Астрологијата ја открива навиката што треба да ја искорените од вашиот живот
Иако е многу лесно да ги задржите старите навики, многу често тие предизвикуваат повеќе штета отколку корист. Па зошто да не размислите за вашите лоши навики и не се обидете да ги отстраните? Се разбира, тоа нема да се случи преку ноќ. Бидете добри кон себе додека се обидувате да се откажете од старите навики и да ги замените со нови и подобри. Вашиот хороскопски знак може да ви каже која е навиката што ви предизвикува најмногу проблеми, и ќе ви помогне да се ослободите од неа.
Овен
Поработете на вашата трпеливост. Пред да донесете одлука или да направите нешто, дајте си време за размислување. Кога ќе почувствувате дека сте гневни, одвојте неколку минути за смирување и размислување. Ќе се изненадите од промената кога ќе станете потрпеливи.
Бик
Иако сте социјални и лојални, многу често сакате да останете дома. Вам ви е потребно многу убедување за да излезете и да пробате нешто ново. Но немојте да очекувате промена ако не се промените вие. Па, почнете почесто да ги прифаќате поканите за излегување. Ако некој нов познаник ве покани на пиво, прифатете без многу размислување.
Рак
Вие многу добро ги читате другите. Интуитивни сте и вашата емоционална интелигенција е на високо ниво. Но, ова значи дека им го кажувате на луѓето она што тие сакаат да го слушнат или пак им кажувате работи за нив дури и кога не ве прашале. Користете ја вашата моќ за добро. Ако се чувствувате дека ги користите луѓето во ваша корист, бидете искрени кон себе и тргнете се од ситуацијата.
Близнаци
Вие можете да бидете многу неодлучни. Ова ви претставува проблем дури и кога треба да одлучите за најситни работи, како на пример каде да јадете или што да носите. Обидете се да ја прифаќате првата опција на која ќе се сетите и забележете како ќе се чувствувате. Ако ништо друго, ова ќе ви заштеди многу време.
Лав
Иако сте навистина шармантни, многу често сакате да бидете во центарот на вниманието. Па, обидете се да бидете помалку фокусирани на себе. Без разлика дали ќе волонтирате негде или ќе ги прашате пријателите како се чувствуваат, обрнете внимание и на некој друг. На овој начин вашето големо срце ќе стане уште поголемо.
Вага
Дали претерано размислувате дури и за најмалите работи? Важно е да знаете дека ова носи само негативност во вашиот живот. Обидете се да ги заборавите работите кои постојано ви се во мислите, без разлика дали се добри или лоши. Можете да пишувате дневник за да се ослободите од мислите, или пак разговарајте со вашиот најдобар пријател. Направете сè што е потребно за да се ослободите од опсесивните мисли.
Девица
Понекогаш го избегнувате погледот на познаниците наместо да се поздравите со нив, или пак му кажувате на келнерот дека храната е супер иако ви донел погрешен оброк. Иако е во ред да се срамите, обидете се да го надминете тоа. Поздравете се дури и ако тоа прави да се чувствувате непријатно. Одбранете се дури и ако тоа изгледа премногу страшно.
Скорпија
Вашата страст е можеби вашата најсилна особина, но често ја насочувате на погрешни места. Многу често знаете да бидете љубоморни и премногу да се споредувате со другите. Обидете се да бидете среќни за другите наместо да им завидувате. Ќе се чувствувате многу подобро отколку што мислите.
Стрелец
Многу често сте премногу искрени со другите, дури и кога не го бараат тоа. Понекогаш целосната вистина може само да ја влоши ситуацијата. Па, кога следен пат некој ќе ви зборува за партнерот или за проблемот кој сам си го создал, размислете дали треба да бидете брутално искрени. Одговорот најчесто ќе биде не.
Јарец
Ако го очекувате најлошото, можете само да бидете пријатно изненадени, се согласувате? Можеби, но поради ова речиси постојано размислувате негативно. Обидете се да ја отстраните оваа негативност и почнете да ги гледате и позитивните страни на настаните. Кога ќе почнете да ги планирате најлошите исходи, престанете и направете го спротивното. Или пак, почнете да дишете длабоко и смирете го вашиот ум.
Водолија
Бидејќи сте премногу интелигентни и апстрактни, вашите емоции понекогаш ве преплавуваат. Но и вие имате чувства, па обидете се да не ги избегнувате. Можете да посетите терапевт или пак да разговарате со пријател за вашиот ден. Дури и пишувањето дневник ќе ви помогне подобро да ги сфатите вашите емоции.
Риби
Немојте да му дозволувате на стравот да ве води. Вие често донесувате одлуки поради стравот, или пак избегнувате ситуации поради него. Но важно е да знаете дека сте посилни отколку што мислите. Секој ден правете нешто сосем спротивно од вашата вообичаена рутина. Кажете му на симпатијата дека ви се допаѓа. Побарајте го покачувањето на платата што го заслужувате. Одете на патувањето што долго време го одложувате. Што и да направите или одлучите, ќе бидете во ред.
Откријте ги и двете лица на секој хороскопски знак.