Астрологијата открива како се однесува секој хороскопски знак кога е тајно несреќен во љубовната врска
Во љубовта никогаш не е сѐ совршено. Понекогаш доаѓаат и тешки моменти во кои двајцата или едниот од партнерите се чувствува по малку отуѓено. Но, сите личности на различен начин ја изразуваат својата потајна несреќа во љубовта, а астрологијата може да ви открие некои од тие аспекти. Пронајдете го својот знак или знакот на вашиот партнер, па откријте нешто повеќе за себе.
Овен
Личностите родени во знакот Овен се затвораат во себе. Кога се заљубени, тие сакаат со својот партнер да го споделат секој мал и глупав детаљ од нивниот живот и сакаат тој да знае сѐ што се случува во нивниот ум. Овните се многу јасни во своите намери, па ако не го согледувате ова кај нив, тогаш дефинитивно нешто не е во ред.
Бик
Овие личности премногу се грижат за тоа нивните животи да изгледаат што е можно повеќе „среќни“. Биковите се естетски, визуелни и социјални, па многу од нивната среќа произлегува од тоа како изгледаат нештата и како замислуваат дека другите луѓе ги гледаат нив. Кога не се исполнети на некој друг начин, тие сѐ повеќе и повеќе ќе се потпираат на ова.
Близнаци
Личностите родени во знакот Близнаци ќе се борат на работното место, ќе плачат без причина и ќе „полудуваат“ пред своите пријатели, а сето тоа бидејќи не знаат како да се справат со фактот дека не се навистина среќни. Близнаците ќе се обидат да го поврзат незадоволството со нешто друго, освен со љубовта, сѐ додека немаат избор и не ја прифатат реалноста.
Рак
Раковите им зборуваат на своите пријатели колку се несреќни, даваат агресивни коментари каде што ќе стигнат, а што е најважно, тие прават сѐ што можат за да ја ослободат нивната затворена несреќа, без точно да ја определат причината зошто. Раковите по природа се љубезни, па кога нивната сладост почнува да се претвора во горчина, тогаш треба да знаете дека нешто се случува.
Лав
Тие стануваат агресивни, а потоа негативни. Лавовите кои потајно се несреќи се прилично брутални, затоа што нивната внатрешна доверба доаѓа од нивното чувство за самите себе, а кога нешто во нивниот личен живот не е во согласност со нивната вистина, тие стануваат многу несигурни и најверојатно ќе започнат да се обидуваат да продолжат понатаму.
Девица
Тие се обидуваат да се вклучат во нешто што им го одвлекува вниманието. Девиците се страсни по природа, но исто така лесно може да станат параноични. Иако надворешно можеби тие ќе сакаат да покажат дека сѐ е во ред, Девиците длабоко во себе може да се чувствуваат несреќни во некој дел од животот.
Вага
Тие стануваат опседнати со работата. Вагите се љубовниците во зодијакот, но исто така се зависни и од работа. Така, кога личностите родени во знакот Вага ќе почувствуваат дебаланс во нивниот живот, тие се задлабочуваат работејќи нешто со цел да ѝ се спротивстават на непријатноста која ја чувствуваат.
Скорпија
Тие или одбиваат да зборуваат или почнуваат да зборуваат работи кои не се однесуваат на проблемот. Скорпиите се најсилните знакови во зодијакот, па кога потајно се несреќни во љубовната врска, нема да бидат во можност искрено да продолжат уште долго време.
Стрелец
Личностите родени во знакот Стрелец стануваат пасивно агресивни. Тие имаат испади кои се чини дека доаѓаат од никаде или пак несоодветно го искажуваат својот гнев. На прв поглед Стрелците ја одржуваат нивната светла, хумористична и авантуристичка природа, но тоа не може да го задржат многу долго.
Јарец
Тие се обидуваат да контролираат сѐ. Исто така се обидуваат да ги идентификуваат проблемите и да работат на нивно подобрување, иако во реалноста љубовната врска најверојатно не може да биде спасена. Личностите родени во знакот Јарец премногу се поврзуваат со врската и таа станува нивниот живот. Тие не сакаат да не знаат каде се наоѓаат, а ако не се навистина среќни, овие личности ќе почнат да се обидуваат да ги поправат работите повеќе од вообичаено.
Водолија
Тие имаат големи, грандиозни соништа кои всушност ги прогонуваат. Овие личности се преселуваат, започнуваат со бизниси или започнуваат со некои импресивни потфати. Водолиите се личности ориентирани кон работата, но кога се несреќни во нивната љубовна врска, тоа пропаѓа. Клучен показател дека тие потајно се несреќни е дека нема да посветуваат време на својот партнер или пак ќе пристапат со изговор дека треба да се фокусираат на својата кариера, иако сѐ друго покажува дека се заљубени.
Риби
Тие едноставно сакаат да бидат слободни, да искусат сѐ што има да им понуди животот, и одеднаш имаат интерес само да шетаат низ светот и да гледаат нови работи. Тие може да тврдат дека ве сакаат, но ако нивните имагинации почнуваат да талкаат, тогаш тие длабоко во себе не се целосно среќни.