Астрологијата открива што сѐ се подготвени хороскопските знаци да направат за својот партнер

Астрологијата открива што сѐ се подготвени хороскопските знаци да направат за својот партнер

Сте помислиле ли некогаш што е во состојба да направи секој хороскопски знак за својот партнер? Уште од дамнешни времиња луѓето сакале да знаат што им носи утрешниот ден и иднината. Старите народи го набљудувале светот околу себе, воочувале промени во природата и се обидувале да предвидат некои работи и да утврдат некои законитости. Покрај другото, астрологијата ни открива и што сѐ се подготвени хороскопските знаци да направат, кога станува збор за нивниот партнер…

Хороскопот открива што сѐ се подготвени хороскопските знаци да направат за својот партнер

Овен

За оние личности за кои се грижите, вие сте подготвени да направите сѐ, а не избирате ниту средства со кои тоа ќе го постигнете, а ниту пак ве интересира што мислат другите. Ако сте маж, вашите напори обично ви носат плод, затоа што сте упорни и духовити. Доколку сте жена, вие не се двоумите во средина на ноќта да отидете кај вашиот сакан и да му се фрлите во прегратки. Мажите родени во знакот Овен ќе ја следат својата партнерка во секој чекор и постојано ќе ја изненадуваат.

Бик

Не постои нешто што не би го направиле за вашиот партнер, затоа што вие никогаш не се откажувате. Букет цвеќе, чоколади, карти за омилената претстава во театар, романтични стихови и СМС пораки се само дел од работите со кои мажите родени во знакот Бик ќе се обидуваат да ја импресионираат својата партнерка. Доколку сте жена, вашата вродена женственост и заводничките способности се вашите главни особини со кои на саканата личност ќе ѝ покажете колку ви значи.

Близнаци

Откривате сѐ што може да има врска со личноста за која се грижите, па ѝ пишувате пораки, електронски пораки, а и ја поканувате на романтична прошетка или вечера. Вие се дружите и разговарате со нејзините роднини, пријатели и колеги, само за да дознаете уште некој податок кој би ви бил од корист во вашите обиди да ѝ дадете до знаење на таа личност дека ви значи многу.

Рак

Од вас извираат толку силни длабоки емоции, што на својот партнер ќе му ги отворите и своето срце и својот дом. Вашата вродена срамежливост го отстапува местото на вашата упорност и пожртвуваност кои ги криете под маската на повлечена и страшливо емотивна личност. Личноста за која се грижите може да смета на вас, затоа што каков било проблем и да има, вие сте секогаш на располагање и во добро и во зло.

Лав

Вашата великодушна природа ве прави вистински витез кога е во прашање личноста која ја сакате, па поради неа ќе го превртите светот наопаку, а на вас може да се потпира во кое било време од денот или ноќта. Доколку сте жена, вие сте подготвени за вашиот партнер да направите многу повеќе отколку што тој е во состојба да направи за вас. Вие ќе направите сѐ за да му помогнете и да го направите среќен.

Девица

Поради личноста која ја сакате, вие сте спремни да направите големи дела, затоа што сте личност која љубовта не ја докажува со зборови, туку со постапки. Затоа, ќе бидете попрактични отколку романтични, за на партнерот да му дадете до знаење дека не треба да се грижи за какви било проблеми. Покрај вас, тој никогаш нема да има чувство дека нешто ви должи, затоа што на сѐ што правите за него, вие не му придавате многу големо значење.

Хороскопот открива што сѐ се подготвени хороскопските знаци да направат за својот партнер

Вага

Вие сте подготвени во име на љубовта да ѝ кажете збогум на гордоста, затоа што не ви вреди достоинството ако покрај вас не е личноста која ја сакате. Вашата дипломатска природа ве спасува од понижување во очите на другите, затоа што умеете да го процените моментот во кој на саканата личност ќе ѝ покажете на што сте подготвени за да ја направите среќна. А сте подготвени и на солзи и на жртви, особено ако вие сте тие кои предизвикале недоразбирања.

Скорпија

Вие можете и умеете сѐ, а најмногу кога некого сакате со целото свое срце и душа, па тогаш не ви е ни важно дали партнерот ви возвраќа во иста мера, затоа што љубовта не треба да се мери. Таа или постои, или не постои, нема средина, па затоа вие не се обвинувате себеси ако треба да дадете сѐ од себе за саканата личност да биде задоволна, така што дури и вашата вродена потреба за доминирање ја ставате во втор план.

Стрелец

Иако на прв поглед не изгледате така, вие сте подготвени на многу одрекувања, доколку е потребно да му ја покажете својата љубов на партнерот. Кога личноста за која се грижите има проблеми, вие веднаш реагирате и барате различни можности за да ѝ помогнете, ја носите на ручек или на патување, со цел барем накратко да ѝ ги оттргнете грижите. Вие ништо не зборувате однапред, но секогаш наоѓате решение за нејзините проблеми.

Јарец

Многумина ве доживуваат како воздржана и скржава личност кога се во прашање емоциите, но тоа не е точно. Доколку некоја блиска личност за која се грижите се пожали на некои проблеми, вие ѝ стоите целосно на располагање со цел да ѝ ги олесните маките. Вие повеќе работите на тоа да ги решите нејзините проблеми, отколку што зборувате, а за возврат не очекувате благодарност, туку само ви е важно да не страда личноста која ја сакате.

Водолија

Вие сте поупорни и потврдоглави отколку што некој би можел тоа да го помисли, па за саканата личност сте подготвени и да отпатувате до крајот на светот. Доколку вие сте предизвикале проблеми во емотивната врска, нема да се откажете од борбата да го вратите вниманието од партнерот, сѐ додека не бидете целосно сигурни дека сте успеале. Иако имате суета, таа особина ја прикривате со фактот дека за вас најважна е среќата на личноста за која се грижите.

Риби

Вие сте мајстор за да направите конфузија од својот емотивен живот, но исто така сте способни и да ја вратите рамнотежата во разнишаниот однос со партнерот. Тајната е во тоа што вие ова го правите без да бидете наметливи, одоколу, упорно, без да се откажете, а во состојба сте и постојано да бидете до личноста која ја сакате. Во еден момент, кога сѐ ќе ви изгледа изгубено, вие ќе излезете како победник, затоа што сте пронашле излез од тунелот, а и на самите вам не ви е јасно како се случило тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар