнер. Уживате во помислата дека вие и вашиот партнер владеете со градот, а кога сте излезени за викенд секогаш барате некој нов. И ова е најдобриот начин да го пронајдете идниот партнер. Вие не сакате личности кои не се социјални и кои се мистериозни. Вие не сакате да го молите партнерот за да излезете на една пијачка.

Рак

Кога размислувате за совршената врска, вие сакате нешто како од бајка. Без разлика колку долго сте со партнерот, вие веќе ја имате планирано вашата венчавка, па вам ви е потребен некој кој размислува на ист начин. Држете се настрана од момците кои не се грижат за вас, вашите чувства и за вашата врска од бајките. Ако сте биле во ваква ситуација, сигурно ви било тешко да заминете, па можеби дури сте ги занемарувале вашите потреби само за партнерот да биде среќен.

Лав

Познато е дека Лавовите сакаат да бидат центар на вниманието и постојано сакаат да добиваат комплименти и подароци. Вие знаете дека совршената врска за вас е кога ова се случува постојано. Треба да ви биде јасно дека ако сте со личност која не ве обожава, вашата врска нема да трае долго. Вам ви е потребно љубов и внимание, а ако партнерот не може да ви го овозможи тоа, тогаш тој не е за вас.

Девица

Девиците ги прават најдобрите одлуки кога станува збор за љубов и врски. Вие ретко правите грешки, но кога навистина ќе се вљубите може да ви биде тешко да мислите на нешто друго освен на партнерот. Знаете дека е потребно време за една врска, па јасно ви е дека ако сте со безнадежен романтичар, врската нема да заврши добро. Оваа врска не ви дава време да размислите и да ги донесете правилните одлуки. Вам ви е потребен некој кој е паметен и практичен како вас, а не некој кој само е вљубен во љубовта.

Вага

Вие знаете како да ги спречите расправите пред да станат непријатни. Па кога барате љубов, вие сакате некој со кого можете да разговарате. Но знаете дека врската нема да трае долго ако не можете да разговарате како шеф со вашиот партнер. Ова исто така значи дека нема да успеете со момче кое повеќе делува отколку што размислува. Вашиот партнер треба да знае дека понекогаш имате потреба да викате за да му покажете колку го сакате.

Скорпија

Можеби вие сте мистериозната девојка, но немојте да барате ваков партнер. На почетокот можеби ќе ви биде интересно, но кога работите ќе станат сериозни ќе почнете да се грижите дали тој е вистинскиот. Покрај тоа, кога и двајцата се мистериозни во врската, тоа резултира со многу лаги и тајни. Не ви е потребен стресот кој доаѓа со толкувањето на постапките на партнерот бидејќи големи се шансите никогаш да не откриете за што станува збор.

Стрелец

Стрелците се оптимисти, безгрижни, неверојатни и сакаат да бидат независни. Па, кога сте во врска вие сакате да бидете со некој кој ќе направи да се чувствувате безбедно и сакано, но кој нема да ви ја одземе слободата. Штом ќе почувствувате неудобност, вие веднаш си заминувате. Покрај тоа, вам ви е потребен партнер кој сака забава и авантури. Ако сакате да одите негде за викендот, тој веќе треба да ве чека во автомобилот. Вие немате време за премногу внимателни луѓе.

Јарец

За вас е подобро да го испланирате целиот живот наместо да се грижите за љубов, пари или кариера. Но, животот не функционира така. Па поради ова постојано преземате одговорност во секој аспект од вашиот живот, вклучувајќи ги и врските. Свесни сте дека ви е потребен некој кој се чувствува исто, па за вас не е партнерот кој не се грижи за неговата иднина. Секој кој може да биде опишан како бунтовник или со слободен дух, не е за вас. Вам ви е потребен партнер кој е сериозен за животот и иднината.

Водолија

Вие сте оптимисти, па сакате да се држите настрана од луѓето кои не размислуваат така. Вие знаете дека можете да добиете сè што сакате, па во љубовта барате некој кој ќе биде овде за вас. Вие сте и независна личност која ги гледа врските како начин да се поврзете со некого, без да станете зависни еден од друг. Значи, потребно е вашиот партнер да има свои цели во животот. Знаете дека за вас не е човекот кој не се грижи за својот живот, кој има лошо донесување и кој не прави ништо иако ги има сите услови.

Риби

Без разлика дали им помагате на пријателите и на партнерот, вие секогаш се чувствувате убаво кога и другите се среќни. Секогаш сте овде за луѓето кои ги сакате, па дури и ако треба да ги занемарите вашите потреби. Па кога станува збор за љубовта, потребен ви е партнер кој ќе го цени овој труд. Единствените личности од кои треба да се држите подалеку се оние кои не ги интересира што правите во слободно време, сè додека се грижите за нив. Можеби ќе сметате дека тој е проект и дека ќе можете да го „поправите“, но тој само сака да ве искористи. Ова ќе направи да се чувствувате лошо и безвредно.

Дознајте и кој е вашиот идеален партнер за љубов, дружба и работа според хороскопскиот знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар