Астрологијата и раскинувањето пред Нова година
Полека се наближуваат новогодишните празници, а вие веќе имате сè испланирано. Ја одбравте облеката која ќе ја носите на 31 декември, одлучивте каде и со кого ќе ја поминете вечерта, што ќе јадете и пиете и на која музика ќе се забавувате, но сепак чувствувате некаква тегоба во стомакот. Сакате да раскинете со вашиот партнер непосредно пред празниците, но не знаете како да му кажете, бидејќи не сакате да ги повредите неговите/нејзините чувства. Еве каков е пристапот на секој хороскопски знак, кога станува збор за раскинувањето.
Овен, стрелец, близнаци и водолија се директни и искрени и секогаш настојуваат на својот партнер да му ја прикажат вистинската слика. За нив „влечкањето“ во врска во која магијата исчезнала, е без поента. Овенот не го држи долго лутина и го очекува истото од својот партнер. На избувливиот стрелец може да му се случи да потенцира неколку маани на неговиот партнер, кои би било подобро кога никогаш не би ги изустил, но откако лошите моменти ќе поминат, тој ќе каже и неколку охрабрувачки зборови исто така. На близнакот нема да му биде јасно од која причина настанала расправијата. Како и да е, тој секогаш „има на лагер“ неколку идни партнери за секој случај и очекува и неговиот партнер да има резерва исто така. Доколку врската не се одвива во добра насока, водолијата веднаш ќе излезе од неа, но ќе биде пресреќна ако со партнерот останат добри пријатели.
Лав, вага и јарец би се грижеле за последиците од раскинувањето со партнерот во текот на предновогодишната еуфорија и за сите вечерни седенки кои би ги пропуштиле ако останат сингл, па најверојатно ќе почекаат празниците да завршат, пред да ги соопштат лошите вести.
Девица и риби кога би се нашле во ваква ситуација, би се грижеле да не ги повредат чувствата на партнерот со кој некогаш биле толку блиски. Тие најверојатно нема да постапат никако и ќе го избегнуваат чинот на раскинувањето, надевајќи се дека нивниот партнер ќе го стори тоа прв.
Бикот не избрзува со своите заклучоци, одлуки и постапки, но од друга страна тој најчесто знае што сака, а што не. Кога еднаш ќе ја донесе одлуката за раскинување со партнерот, тој нема да се поколеба. Раскинувањата се тешки и болни за обата партнери, но бикот мора да внимава да не звучи премногу злобно кога ќе се најде во таа комплицирана емотивна ситуација.
Рак и скорпија не се „лесни“ кога станува збор за љубовните разделби. Тие се подготвени да ја чуваат во себе тегобата која ја чувствуваат, додека да ги стават на вага предностите и слабостите на нивната врска. Ракот се грижи од аспект дека ако раскине со партнерот, ќе треба да се појави сам во јавност. Скорпијата пак, стравува и се ужаснува од помислата дека последниот разговор со партнерот, за неа ќе преставува страшна емоционална бура.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Близнак – Како и да е, тој секогаш „има на лагер“ неколку идни партнери за секој случај и очекува и неговиот партнер да има резерва исто така. Поточно-амин 🙂
hahahahaha kako za kogo… jas sum bliznak pa ne e bas taka vo moj slu4aj…
Ako ova e tocno, togas iako sum rodena na 13 juni, ne sum bliznak
haha a da ne mi gi cita nekoj mene mislite??? tocno za jarec 😀