Астрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените

Астрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените

Денот на вљубените полека се приближува, а романтиката и љубовните теми веќе започнуваат да ги преплавуваат социјалните мрежи, како и нашите мисли. А, има ли нешто поромантично од еден силен, несебичен, праведен суперхерој кој буквално ќе ве издигне во облаците? Во продолжение погледнете кој суперхерој од познатите стрипови може да биде вашиот потенцијален партнер за Денот на вљубените, според вашиот хороскопскиот знак.

1. Овен: Капетан Америка (Captain America)

Астрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените

Овните уживаат во материјалните задоволства на животот и сакаат да бидат сигурни дека тоа секогаш ќе биде така. Според астролошките прогнози, постојат можности за подобар финансиски план за Овенот, па на нив е да одлучат дали ќе ги искористат тие можности или не. Бидејќи претставуваат поларни спротивности, Капетан Америка со својата смиреност и љубезност е совршениот избор за Овните.

2. Бик: Зелениот фенер (The Green Lantern)

Астрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените

Биковите обично знаат како добро да се снајдат во секоја ситуација. Нивните противници често немаат никакви шанси против нив, но можеби треба да им дадат една. Потребни се двајца за да се игра танго, а можеби ризикот ќе се исплати. Зелениот фенер знае како да се справи со тврдоглавоста на Биковите и затоа тој е и најдобриот партнер за нив.

3. Близнаци: Зан од Неверојатните близнаци (Zan of the Wonder Twins)

Астрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените

Според астролошките прогнози, ова е добар период за Близнаците да ги зајакнат своите врски со пријателите и најблиските. Како и секогаш, клучно е да останат позитивни и добро расположени. Зан знае како е да се биде брат близнак, па совршено ќе ги разбере сите нивни потреби.

4. Рак: Молњата (The Flash)

Астрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените

Раковите се секогаш емотивни, среќни и романтични, а најмногу им оди од рака кога ќе ги променат плановите во последен момент. Спонтаноста е вистинскиот пат кој треба да го изберат, бидејќи така ќе бидат пријатно изненадени. А, зарем постои некој побрз и поспонтан од Молњата?

5. Лав: Спајдермен (Spiderman)

Астрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените

Лавовите се инспиративни и мотивирани. Тие имаат толку многу идеи и промени, а толку малку време. Важно е да останат фокусирани на своите мисли, бидејќи некои од овие идеи гарантираат успех и подобра финансиска состојба. Спајдермен, со неговата харизма и интелигенција, ќе биде совршениот партнер за нив.

6. Девица: Бетмен (Batman)

Астрологијата открива кој суперхерој треба да биде вашиот партнер за Денот на вљубените

Слободоумни, толерантни и отворени, Девиците знаат како да ги прифатат другите личности онакви какви што се. И токму поради тоа тие ја уживаат и нивната поддршка. Сега е нивната шанса да ги остварат своите најголеми соништа, бидејќи го имаат сè она што им е потребно. А, кој може да ви даде поголема поддршка (од секој можен аспект) од темниот витез?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар