Астрологијата ви открива дали сте оптимист или песимист

Астрологијата ви открива дали сте оптимист или песимист

Овенот сам се извлекува од непријатните ситуации, бикот верува во својата силна волја и своите способности, додека на лавот ретко кој може да му го загрози оптимизмот. Прочитајте во која група луѓе спаѓате вие според вашиот хороскопски знак.

Астрологијата ви открива дали сте оптимист или песимист

Овен

Вие сами го одите патот низ сите непријатни ситуации кои ќе ви ги донесе животот, а при тоа воопшто не се вознемирувате што можете да бидете поразени или фрлени на колена. Таков е животот, си кажувате себеси и продолжувате понатаму. Во оние моменти кога оптимизмот ви е разнишан вам може да ви помогне броењето до десет, бидејќи тоа ќе ве натера да застанете и да го чуете вашиот внатрешен глас. Тој секогаш ќе ви кажува дека вие сте вредни за почит и дека никој нема да успее да ве фрли на колена. Вашето мото е „Утре е нов ден“.

Бик

Оптимизмот кај вас се базира на силата на вашата волја и вербата во сопствените способности, таленти и знаење. Поседувате моќ да го заслепите спротивниот пол, поради што вашата самодоверба е на високо ниво. Вашата посесивна природа, може да ви биде камен на кој постојано ќе се сопнувате во љубовните, семејните, пријателските, па дури и во професионалните односи. Доколку вас ви се причини дека некој сака да одземе нешто ваше, почнувате да се сомневате во себе. Во ваквите моменти, утехата за вашата душа можете да ја пронајдете во прошетка низ природа, покрај некоја река или во некој креативен амбиент.

Близнаци

Сè додека околу вас можете да видите голем број можности да се бавите со работата која ја сакате или пак да бидете во врска со некој што ви се допаѓа, немате причина за песимизам. Вашиот оптимизам се базира на големата желба за промени, бидејќи вас досадата ве уништува, а самотијата во ниту еден случај не ви одговара. Вие сте интелигентни и снаодливи, прилагодливи сте на секоја ситуација, а сте и духовити, па успевате во секоја ситуација да ја пронајдете светлата страна. Вашиот оптимизам извира од вашата љубопитна природа, постојаната потрага по нови идеи и потребата за дружење со останатите луѓе.

Рак

Сите мислат дека сте премногу грижливи, а во суштина вие длабоко во себе сѐ преживувате, па е речиси неизбежно да се секирате за вистинските или замислените навреди или закани. Ова можете да го надминете доколку успеете да воспоставите малку поинаков однос према своето опкружување. Престанете да се грижите што мислат другите луѓе. Иако вас вие е важно луѓето кои ги сакате и кои ви се драги, да имаат добро мислење за вас, сепак најважно е да бидете искрени спрема себе. Не мора сите да ги прифатат вашите гледишта кон животот.

Лав

Ретко кој може да го загрози вашиот оптимизам, бидејќи уживате во животот сфаќајќи дека се состои од позитивни и негативни искуства. Освен тоа, многу се почитувате себеси. Сепак, и вие имате свои слаби точки, а тоа најчесто се љубовта и децата. Меѓутоа успевате дури и од лошите ситуации да го извлечете најдоброто. Кога ќе почувствувате дека ве опфаќа песимизам, сетете се дека целиот свет е една голема сцена, а судбината токму вас ви ја додела главната улога. Појдете на шопинг или на кафе со вашите пријатели и пак ќе се претворите во оној горд и снажен лав.

Девица

Поради вашиот вроден перфекционизам и критицизам, честопати имате тешкотија да гледате ведро на светот околу себе. Чашата почесто ќе ја гледате како полупразна отколку како полуполна, бидејќи не можете да одите против својата природа секогаш да барате влакно во јајцето. И самите сте понекогаш уморни од густите облаци од кои не успевате да го видите сонцето. Сепак кога еднаш ќе се потрудите да ја пронајдете ведрата страна на светот околу себе, ќе сфатите колку подобро се чувствувате и психички и физички. Тогаш до израз доаѓа вашата одлична смислам за хумор, со која ги освојувате сите околу вас.

Вага

Вашето расположение честопати оди од една во друга крајност, од сјаен оптимизам кон депресивно размислување. За среќа, вашите мрачни периоди се секогаш покуси од ведрите, иако понекогаш можат да ве извадат од колосек кавгите и раскинувањата на љубовните врски. Доколку сте нерасположени, обидете се барем да одложите некои обврски кои можат да ви го расипат расположението, а растот на вашето добро расположение искористете го за работа и сето она што од вас бара истрајност. Не барајте утеха во слатките во фрижидерот, туку потсетете се на сѐ што сте постигнале досега, „испразнете“ се во салата за вежбање или отидете на прошетка со некој кој го сакате.

Скорпија

Горките и непријатни ситуации во животот, едноставно не умеете да ги погледнете од поинаква перспектива, од онаа реалната. Но, затоа поседувате доволно енергија и одлучност самите да се извлечете од песимистичкото расположение, кога ќе решите да го сторите тоа. Кога ќе почувствувате дека ве обзема „црнило“, фокусирајте се на позитивните работи во животот. За почеток, бидете благодарни за сѐ што имате во животот, а потоа размислете и која е вашата смисла: љубовта, сексот, пријателите и работата којашто ве исполнува, бидејќи оној кој страсно сака нешто и ја пронаоѓа својата инспирација во емотивниот или професионалниот живот, не може да биде песимист.

Стрелец

За вас може да се каже дека сте основачи на оптимистичкото размислување, бидејќи тоа е една од главните карактеристики на вашиот знак. Сепак, животните удари и кај вас можат да донесат налет на нерасположение и турбулентни моменти. Најсигурен начин одново да ја стекнете вашата самодоверба и да го повратите оптимизмот, е да се спротивставите на она коешто не ви се допаѓа, кое ве обесхрабрува и лути, како што се слабостите на луѓето, незнаењето, предрасудите и неправдите. Битно е да запомните дека ништо нема да може толку да ве онерасположи, доколку самите си обезбедите услови да ви биде добро.

Јарец

Доколку сакате да уживате во животот, морате да се фокусирате на неговата светла страна, а тоа и самите го имате сфатено. Поради тоа, многу претставници на вашиот знак од намрштени деца, во зрелите години постанале задоволни личности, со многу помлад дух од нивните врсници. Иако вашиот вроден реализам никогаш нема да ве напушти, вие умеете да бидете и најголеми оптимисти, со нозе кои цврсто газат на земјата и ведар дух кој ве вивнува во височините. Луѓето честопати бараат од вас совет, па себеси се доживувате како најголеми оптимисти, кои се обидуваат да ги развеселат и утешат другите.

Водолија

Вие навистина умеете да уживате во животот и постојано ја пронаоѓате убавината и надежта. Вие сте енергични, љубопитни, имагинативни и оптимистични, па помеѓу песимистите ретко може да се најде некој роден во вашиот знак. Иако и вас не ве заобиколуваат разочарувањата и тешкотиите, сепак секогаш кај вас преовладува надежта и позитивниот став. Без оглед на јачината на ударот кој животот ви го задал, секогаш успевате да се застанете на нозе. Ве охрабрува и стимулира уметноста, природата, дружбата и домашните миленичиња. Затоа, кога е возможно, вашето уживање во животот треба да го споделувате со другите.

Риби

Вас многу лесно може некој да ве повреди, бидејќи сте многу чувствителни и склони на променливо расположение. Но, во моментите на најголема тага, секогаш правите план како да се извлечете од ситуацијата и да препливате до друг брег. Сè додека решението не го пронаоѓате во честото отворање на фрижидерот и навратување во кафеана, сè ќе биде во ред. Потрудете се да ги одбегнувате оние луѓе кои се обидуваат да ја злоупотребат вашата љубезност, добродушност, па и лековерност. Кога се чувствувате депресивно, излезот го пронаоѓате во страниците на класичната литература, во звуците на омилената музика или во присуството на саканиот партнер и искрениот пријател.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Lady Reply

    a realisti?

Остави коментар