Астрологијата и вашите желби за оваа есен

Астрологијата и вашите желби за оваа есен

Конечно се почувствува доаѓањето на есента и како што сите полека се враќаме на работните обврски со полна пареа, температурите почнуваат да опаѓаат и полека почнуваме да ги сумираме впечатоците од изминатово лето, така и новите желби и планови за нашиот живот си дојдоа во пакет. Што очекувате да ви се случи во овој период од годината? Работење на добар проект, среќна љубовна врска, емоционална стабилност или добра забава? Видете што мислат ѕвездите околу ова прашање.Астрологијата и вашите желби за оваа есенОвните се со цело срце и ум насочени кон некој голем проект или нова идеја која може да им ги прошири хоризонтите. Тоа може да вклучува некое подолго патување во странство или започнување ново хоби, кое ќе им го одржува умот активен и ангажиран.

Бикот копнее по поголема интимна поврзаност со неговиот партнер, но за да го добие тоа што го сака, мора прво да направи промени кај себеси и сопствените чувства околу некои работи. Претставниците на овој хороскопски знак, исто така се надеваат на подобра финансиска ситуација во блиска иднина, а среќата ќе биде на нивна страна.

Близнаците, како и вообичаено, постојано се премислуваат во врска со тоа дали сакаат нешто или не, но дефинитивно на врвот на нивната листа на желби е градењето цврста љубовна врска. Тие во моментов сакаат здрава, убава љубов, повеќе од сè друго на светот.

Ракот сака да почне да работи нешто, за да почне да се чувствува корисно. Тој исто така, сака да го прошири кругот на пријатели, односно да запознае нови луѓе, кои ќе имаат потенцијал да му станат најдобри другари.

Лавот копнее по забава, возбуда и многу внимание. Поточно кажано, тој сака љубов, љубов и само љубов оваа есен. Едно е сигурно – лавовите ќе ја добијат од луѓето потребната количина љубов, доколку се спремни и самите да ја споделат својата.

Девиците сакаат да внесат среќа и комфор во нивниот дом. Тие ќе се восхитуваат на сè што е доволно елегантно и практично за нивното „гнездо“. Исто така, претставниците на овој знак планираат да започнат да работат на некој креативен проект, врз основа на кој ќе се обидат да  ја „заработат“ почитта од луѓето во нивниот живот.

Вагата во овој период од годината ќе очекува малку повеќе нежност и дарежливост од универзумот. Доста ù е од скромни очекувања. Таа сака да почне да го живее животот на висока нога и под нејзини услови!

Скорпијата копнее по чувство на независност и сигурност (финансиска, но и емоционална). Ако доволно се фокусира на својата листа на желби, постои голема веројатност да ги реализира истите.

Стрелецот има многу едноставна и единствена желба – да биде онаков каков што вистински е. Тој едноставно сака да излезе од својот оклоп и да биде бестрашен, самоуверен и бесрамен. Ако се доволно храбри и уверени дека ќе успеат, на стрелците ќе им зачукаат правдата и среќата на врата.

На јарецот повеќе од сè на светот му е потребно време посветено само за себе. Тој чувствува потреба да се изолира од надворешниот свет и да се затвори во рамките на сопствениот, каде сака да спореди нешто од неговото минато, со сегашната состојба, за да добие подобра претстава за она што му се случува во животот во моментот.

Водолијата во моментов сака да биде опкружена со поголем број пријатели кои ќе ù го освежат животот. Кога размислува на едно идеалистичко ниво, таа сака на некој начин да придонесе општеството во кое живее, да постане подобро место за живеење.

Рибите се во потрага по храброст; потребно им нешто што ќе ги поттурне на патот кон покажување на нивниот вистински талент на виделина. Тие сакаат да добијат признание за вложениот труд и нема да дигнат раце додека тоа не се случи.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар