Астрологијата и позајмувањето пари од пријател
Како реагирате доколку му позајмите пари на некој ваш пријател и тој не ви ги врати до договорениот период? Можете ли да му/ѝ ги побарате назад, без да го расипете вашето пријателство?
Овните се многу избувливи и кажуваат сè директно во фаца, без да се плашат од последиците кои можат да настанат од тој разговор. Но, овенот не го држи долго лутина, така што тие најверојатно ќе ја избистри настанатата ситуација, побрзо од кој било друг хороскопски знак. Но, ако не му ги вратите парите воопшто, овенот ќе се оттргне од вас и ќе тргне во потрага по подобар пријател.
На бикот воопшто нема да му се допаѓа што е ставен во ситуација да си ги побара назад сопствените пари и дискретно ќе се пожали насекаде, освен кај пријателот на кој му позајмил пари. Ќе помине доста време, пред бикот да реши диво да „експлодира“. Биковите се посесивни луѓе, кои сметаат дека она што е нивно треба да е кај нив, а не кај некој друг. Тие ќе одбијат да направат компромис, ќе си ги земат парите назад и ќе си заминат.
Близнаците постојано ќе му даваат некакви забелешки на нивниот пријател кој не им ги вратил позајмените пари, а таа нивна тенденција ќе станува сè поголема како што ќе одминува времето. Близнаците не сакаат да се чувствуваат искористено и најверојатно еден ќе им се „скине жичката“ и воопшто нема да се грижат за резултатот од таквата нивна постапка.
Ракот ќе се чувствува повредено бидејќи нивната доверба била злоупотребена, но соочувањето со пријателот кој му должи пари, ќе му претставува проблем. Со текот на времето, ракот најверојатно ќе му прости на пријателот, бидејќи тој сака да го гледа само најдоброто во луѓето. Но, ако се чувствува измамено, може да биде безмилосен во коментарите упатени кон пријателот кој им згрешил.
Лавот мрази да се понижува себеси барајќи го назад заемот кој му го дал на негов пријател. Тој очекува сите луѓе да бидат директни и отворени како него, а во спротивно многу се разочарува. Евентуално после извесен период, лавот ќе собере храброст да праша што се случило со заемот и најверојатно ќе остане во пријателски однос со таа личност, без разлика на резултатот што ќе произлезе од разговорот.
Девицата потајно ќе се лути и мурти, но ќе остане верен пријател. На овој знак му е потребен голем напор за да се натера себеси да биде директен и да си го побара она што му следува. Таа постојано ќе им попушта на пријателите кои не ѝ го вратиле заемот назад и ќе ѝ бидат потребни години за конечно да избувне и да си замине од нив.
Вагите се многу директни. За нив договор си е договор и тие очекуваат дека ќе ги испочитувате. Тие се шармантни личности, но знаат да бидат и ситничари и не сакаат нивните пријатели да ги разочаруваат.
Скорпијата ќе размислува, ќе дава саркастични коментари и ќе крои стратегија за исплата. Нејзините непопустливи напори после некое време ќе донесат резултати, но таа никогаш нема да заборави што се случило и ќе размисли дали повторно би се ставила во истата ситуација.
Веселиот и оптимистичен стрелец никогаш нема да крене голема бука, бидејќи знае дека среќата секогаш ги надополнува неговите финансиски средства. Тие искрено укажуваат на грешка, но сепак повеќе ги негуваат пријателствата отколку парите.
Јарците воопшто не сакаат да бидат прашувани за заем, а доколку се случи тоа и парите не им бидат вратени, сериозно ќе бидат навредени. Тие ќе смислат план за исплата и никогаш повеќе нема да му позајмат пари на тој човек, без разлика за кого станува збор.
Водолијата е неопределена кога станува збор за пари и воопшто не е материјалист, па така ќе ја остави целата ситуација само да си пројде. Тие ги обожаваат нивните пријатели, целосно потпирајќи се на нив, па затоа нема да сакаат тој број да се намали.
Рибите мразат соочување, па затоа ќе се обидуваат да ја погледнат ситуацијата од посветлата страна и ќе чекаат работите да се решат сами од себе. Некое време ќе се лутат и ќе замеруваат што биле така изиграни, но после некое време, повторно ќе се вратат на нивниот поранешен ведар и пријателски дух.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.