Астрологијата, мажите и љубомората

Астрологијата, мажите и љубомората

Скорпијата ќе ве окова со златни синџири, близнаците ќе ве полудат од сомнежи, додека пак водолијата не го познава тоа чувство… Погледнете како машките претставници на хороскопските знаци се справуваат со љубомората.

Астрологијата, мажите и љубомората

Овенот како радар го следи секој чекор на својот партнер, а секоја насмевка подарена на некој друг или одењето во кафуле во туѓо друштво му забива нож во вљубеното срце. Во такви ситуации очекувајте жолчни изливи на љубомора, тешки обвинувања, па дури и закани.

Скорпијата исто така може да се пофали со недостаток на тактичност. Опседнат со сексот и верноста, тој на секое навестување на флерт се чувствува повреден и предаден, па поради тоа тој партнерот го врзува со златни синџири на својата љубов, притоа давајќи му многу малку слобода.

Биковите делуваат мирољубиво и добродушно, но нивната конзервативност може да стане агресивна и да создаде јасни забрани што ќе ве гушат вас и вашата врска.

Љубомората на лавот е ласкава. Таа се воздигнува како џентлменска суета и жед за внимание од својата љубена. Таа љубомора не е нескротлива, само треба да се знае како да се контролира (попуштајќи на ситници).

Јарецот многу бара од врската, но тој ретко кога ќе признае дека е љубоморен, па дури и на себеси. Но, кога одненадеж ќе стане студен, пакосен и затворен, треба да се запрашате дали можеби со премногу воодушевување сте зборувале за својот нов колега или сте го фалеле скапиот автомобил на младиот сосед.

Љубомората на ракот е индиректна, по малку детинеста и смешна, но поради тоа не е помалку реална. Тој е  многу сензибилен и ќе го почувствува секој ваш особен интерес како опасност за врската, а потврда за тоа ќе најде во вашиот секси фустан или во новите шеги. Поради тоа тој ќе се лути и ќе ве обвинува.

Рибите всушност не се љубоморни, туку несигурни и слепи од љубов, па се во состојба да истрпат многу, понекогаш плачејќи или само долго ќе молчат.

Реакциите на вагата се помирни во однос на другите знаци, бидејќи таа се води според разумот и за овој знак важи дека не се сомнева.

Близнаците не се страсни, па доколку се посомневаат во верноста на својот партнер со лукава насмевка на усните ќе смислат тактика со која партнерот ќе го излудат од љубомора.

За да ја направите девицата љубоморна ќе ви треба малку повеќе време, но кога еднаш ќе се посомнева, сама ќе измислува причини за да продолжи да истражува. Поради тоа ќе ви ѕирка во писмата и ќе ви „копа“ по џебовите.

Стрелецот знае да биде непријатен, да навредува без да ги одбира зборовите и да го напушта партнерот за секакви глупости, но во повеќето случаи е толерантен.

Типичната водолија (што не значи дека не постојат исклучоци) е личност со најголема доверба на светот. Љубомората ја смета за примитивно чувство на кое не му дава место во своето срце.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Beti manova Reply

    🙂

Остави коментар