Астрологијата и раскинувањето: Овенот пати многу, а Стрелецот најпрво мисли на својата среќа

Астрологијата и раскинувањето: Овенот пати многу, а Стрелецот најпрво мисли на својата среќа

Започнувајќи од криење на своите чувства и не признавање за она што се случило, па сè до лесно справување и соочување со реалноста, погледнете како секој хороскопски знак се справува со крајот на љубовната врска…

Астрологијата и раскинувањето: Овенот пати многу, а Стрелецот најпрво мисли на својата среќа

Овен

Овните патат многу повеќе и подолго отколку што некогаш ќе ви покажат. На прв поглед, припадниците на овој знак изгледаат како воопшто да не се грижат и како да не чувствуваат љубовна болка, но вистината е дека тие патат неизмерно и бескрајно. Токму затоа и се повлекуваат во себе, па само на најблиските ќе им покажат како се чувствуваат.

Како ќе го/ја преболат: Кога ќе помине „драмата“, тие храбро ќе се издигнат и ќе тргнат во победа, бидејќи ќе сфатат дека не треба поради една неуспешна врска да го пуштат својот живот да им помине.

Бик

Тие го ценат мирот и удобноста на долгите врски. Вистинските Бикови добро ќе размислат пред да одлучат да го прекинат својот однос со партнерот, па токму затоа дури и најмала ситница може да им помогне да ја одржуваат врската во живот подолго време.

Како ќе го/ја преболат: Ако се случи најлошото, тие многу брзо ќе се впуштат во нова врска каде што на сила ќе создадат мир и хармонија.

Близнаци

Од сите знаци, тие најлесно се справуваат со крајот на љубовната врска. Без разлика колку тешко велат дека им е, тие поседуваат неверојатна способност брзо да ги заборават сите лоши работи кои им се случиле, а со тоа и брзо да го преболат бившиот партнер.

Како ќе го/ја преболат: Многу брзо по раскинувањето, вистинскиот Близнак ќе најде начин како да освои нова симпатија.

Рак

Раковите долго и искрено плачат и жалат за крајот на љубовната врска. Кога поминуваат низ раскинување, тие имаат чувство како да се распаднал целиот нивен свет и дека тие веќе никогаш повторно нема да можат да го состават.

Како ќе го/ја преболат: Единственото нешто што може да им го олесни патењето е нова личност во нивниот живот која ќе покаже разбирање за нивната душа. Без разлика колку бил болен крајот, тие никогаш не би опростиле неверство.

Лав

Тие тешко покажуваат чувства, па токму затоа и нема да знаете колку точно сте ги повредиле. Покажувањето на неуспехот во врската за нив значи ниска самодоверба. Токму затоа ако почувствуваат дека нивната врска води кон крај, без размислување први ќе му раскинат на својот партнер само за тие да не бидат оставени.

Како ќе го/ја преболат: Тие не се злопамтила, па лошите искуства во врската нема да им ја уништат и вербата во љубовта. Откако ќе ја нахранат својата суета, тие многу брзо ќе се подобрат.

Девица

Девиците не се силно емотивни, но цврсто се врзуваат за луѓе, па токму затоа и тешко поднесуваат раскинувања. Крајот на врските го доживуваат како да им се срушила кула која долго време ја граделе, додека пак промената на животниот простор ја доживуваат како личен неуспех.

Како ќе го/ја преболат: Откако ќе помине малку време, Девиците ќе ги соберат своите мисли, ќе ги „сложат коцките“ и ќе продолжат понатаму. Рутината е она што ги враќа во живот.

Вага

Тие сакаат хармонични односи, без караници, па токму затоа кога ќе забележат дека нештата им бегаат од контрола, тие сами ќе стават крај на врската. Овој знак обожава да ужива, па токму затоа за него љубовниот однос има смисла само додека е полн со уживања.

Како ќе го/ја преболат: Карактеристично за Вагите, особено за мажите, е страста за кокетирање, па токму затоа и често запаѓаат во љубовни искушенија. Токму тоа е и она што ќе ги врати на правиот пат.

Скорпија

Тие многу тешко и болно ги преживуваат раскинувањата. Целото време го поминуваат во анализи на врската со цел да можат навреме да ги откријат потешкотиите кои би можеле да го загрозат нивниот партнерски однос. Скорпијата никогаш нема себе да се обвини за проблемите, бидејќи за неа вината е секогаш кај другата страна.

Како ќе го/ја преболат: Тие ќе ги прикриваат емоциите и ќе прават шеги на своја сметка, додека истовремено патат во себе. По љубовниот бродолом, постои шанса никогаш повеќе да не се вратат во нормала.

Стрелец

Тие лесно ги преживуваат раскинувањата, дури и ако на прв поглед изгледа како да паѓаат во депресија од која нема враќање назад. Тие, пред сè, најпрво мислат на својата среќа, па токму затоа и ретко кога дозволуваат да бидат повредени.

Како ќе го/ја преболат: Тие се ужасно егоцентрични, па ако саканата личност ги остави, можат да се претворат во вистински „гњаватори“ кои ќе се сакаат да ја обноват врската по секоја цена.

Јарец

Јарците се многу срамежливи, па токму затоа и тешко наоѓаат партнер. Но, откако ќе го направат тоа, многу нешта треба да се случат за да раскинат. Па, ако сепак се случи најстрашното и тие стават крај на врската, големи се шансите дека нема со никој да ја поделат нивната тага. Тие попрво ќе ја решаваат својата криза во тишината на нивната соба, отколку да ја споделат со другите.

Како ќе го/ја преболат: Тие ќе се изолираат и ќе размислуваат за сè што се случило. Откако ќе се подобрат, целосно ќе бидат подготвени за нови предизвици.

Водолија

Раскинувањето ги води кон долго анализирање на врската, па токму затоа ќе ја разгледаат од сите страни и ќе го прифатат својот дел од вината. Тие многу тешко забораваат, па затоа и не се склони кон опростувања, но тоа нема никогаш да ви го признаат.

Како ќе го/ја преболат: Изреката дека времето ги лечи сите рани е како измислена за припадниците на овој знак.

Риби

Кога доаѓа крајот на љубовта, тогаш сè им пропаѓа во вода. По раскинувањето, Рибите ги очекува долг временски период за прифаќање на оваа нова ситуација, како и за самата идеја дека биле напуштени. Потоа следи и долг временски период поминат во плачење покрај најблиските кои ќе го понудат своето рамо.

Како ќе го/ја преболат: Тие ќе поминуваат илјадници часови во разговарање со своите пријатели за оваа завршена љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар