Астрологијата открива: Што најмногу го опушта вашиот хороскопски знак кога сте под стрес?

Астрологијата открива: Што најмногу го опушта вашиот хороскопски знак кога сте под стрес?

Нервозни сте и нерасположени? Едноставно не можете да го најдете вистинскиот начин да се ослободите од стресот и малку да се опуштите? Погледнете што најмногу му одговара на вашиот знак и најдете го вистинскиот начин конечно да земете малку здив од секојдневните проблеми.

Астрологијата открива: Што најмногу го опушта вашиот хороскопски знак кога сте под стрес?

Овен

Вие сте полни со енергија која доколку не внимавате може да се сврти против вас. Во тој случај решението треба да го барате во физичката активност и спортовите.

Бик

Вие по природа сте хедонисти, склони кон уживање. Токму затоа и најмногу ве опушта седењето на вашата омилена фотелја, гледањето телевизија, вкусната храна и пијалаците.

Близнаци

Вие сте љубопитни по природа и сакате да стекнувате нови знаења, па токму затоа и најмногу може да ве опушти читањето добра книга која самите сте ја избрале.

Рак

Вие функционирате по емотивни принципи, па затоа гужвата може да ве направи нервозни. Најдобриот начин за опуштање го наоѓате во музиката.

Лав

Вие ги сакате материјалните нешта и уживате кога се украсувате себеси, па токму затоа и шопингот ви е најдобар вид опуштање.

Девица

Вие сте многу аналитични и програмирани, па затоа и најмногу ве опуштаат логичните игри, квизовите и посебно одбраните филмови.

Вага

Вие сте креативни, ве опушта модата, цртањето, правењето различни нешта кои можат да го декорираат просторот, како и разговорот со луѓето.

Скорпија

Вие сте мистични и затворени. Вам ве опушта вашиот свет, вашите мисли, повлекувањето во состојба на мирување, како и медитацијата.

Стрелец

Вие сте огромно дете, па затоа може да ве опушти сè што на тој начин би влијаело и врз децата, како на пример, патувања, шеги, игри…

Јарец

Вие својата стабилност ја барате во материјалниот свет, бидејќи парите едноставно многу ве опуштаат.

Водолија

Вие сте непредвидливи, а најмногу ве опушта модерната технологија, како и учењето за сите оние идни пронајдоци кои се на граници на можното и невозможното.

Риби

Вие мечтаете, склони сте кон идеализација и илузии, а ве опушта вашиот свет каде што можете да фантазирате, сонувате и да ги поставувате нештата онака како што вие сакате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар