Астрологијата и влијанието на вашиот подзнак

Астрологијата и влијанието на вашиот подзнак

Ако вашиот сончев знак ја симболизира вашата душа, внатрешност, карактер и потенцијал, месечевиот знак – вашето срце и сржта на емоциите, тогаш може да се каже дека вашиот подзнак го претставува вашето надворешно лице кое го покажувате пред светот. На пример, ако вашиот хороскопски или сончев знак е бик, а во подзнак сте близнаци, и покрај тоа што вие можеби внатрешно се чувствувате смирено и опуштено, другите може да ве гледаат како нервозно, енергично човече, со интелигентна смисла за хумор. Понекогаш, вашиот подзнак може да има улога на заштитна маска, со која сакате да сокриете некој аспект од вашето „внатрешно јас“ кој не сакате другите да го видат. Каква е вашата маска? Како другите ве доживуваат?

Астрологијата и влијанието на вашиот подзнак

Овен

Доколку сте овен во подзнак, луѓето секогаш очекуваат од вас да ги започнувате работите, да бидете лидер и да кажувате нешта, кои никој друг не би се осмелил да ги каже. Вие на луѓето им делувате како многу самоуверена и директна личност, чиј карактер е како сложувалка која лесно може да се состави. Луѓето во вашиот живот, мислат дека ги сфаќаат вашите мотиви. Негативната страна на вашиот подзнак, е тоа што луѓето понекогаш може да мислат дека сте премногу напнати, наметливи и преокупирани сами со себе. Немојте да бидете изненадени доколку другите луѓе очекуваат од вас да бидете љубоморен љубовен партнер. Ова е начинот на кој се однесува овенот. За остатокот од светот, вие изгледате како прав овен!

Бик

Ако сте бик во подзнак, вие на луѓето им оставате прв впечаток како да сте многу присебна, сталожена, самоуверена, амбициозна, а сепак скромна личност. Кој и да е вашиот хороскопски знак, ако сте во подзнак бик, луѓето честопати ќе се потпираат на вас секогаш кога ќе се најдат во тешка ситуација, бидејќи вие изгледате како многу стабилна и логична личност. Тие се позитивните карактерни особини на бикот. Ако немате многу среќа, на луѓето околу вас можеби ќе им оставите впечаток како малку тврдоглава и здодевна личност, која повеќе троши време напорно работејќи на некоја работа, отколку на фактичко реализирање на истата. Но, биковите се многу упорни и решителни личности, па така и вие со овој подзнак, ќе научите да ги искористите ваквите особини во ваша полза.

Близнаци

Ако вашиот подзнак е близнаци, другите луѓе очекуваат од вас да бидете остроумниот шегаџија, кој секогаш ќе смислува интересни и по малку ѓаволести идеи. Едноставно, вие поседувате дел од таа фантастична харизма на близнаците, со која ги освојувате луѓето околу вас. Дури и кога се чувствувате тотално спокојни додека чекате долг ред пред шалтер, на луѓето околу вас им изгледате нетрпеливо. Внимавајте што зборувате – може да постојат гласини за вас, дека многу сакате да озборувате, дури и ако со вашите коментари немате воопшто никакви лоши намери. Сепак, најистакнати ваши особини се духовитоста и остроумноста и луѓето околу вас се секогаш подготвени да бидат импресионирани од сè што ќе изустите.

Рак

Ако вашиот подзнак е рак, вие најверојатно сте првото рамо за плачење, на кое сите трчаат да се потпрат. Вие оставате впечаток на нежна личност, полна со разбирање за чувствата на другите и оваа ваша особина треба да ја искористите за да ги тешите оние на кои им недостасува чувство на сигурност. И покрај тоа што можеби немате многу трпение за тоа, вие можете да очекувате дека другите ќе ви се отвораат секогаш кога ќе им треба некој мајчински совет. Од друга страна, понекогаш делувате преемотивно, па дури и манипулативно.

Лав

Ако сте лав во подзнак, вие однадвор изгледате многу самоуверено, гордо и многу сигурно во себе. Луѓето кога ќе ве видат очекуваат драма, и тие ќе бидат разочарани доколку не ја добијат енергичноста и духовитоста која ја очекуваат од еден лав. Вие сте индивидуалисти, имате оригинален карактер и на луѓето секогаш им „фаќате“ око, без разлика дали го сакате тоа или не. Ако другите ги забележуваат во вас, вашите „кралски“ лавовски карактеристики, тие можеби ќе забележат и некои негативни вибрации како самобендисаност и претерана суетност. И покрај очигледниот интерес за самите себе, вие сте популарни во какво друштво и да се најдете.

Девица

Ако сте девица во подзнак, вие честопати оставате впечаток на  многу урамнотежена, сталожена и многу педантна личност. Вие секогаш делувате скромно и достоинствено, понекогаш снобовски и со вашата појава, сакате да оставате впечаток како да ги познавате најновите модни трендови. Дури и ако во моментот се чувствувате енергично и имате потреба за дружење, на светот можете да му изгледате како срамежлива, непопуларна личност, која секогаш изгледа како да ù се врти некоја многу сериозна мисла во глава. На оние луѓе кои се девици во подзнак, пријателите и членовите на семејството честопати им се обраќаат за разни здравствени проблеми, бидејќи девицата изгледа како да има одговор на сè.

Вага

Доколку во подзнак сте вага, тогаш на останатите сигурно им е многу тешко да ви кажат „не“. Вие изгледате многу шармантно и убедливо, па така на луѓето им е многу тешко да одбијат да ви помогнат некако. Вашиот изглед е секогаш среден, дури и кога одите до продавница. Надворешно изгледате неодлучно, а со тоа им оставате простор на другите да одлучуваат за вас, правејќи да изгледате уште понеодоливо. Намуртеноста и суетата се двете најслаби ваши квалитети. За среќа, вие секогаш избегнувате конфликт.

Скорпија

Доколку во подзнак сте скорпија, не навредувајте се ако луѓето стојат на некоја одредена дистанца од вас. Тоа е од проста причина што тие имаат одредена страхопочит кон вас. Вие изгледате премногу интензивно. Тоа е можеби поради вашиот продорен поглед или сексапил. Вие сте динамични и привлечни, па така луѓето мистериозно се навлечени на вас. Сета таа ваша забележлива сексапилност е многу забавна, но имате и темна страна. Понекогаш може да изгледате нерасположено, па дури и малку опасно за луѓето околу вас. Треба да знаете како да уживате во вашиот мистериозен елемент.

Стрелец

Доколку во подзнак сте стрелец, луѓето ве гледаат како среќна личност. Не е важно дали сте лошо расположени, вие на светот му изгледате како оптимист, отворена личност, добар пријател и авантурист. Од друга страна, често сте немирни и пркосни. Брзо ви станува досадно и честопати почнувате кавги чисто поради забава. Вие оставате впечаток како да сте многу рамнодушни, па така другите понекогаш си дозволуваат да ви кажат некои луди, неочекувани, па дури и навредливи работи, очекувајќи дека нивните коментари нема да имаат никакво значење за вас. Но не можете против тоа, едноставно тоа е ваша карактеристика.

Јарец

Ако во подзнак сте јарец, луѓето ќе се шокираат доколку видат дека се однесувате ексцентрично. Дури и да се чувствувате како централна личност на забавата, другите очекуваат вие да бидете смирени, стабилни и сталожени. Вие може да ги заплашите другите со вашата потреба да доминирате и да заповедувате, но сепак тие ќе ве побараат кога ќе биде потребно да воспоставите ред. Негативност ви е тоа што знаете да бидете песимистични и премногу критични. Доколку најдете начин да ја користите вашата способност за влијаење врз луѓето, можете да си ја олесните работата на секое поле.

Водолија

Доколку во подзнак сте водолија, може да изгледате како далечна, умствено отсутна личност од моменталното случување, која е по малку чудна и ја набљудува само својата внатрешност. Иако изгледате како незаинтересирани, вие паралелно оставате впечаток, како длабоко во себе да се грижите за човештвото во целост, но не и за поединци. Вие лесно придобивате пријатели, благодарение на вашето влијание врз луѓето, но сепак има и неколку негативности на кои треба да внимавате. Понекогаш знаете да бидете груби, нечувствителни и ексцентрични. Но и покрај овие карактеристики, вие сè уште сте лудо популарни во друштвото.

Риби

Доколку во подзнак сте риби, луѓето може поинаку да ве доживуваат, отколку што вие мислите. Она што за вас е обично размислување, останатите ќе го гледаат како сонување со отворени очи. Вие изгледате како изгубени во светот на илузиите. Дури и да се чувствувате комплетно сигурни во себе, останатите можат да почнат да газат внимателно околу вас, плашејќи се да не ви ја прекршат или повредат вашата сензибилност. Токму оваа карактеристика често може да ве доведува во неволји. Вие може да бидете лесна цел, за некој кој чека такви како вас. Исто така немојте да бидете изненадени доколку луѓето доаѓаат кај вас да си ги отворат своите срца и да си ги кажат своите маки. За тоа, обвинете ја вашата грижлива аура која ја ширите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар