Астрологијата и времето потрошено за себе

Астрологијата и времето потрошено за себе

Кога се заљубуваме, честопати забораваме кои се нашите потреби како поединци, бидејќи премногу мислиме на чувствата и желбите на нашиот партнер. Меѓутоа независноста не треба да се занемарува и игнорира бидејќи таа не е неважна. Напротив, негувањето на вашата внатрешна конекција со себеси, е клучот за градење позитивни и здрави врски со другите луѓе, вклучително и врската која ја градите со вашиот партнер. Бидејќи секој хороскопски знак има различни потреби, прочитајте што велат ѕвездите за тоа како вие треба да го потрошите времето кое сте си го резервирале за себеси.

Астрологијата и времето потрошено за себе

Овен

Вие тежнеете да се чувствувате комплетно слободни и ако немате доволно простор за да лутате низ животот, постанувате намуртени и нерасположени. Вашите индивидуални активности треба да вклучуваат елементи на ризик и авантура, бидејќи во спротивно ќе ви стане здодевно. Уживајте во вашата независност, додека си ги тестирате вашите способности во некој нов спорт или некој смел, авантуристички потег.

Бик

Негувањето на вашите сетила, може да ве подмлади и да ви помогне да уживате во времето поминато сами со себе. Поминувањето повеќе време во природа, исто така ќе ви помогне да се поврзете со сопственото „јас“. Потрошете пари на добра масажа, спа-третмани или искачете се на планина и ќе се потсетите себеси, што значи да се чувствувате прекрасно во сопствената кожа.

Близнаци

И покрај тоа што вие сте многу социјализирана и комуникативна личност, понекогаш сакате да поминувате време и сами, но само доколку тоа време, вклучува некаква ментална активност. Вие уживате кога ќе се тргнете настрана од светот и ќе прочитате нова книга, ќе решите тежок крстозбор или ќе научите нешто ново.

Рак

Да бидете сами, не ви звучи воопшто страшно. Вам ви е секако потребно време подалеку од луѓето во вашиот живот, за да ѝ дадете доволно простор на вашата имагинација да работи. Особено уживате кога имате време да ја апсорбирате исцелителната моќ на водата. Направете си топла бања и капнете неколку капки етерично масло за релаксација или посетете некоја минерална бања и вклучете ја фантазијата да ви работи.

Лав

Вам ви е тешко да бидете сами некаде каде што ќе немате публика која ќе го следи вашиот „перформанс“, но и тоа може да се случи. Вие уживате во креативно поминатото време. Без разлика дали преферирате уметност, музика, глума или пишување, вклучете ја вашата страст и изразете се себеси преку вашиот омилен медиум.

Девица

Како хороскопски знак кој се воздржува од многу нешта во животот, вие уживате да поминувате време насамо. Кога сте сами, вие ја цените приликата што ви се пружила да ги процесирате екстерните искуства кои сте ги искусиле во вашиот живот и да ги конектирате со вашето внатрешно „јас“. Повлечете се некаде во природа, на чист воздух, каде ќе можете да ги разрешите вашите дилеми.

Вага

Поради вашата фокусираност кон љубовните врски, може да ви биде тешко да се повлечете во сопствените мисли извесен период. Но, ако ја одберете вистинската активност за вас, веднаш ќе ги почувствувате бенефициите од независноста. Јогата или медитацијата можат да ви помогнат да си создадете внатрешен мир и да си ја пронајдете рамнотежата, по која толку многу копнеете.

Скорпија

Развивањето на длабочината на вашата душа вам ви е битна задача во животот, така што немате никаков проблем да си свикувате редовни состаноци сами со себе. Ослободете ги чувствата и спомените кои прават да се чувствувате заглавени во времето. Водењето дневник или нешто слично, ќе ви помогне да се ослободите од багажот од минатото и ќе ви ја врати енергијата и еланот.

Стрелец

Вие сакате соло авантури и потребно ви е само да одберете насока и да се упатите натаму. Доколку физичкото патување не ви е доволно, тога препуштете се на менталното. Прочитајте некоја книга, која ќе ви даде нова перспектива во животот и која ќе ги освежи вашите односи со другите луѓе.

Јарец

Како знак кој често се поврзува со осаменоста, вие можете да поминувате многу долго време сами со себе. Па затоа, додека размислувате планирајте ја иднината со вашиот идеален љубовен партнер.  Исто така, за вас е важно понекогаш да се ослободите од работните обврски и да се поврзете со вашето внатрешно„ јас“.

Водолија

Вашиот знак е често поврзан со слободата, па токму затоа вие и немате некој проблем да поминувате малку повеќе време, посветено само за вас, кое е надвор од вашите планови. Времето потрошете го размислувајќи за иднината и оставете го вашиот креативен ум да талка.

Риби

Бидејќи вие често се однесувате како да сте емоционален сунѓер за другите, за вас е многу важно да поминете некое време сами. Духовното повлекување или медитацијата ќе ви помогнат да ги наполните вашите батерии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар