Астрологијата, опростувањето и одмаздата
Навредите и извинувањата се составен дел на меѓучовечките односи, како и желбата за одмазда, тврдоглавоста, но и опростувањето. Дознајте како на кој знак да му се извините, каква им е суетата, како да ги елиминирате недоразбирањата и замерките, но и како да се справите со одмаздата на поедини знаци.
Овен
Овните многу лесно се навредуваат, но исто така се спремни брзо и да простат. Кај нив е најтешко да се поднесе периодот кога одбиваат да разговараат со вас, доколку ги повредите нивните чувства. Таа тишина ги пара ушите погласно од какво било врескање и во тие моменти се чини дека молчењето ќе трае засекогаш.
Овните најмногу од сè ја ценат искреноста, самокритиката и длабокото каење. Директно признајте ја својата грешка, преземете ја вината и ќе ја олесните ситуацијата и за себе и за нив. Всушност, иако глумат дека се студени, тие длабоко во себе патат и се прашуваат зошто морало така да се случи. Раскажете ја својата страна на приказната, без да ги криете емоциите и ќе ви биде простено.
Бик
Караниците со биковите често пати се конфузни и двосмислени благодарение на нивната инаетлива природа. Понекогаш тие ќе се скараат онака рекреативно и јавно ќе ги застапуваат своите мислења и ставови во кои лично не веруваат. Тоа понекогаш им е интересно и забавно, а особено сакаат да се инаетат со личности кои не им се симпатични.
Спорните теми и расправии, за вас може да изгледаат како крај на светот, но не и за нив. Биковите се во состојба да се караат сè додека имаат енергија за тоа, а веќе следниот ден се однесуваат како ништо да не се случило, бидејќи таа кавга всушност не ја сметале за ништо сериозно. Најдобро е „војната“ со нив да се прекине уште на почеток, со потенцирање на некои сентиментални детали што ве врзуваат за нив.
Близнаци
Иако близнаците релативно лесно опростуваат, немојте да ја злоупотребувате нивната емотивност и добрина, бидејќи едно е нивната спремност да ви простат, а сосема нешто друго е нивната способност долго да паметат. Повеќето проблеми со нив се случуваат во конфликти со личности кои не знаат кога да замолчат. Близнаците се натпреварувачки настроени и во кавгите, па не им е проблем да одглумат дека застапуваат некој став и тоа онака од инает и за забава.
Вообичаено близнаците се многу чувствителни и добродушни и доколку сакате да им надоместите, најдобро е да им купите подарок или само да им се јавите и да ги прашате како се. Ако притоа им кажете дека ви недостасуваат и дека ви е жал поради тоа што се случило, постои веројатност да ви простат во истиот момент.
Рак
Ова е знак чие мото е „памти па врати“. Овие знаци навистина нема да ја пропуштат приликата да ви вратат со иста мерка. Морате да внимавате да не се замерите со нив бидејќи тие се многу суптилни и во истиот момент ќе почнат да смислуваат план за одмазда против оние кои во моментот не им се во милост. Доколку ви се случи да се замерите, веројатно ќе морате да се извлечете на „стара слава“, потсетувајќи ги на вашите заслуги од минатото.
Најпрефинет начин да се извините на еден рак, би бил ако му испратите подарок заедно со опширно писмо со извинување, но и дополнителен телефонски разговор не би бил излишен. Но и покрај сè, немојте да се зачудите ако не постигнете моментален ефект, бидејќи на многу припадници на овој знак им се потребни недели или месеци за потполно да се „оладат“.
Лав
Лавот е уште еден знак кој ужива во кавгите од чиста забава и вообичаено силно ќе се изненади, доколку со таквото однесување отиде предалеку и при тоа повреди некого. Многу е лесно да ги доведете лавовите во непријатна ситуација и затоа понекогаш изненадувачки, лесно се повлекуваат.
Од овој знак не можете да очекувате лесно да го прифати вашето извинување, а уште помалку да го признаат својот дел од вината. Меѓутоа, нешто на што можете да „играте“, е да им предизвикате чувство на непријатност, бидејќи лавовите полесно е да ги засрамите отколку да ги натерате да кажат дека им е жал и дека згрешиле. Можеби од надвор не изгледа така, но грижата на совест кај овој знак е појака отколку нивната суета и одбранбениот механизам со кој се штитат себеси, негирајќи ја вината. Најлесно ќе ја вратите нивната наклоност, ако се правите дека ништо не се случило, но ако и тоа не помогне, обидете се целата работа да ја завртите на шега.
Девица
Тврдоглавоста на девицата и нејзината упорност да го одржи интензитетот на кавгата е навистина за восхит. Тие се во состојба да бидат дури смешно убедени во својата непогрешливост и се одмаздољубиви до крајни граници. Ако се замерите со нив, ќе биде тешко да се извлечете. Најдобро е да им се обратите по писмен пат, но внимавајте, бидејќи вашето писмо во иднина би можело да послужи како писмен доказ дека девиците се непогрешливи и се секогаш во право. Особено бидете внимателни да не добијат впечаток дека зависите од нив, бидејќи тоа ќе ги направи арогантно моќни.
Не обидувајте се да се извините со подарок, зашто најверојатно ќе го добиете назад и тоа заедно со темелна и злобна анализа на вашиот карактер, која сигурно нема да ви се допадне, бидејќи кога се бесни девиците погодуваат таму каде што најмногу боли.
Вага
И покрај тоа што вагите не сакаат конфликтни ситуации, нивните кавги постепено добиваат сè поголеми размери, а понекогаш пак обична препирка може да се претвори во вистинска драма. Тие не се снаоѓаат најдобро во таква воинствена атмосфера, но не умеат да ја смират ситуацијата, бидејќи не знаат како да се однесуваат кога кавгата треба да приврши. Вообичаена реакција на вагите е да го завртат грбот и потполно да ја исклучат личноста со која се замериле, а тоа значително го отежнува смирувањето. Понекогаш се чини дека таквата ситуација ќе трае засекогаш, па најдобро е да се избегнуваат какви било конфронтации со нив, ако е тоа некако можно.
Со вагата најлесно ќе се смирите ако ù испратите честитка со трогателна содржина и мал, но оригинален подарок.
Скорпија
Со нив сте навистина во голема неволја, бидејќи скорпиите можат со мирна душа да го поминат остатокот од животот без да ви простат. Многу се одмаздољубиви и можат да прекинат пријателство или љубовна врска само врз основа на своите предрасуди. Тие сакаат себеси да се доживуваат како ангели на правдата, што од нивен аспект значи, дека за нанесената неправда треба десеткратно да ви се одмаздат и тоа на многу имагинативен начин.
Скорпиите позитивно реагираат на подароци, пари или услуги кои ќе им помогнат да се издигнат на општественото скалило. Па, доколку ги повикате на некој собир и ги претставите на личности кои можат да бидат еден од факторите на нивниот успех, можеби и ќе ви простат во блиска иднина.
Стрелец
Стрелецот е хороскопски знак кој е најнаклонет да простува. Тој има вроден соломонски инстинкт и способност да ги толкува фактите и да ги анализира двете страни на приказната, без да дозволи емоциите да му го поматат паметот.
Ако сакате да му се извините на припадник на овој знак, би требало да се подготвите како за настап на јавна дебата. Потенцирајте ги причините поради кои сметате дека треба да ви биде простено, а впечатокот надополнете го со мал подарок. Дополнително, како знак на убав гест, повикајте го на заедничко кратко патување кое повторно ќе ве зближи и без сомнение ќе ви биде простено во следните пет минути.
Јарец
Јарците се горделиви и одмаздољубиви знаци кои не простуваат лесно. Карактеристично за нив, е дека кога ќе се навредат, ќе се обидат да ве скараат со другите пријатели и ќе пласираат компромитирачки гласини за вас. Со тоа ќе ве доведат во незгодна ситуација во друштвото. Многумина се доведени во ситуација да сакаат да им се извинат, само за да не им биде уништен угледот и односот со другите луѓе.
По правило, извинувањето нема да помине едноставно. За да се олесни работата, неопходно е да се понуди мало мито, или да ставите на располагање некои свои услуги. Доколку постои јарец кој се обидува да го наруши вашиот углед, единственото што може да го сопре во таа злобна намера, е сознанието дека на тој начин создава полош впечаток за себе отколку за вас.
Водолија
Ни случајно не е знак кој лесно простува. Водолиите себеси се доживуваат како пример на моралот и моралната етика на кои сите други треба да се угледуваат. Многу нивни постапки во меѓучовечките односи се создадени на ирационална основа. Мали се шансите една водолија да се извини, а уште помали да го прифати вашето извинување. Може да се случи да ви прости, онака од куртоазија, сметајќи дека тоа е добро за неговата/нејзината душа.
Ако ги уверите дека ја разбирате и прифаќате тежината на вашата вина, можеби ќе ви дозволат да се вратите во нивниот живот. Со овој знак треба да сте среќни ако добиете втора шанса. Трета најверојатно нема да добиете.
Риби
Рибите се уште еден горделив знак, кој не простува лесно. Ако предизвикате бес кај овој знак ќе се чувствувате како да сте во пеколот. Доколку ви го прифатат вашето извинување, во воздухот ќе остане да лебди непријатна атмосфера, а вие секогаш ќе имате чувство дека недоразбирањата меѓу вас сè уште постојат. За да го избегнете ова ќе мора со вашиот пријател, пријателка или партнер во знак на риби да разговарате насамо и преку лукави прашања да дознаете што точно таа или тој има против вас.
Тие често својот став го темелат на интуиција, но ако имаат и „лошо чувство во врска со вас“, ќе биде тешко тоа да се смени и секогаш ќе им бидете трн во око. Слабост им се материјалните добра, па поради тоа, подароци или пари понекогаш можат да помогнат да се пробие мразот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
простување*
преведувајте правилно
Според речникот на македонскиот литературен јазик, и двата збора се точни: http://www.makedonski.info/search/опростување.
Sjajan blog i tekst….Pozdrav iz Srbije 😀
значи колку само не е точно дека рибите се по материјални добра!! мајка ми и сестра ми се риби, и да, тешко мене ако се налутат, ама последното нешто со кое можат да се смират е поклон или пари. а другото е точно ^^
Колку е само најточно за јарците:)
многу сме добри ама коа ќе не повредат подобро да исчезнат!:)