Астрологијата и вашето омилено милениче

Астрологијата и вашето омилено милениче

Сите астролошки знаци во принцип добро се сложуваат со повеќето миленичиња, но некои од нив повеќе им одговараат на претставниците на одреден хороскопски знак. Секако, тоа не треба да се сфати генерално, бидејќи сите ние сме комплексна мешавина од карактеристики, кои во многу нешта зависат од воспитувањето и животната средина, а не само од  хороскопскиот знак. Според тоа, можно е предложеното животно да не ви одговара, но овде станува збор за избор на милениче, кое одговара на типичните карактеристики на некој знак.

Астрологијата и вашето омилено милениче

Овен

На храбрите и енергични Овни им е потребно домашно милениче кое може да држи чекор со нив, во сите нивни авантури. Ирскиот териер совршено им одговара, бидејќи тоа е активно и смело куче, кое бестрашно ќе ги следи во нивните авантуристички походи.

Бик

Биковите сакаат миленичиња кои се слатки и мазни, па затоа најмногу им одговара куче од видот померанец. Нивното меко и нежно крзно треба редовно да се чешла и негува, во што биковите особено ќе уживаат. Померанците се интелигентни кучиња кои лесно се тренираат, пријателски се настроени и многу се приврзуваат кон сопственикот – совршени особини за разумниот и тактичен Бик. Доколку станува збор за помрзелива варијанта од овој хороскопски знак, желката би била добра опција, бидејќи не бара толку нега и внимание.

Близнаци

Близнаците се зборлести и интелигентни личности, па затоа најмногу ќе им одговара и ќе ги инспирира африканскиот сив папагал. Овие птици спаѓаат меѓу најинтелигентниот вид папагали и имаат способност да развијат голем вокабулар и активно да комуницираат со своите сопственици, па поради тоа ќе бидат совршено друштво за Близнаците.

Рак

На Раковите им одговара секое милениче на кое му треба многу љубов и внимание. Емоционалните задоволства на Раковите им се многу важни, па поради тоа за кое животно и да се одлучат, тие за него ќе се грижат исто како што би се грижеле и за сопственото дете. Но, сепак на овој знак, можеби најмногу му одговара малиот сладок и влакнест хрчак. Кучињата се исто така добра опција, бидејќи се приврзуваат кон сопственикот. Мачките не се толку соодветни поради нивната самостојност.

Лав

Припадниците на овој знак сакаат интересни работи и почитуваат екстравагантност, па поради тоа разиграни миленичиња, е тоа што им одговара. Мачките се одличен избор за Лавовите. Што се однесува до расата, колку е поспецифична и поретка, толку подобро. Сијамските мачки се добра опција за овој знак, бидејќи се темпераментни, забавни и сакаат да бидат во центарот на вниманието, па на Лавот никогаш нема да му биде досадно со нив.

Девица

Девиците се во принцип перфекционисти, пребирливи и педантни. Ваквите високи критериуми ги задоволува бернскиот планински пес, кој е исклучително чист, пријателски расположен, послушен и лесно се тренира. Ова куче насекаде ќе ја следи својата сопственичка, која што со задоволство ќе се дружи со овој симпатичен и верен пријател.

Вага

Шармантни, сталожени и со префинет вкус, Вагите се најсреќни кога се опколени со исклучителна убавина и хармонија. Прекрасниот папагал од видот розенколис или Agapornis fischeri е одличен избор за Вагите, бидејќи освен тоа што се многу убави, тие се и интелигентни, ведри и динамични. Овие папагали лесно се припитомуваат и се приврзуваат кон сопственикот. Ако го изберете папагалот од видот розенколис, подобро е да земете две, машко и женско, бидејќи тие се вид птици кои ја сакаат љубовта. Нежноста и вниманието што овие птици си ја посветуваат меѓусебно е неверојатна.

Скорпија

Љубопитна и интензивна, Скорпијата сака интересни и нетрадиционални миленичиња. Таа ќе одбере нешто егзотично, како пајак, змија или некој друг рептил. Овие животни во принцип не бараат многу внимание што на Скорпиите сосема им одговара. Исто така, ќе им биде интересно што луѓето ќе се згрозуваат кога ќе им дојдат на гости. Од традиционалните животни, мачката е добар избор, бидејќи е сензуална, таинствена и непредвидлива, токму како и Скорпиите.

Стрелец

Стрелците се друштвени, весели и многу активни. Постојат две крајности кога станува збор за изборот на домашно милениче, во зависност од карактерот на стрелецот. Во едниот случај тоа би било милениче со слични карактеристики како нив, а за тоа најдобро одговараат дружељубиви кучиња на кои им е потребна активност, како лабрадор, боксер или ретривер. Од друга страна пак, некои претставници на овој знак не сакаат толку обврски и ограничувања, па за нив добар избор би биле рипчиња во аквариум или желка.

Јарец

Практичниот и амбициозен Јарец за себе ќе одбере дисциплинирано милениче, а за тоа е најпогоден германскиот овчар. Овие кучиња се силни, интелигентни, верни и послушни, па според тоа ќе ги задоволат желбите и потребите на припадниците на овој хороскопски знак. Со својата спремност и желба да учи, германскиот овчар ќе процвета под стручното водство и цврстата рака на Јарецот и тој ќе стане незаменлив во неговиот живот.

Водолија

Водолиите исто како Скорпиите, сакаат необични и егзотични работи, а тоа се однесува и на милениците. На овој знак му одговара некое едноставно, но сепак интересно животно кое не бара премногу труд. Игуаната е совршена за нив, бидејќи изгледа интересно, самостојна е, забавна и јаде зеленчук и овошје кое не е тешко да се набави. Иако игуаните не бараат премногу, пожелно е да им се посвети повеќе внимание за да останат питоми и интересни.

Риби

На Рибите, кои често живеат во светот на фантазијата, им е потребно нешто што ќе им го олесни преминувањето од реалниот живот во нивниот замислен свет. Голем аквариум со тропски риби се идеалните домашни миленичиња, што ќе им го овозможат тоа на Рибите. Тропските риби во разни бои и облици, водата што жубори и забавеното движење на овие водени суштества, сигурно ќе придонесат за мистичноста на животниот простор на Рибите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Moon Reply

    jas strelec – kuce bokser 🙂 znaci ste pogodile :D:D

  2. mm Reply

    vaga: kakov papagal bre jas si sakam kucinja golemi ko samojed i haska ili pak nekoe ubavo mace a ne ova pticive 🙂

  3. slavica Reply

    ASTROLOGIJA I VASETO OMILENO MILENICE
    tocno e za mackata i toa sijamsaka jas sum lav i imam sijamska macka 100% tocno

  4. Waaaa Reply

    Ja sum bliznak cuvam macka, nema bas vrska seto toa 😀

  5. mihaela Reply

    jas sum riba, no nikoas ne sum sakala ribi da cuvam, nitu pa ptici. tacno e toa deka ribite sakaat da ziveat vo zamislen svet, no toa deka ribite ke im go ostvarat toa ic nema vrska…

  6. Данче Reply

    За риби нема врска, затоа што сум голем љубител на кучиња и мачки, особено на кучиња.. 😀

  7. Adrijana Reply

    ама ич нема всрка ова, скорпиите сакаат кучиња и тоа повеќето што ги знам во тој знак сакаат и тоа го имаат дома.

  8. emka Reply

    tocno e za bliznacite ja svasta cuvam ama najinteresni mi se papagalite bidejki mozam da gi naucam da zborat 😀

  9. Maja Reply

    ja sum bik i koga bev mala mnogu sakav pomeranec duri bev obsednata so niv, ali pominaa 10 godini od togas i sega nesakam nikakva vrska so mali kucinja 😀 samo golemo ama da, mazno ubavo gusto krzno obozavam iako si cuvam stafordce, i plus 3 macki 🙂

  10. Maja Reply

    Bik, interesno! tie kucinja mi bea opsesija pa ste pogodile za toj period of mojot zivot, ali posle 15 godini sea si cuvam stafordce, no mi fali edno runtavo i ogromno 🙂

Остави коментар