Астрологијата открива колку е посветен на врската неговиот хороскопски знак

Астрологијата открива колку е посветен на врската неговиот хороскопски знак

Ако се прашувавте колку тој ќе се посвети на врската, астрологијата дава одговор на тоа прашање. Астрологијата открива колку е посветен на врската неговиот хороскопски знак

Овен

Овенот се вљубува брзо и со цело свое срце. Неговите чувства се длабоки, а врската со него динамична и многу страсна. Често ќе се расправате со него поради неговата непромисленост во љубовта, па треба да очекувате однос топло-ладно. Ако тоа потрае доволно долго, тој нема да се посвети на повторно градење на срушеното и ќе ве напушти.

Бик

Биковите се олицетворение на преданоста во една врска. Нема да се врзат со секоја девојка, но штом ја пронајдат вистинската и се случи тоа, се претвораат во партнер каков што секоја девојка посакува. Ќе ве чуваат како знаат и умеат и постојано ќе работат на врската за да успее. Важен дел од целата таа работа е и колку си одговарате в кревет.

Близнаци

Тие се доста предани и не сакаат да ја остават партнерката, но сакаат да ја тестираат љубомората кај неа за да ја видат нејзината посветеност. Сакаат да флертуваат со други, па ако им најдете некаква добра занимација покрај вас, тогаш сте го нашле вистинскиот начин да направите да се посветат целосно на вашата врска.

Рак

Припадниците на овој знак не сакаат сомничавост, несигурност и неизвесност во љубовта. Најдобро се снаоѓаат во долги врски и неретко знаат да се венчаат со првата љубов. Во бракот се многу верни, но можат да ја оттргнат партнерката од себе со својата љубомора и несигурност. Бидете посветени на врската со Ракот и тој ќе ви врати повеќекратно.

Лав

Лавовите полека се вљубуваат и внимателно влегуваат во нови врски, но кога ќе ја најдат вистинската жена тие ја покажуваат својата посветена и страсна страна. По природа се такви што работите брзо им стануваат здодевни, а кога ќе дојде до тоа нивната посветеност ќе ја снема.

Девица

Иако тие најмногу уживаат со играта на додворување и освојување, знаат како да се посветат на врската и да уживаат во неа. Не се склони кон изневерување. Ако му понудите можност за среќен брак со многу почитување, тој засекогаш ќе биде ваш.

Вага

Нивните долги врски се темелат на пријателство, па логично е што тие се одликуваат со голема посветеност кон партнерката. Тој ќе сака засекогаш да остане со вас ако го стимулирате неговиот социјален живот и ако сексуално одлично го задоволувате.

Скорпија

Полн е со еротска енергија и истовремено е еден од најпосветените партнери кои можете да ги замислите. Харизматичен е и привлечен, но и љубоморен. Тоа е пречка која го отежнува врзувањето. Ќе се скрасат со првата партнерка покрај која можат да се чувствуваат сигурно и на која целосно ѝ веруваат.

Стрелец

Тој долго се мисли дали да се врзе. Не се сигурни во ништо кога љубовта е во прашање и често се сомневаат во сопствените избори во љубовта. Ќе ги задржите покрај себе ако им бидете добар пријател и ако им дадете одредена слобода. Но и тогаш посветеноста не им е силна страна и се склони кон изневерувања кои добро знаат да ги сокријат.

Јарец

Тој очекува апсолутна верност. Јарците се доста традиционални и тешко се врзуваат, но кога ќе влезат во сериозна врска прават сè за таа да успее и да трае додека се живи. Евентуалната неверност ја доживуваат како тешко предавство и ќе ве избришат од срцето во истиот миг. Добриот секс и децата се состојките кои ќе ги држат до вас.

Водолија

На мажот роден во овој знак постојано му е потребен некаков предизвик. Не сака да остане со жена која не му е интересна и со која не може да се поврзе на интелектуално и духовно ниво. Нема да се посветат на врска во која треба многу да се приспособуваат на партнерката и да прават многу компромиси. Тие сакаат некоја покрај која никогаш нема да им биде здодевно.

Риби

Мажите родени во знакот на Риби се најверните и најпосветените во зодијакот. Тие би сакале целиот живот да го поминат само со една партнерка, само таа да им одговара. Во љубовта се упорни и романтични. Ќе излезат од врска само ако соберат толку многу фрустрации кои веќе не можат да ги држат во себе и сакаат да побегнат од нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар