Астрологијата открива со какви маки ќе се соочувате во првата половина од 2018-та година
Сите ние ќе се обидеме што побрзо да ја заборавиме годината зад нас. 2017-та не беше добра година бидејќи сите знаци од Зодијакот се бореа со сопствените проблеми и демони. Воздивнавме кога конечно дојде крајот, но мораме да бидеме внимателни. Годината која е пред нас е полна со предизвици, а во нејзината прва половина сите ќе се соочиме со проблеми и искушенија. Подобро да спречите отколку да лечите, па затоа погледнете што можете да очекувате во првата половина од оваа година.
Овен
Ќе имате средновековна криза и ќе ги преиспитувате своите избори во кариерата. Ќе поминете ноќи запрашувајќи се дали одите по правилниот пат или некаде сте свртеле во погрешна насока. Ќе се запрашате дали и понатаму барате пари и сигурност или дали да ги раширите крилјата и да ја следите својата страст, но и дали постои начин да го постигнете сето тоа одеднаш.
Бик
Ќе донесете одлука дали да останете во тоа што тешко може да се нарече врска или да го скршите маѓепсаниот круг во кој партнерот добро се однесува кон вас неколку недели, а потоа исчезнува во акција. Ќе морате да одлучите дали ќе го поставите на вашето место, ќе заминете без зборови или ќе дозволите и понатаму да ве третира како резервен план.
Близнаци
Ќе се заљубите во некој кој ви е близок. Знаевте дека тоа некогаш ќе се случи, бидејќи долго сте ги држеле чувствата под контрола. Кога ќе си ги подарите срцата еден на друг (со неколку болни работи во тој процес), ќе морате да одлучите дали таа личност вреди доволно за да ја одржите врската или е апсолутно токсична и не заслужува место во вашиот живот.
Рак
Ќе се борите со сопствениот одраз. Ќе има денови кога вашата сопствена несигурност ќе ве изеде. Денови кога ќе посакате да изгледате поразлично. Кога ќе посакате да бидете некој друг. Сепак, ќе ја достигнете точката во која ќе престанете да се третирате себеси како губитник, бидејќи тоа ќе влијае на вашата кариера и врска. Тогаш ќе морате да научите како да се однесувате кон себе. Ќе морате да го научите гласот во вашата глава да ве сака.
Лав
Ќе се борите со сопственото минато. Некој од претходните години повторно ќе ви влезе во животот, а вие нема да знаете како да се изборите со него. Нема да бидете сигурни дали да ја дочекате таа личност со раширени раце или да ги игнорирате нејзините обиди повторно да се поврзе со вас. Ќе ви биде потребно малку време за да сфатите кој е најдобриот потег, бидејќи веќе сте создале нов, добар живот без таа личност.
Девица
Ќе се борите со вашиот распоред. Ќе се обидувате да завршите сѐ. Ќе се обидете да ги задоволите сите. Но, сега кога сте постари, ќе сфатите дека тоа е невозможно. Ќе ви биде тешко да балансирате помеѓу кариерата, пријателството, семејството и љубовта во првата половина од 2018-та година. Ќе морате да жртвувате некои работи кои ги сакате, да разочарате некои луѓе кои ги сакате, за да го постигнете сето она што сте го зацртале.
Вага
Во првата половина од 2018-та година ќе се борите со финансиски проблеми. Ќе дадете сѐ од себе за да заштедите пари со цел да си го дозволите животот од соништата, но тоа ќе биде тешко кога ќе се појават ненадејни проблеми и ќе морате да потрошите стотина и стотина евра неочекувано. Ќе морате да прескокнете некое патување и многу вечери за да имате доволно пари на сметката за идните итни случаи.
Скорпија
Ќе се борите со вашето здравје. Постојано си велите дека ќе почнете да вежбате и да се храните поздраво, но тешко ви е да го остварите тоа. Се исцрпувате неколку недели, а потоа во следните неколку недели се опуштате со бедни изговори. Ќе ви бидат потребни неколку месеци за да пронајдете ритам што ќе ви одговара.
Стрелец
Ќе се борите со вашиот бес. Долго држите некои чувства во себе. Во првата половина од 2018-та година или ќе престане да одложувате и ќе се соочите со своите проблеми или ќе се препуштите на автодеструктивните навики како што се опивање, прекумерна работа, предолго спиење… Или ќе се обидете да го поправите она што е скршено, или да побегнете колку што е можно подалеку.
Јарец
Ќе се борите со вашите чувства. Горди сте на вашата независност, преживување, но некој ќе ве убеди да го спуштите вашиот штит. Ќе бидете заробени помеѓу желбата да го предадете срцето и желбата да побегнете што е можно подалеку за да се спасите. Нема да знаете што да направите, бидејќи никогаш не сте чувствувале нешто вакво кон некого.
Водолија
Ќе се борите со егзистенцијалните прашања. Ќе се прашувате дали вашиот живот има цел, дали сте ја исполниле или сте ја пропуштиле. Во текот на првата половина од 2018-та година ќе го оставите времето да минува без да правите нешто корисно. Ќе морате да пронајдете нешто што ќе ја пробуди страста во вас за да не се чувствувате изгубено.
Риби
Во текот на првата половина од 2018-та година, ќе се борите со самотија и ќе направите некои работи на кои нема да бидете горди кога тоа чувство ќе исчезне. Можеби ќе стапите во контакт со бившиот партнер. Можеби ќе се впуштите во врска со некој за кој уште од почетокот знаете дека е погрешен. Меѓутоа, на крајот сепак ќе сфатите дека е подобро да бидете сами отколку во лошо друштво. Тогаш ќе научите како да бидете сами.