Астрологијата и љубовните комбинации

Астрологијата и љубовните комбинации

Оваа пролет љубовта веќе се чувствува во воздухот. Дознајте што велат ѕвездите за астролошките љубовни комбинации, кои знаци ги привлекувате, а кои треба да ги одбегнувате.

Астрологијата и љубовните комбинации

Овен

Најдобра комбинација: Секогаш активни и авантуристички настроени, овните бараат партнер кој ќе биде покрај нив. Најмногу си одговараат со спонтаните стрелци, од кои ќе добиваат бескрајна поддршка. Оваа комбинација изобилува со романтични чувства, но и смеа и возбуда. Забавната водолија е исто така одличен партнер за овенот.

Најлоша комбинација: Овните не сакаат да бидат спасувани од други. Тие се независни и рамноправни со партнерот. Заради ова, не им одговараат надмоќни знаци, каков што е бикот, затоа што тој никогаш нема да ја разбере нивната индивидуалност, или ракот кој постојано има потреба од покажување емоции.

Бик

Најдобра комбинација: Топли и полни со љубов и поддршка, на бикот му треба партнер кој постојано ќе му дели комплименти, па дури и подароци, со што Бикот ќе почувствува дека е ценет. Кај партнерот најмногу ги цени верноста и посветеноста, карактеристики кои ги поседуваат раковите.

Најлоша комбинација: Биковите сакаат стабилност и безбедност. Не сакаат игри и нема да останат со некој со кој немаат иднина. Овенот и водолијата се знаци кои постојано имаат потреба да доаѓаат и да си одат, со што ќе предизвикаат посесивност кај Бикот и затоа се најлоша комбинација за овој знак.

Близнаци

Најдобра комбинација: Моногамијата не им е силна страна на близнаците, познати по својата расеаност. Партнерот на Близнаците треба пред сè, да биде постојано ментално стимулиран за да може да ги задржи покрај себе. На близнаците најмногу им одговараат екстровертните лавови, иако и овенот и водолијата се исто толку спонтани како и близнаците.

Најлоша комбинација: Близнаците не сакаат премногу емоционални партнери. Чувствителните риби ќе бидат само повредени од самостојноста на близнаците. Девиците пак, брзо можат да им здодеат. Љубоморните скорпии нема да можат да го издржат тестот на заводливиот магнетизам карактеристичен за Близнаците.

Рак

Најдобра комбинација: По природа несигурниот рак бара романтичен, посветен и заштитнички настроен партнер. Идеалниот партнер за него е оној кој знае да сака безусловно, исто како и самиот рак, но е доволно силен да помогне кога ракот ќе се најде во емоционални турбуленции. Според овие карактеристики, на раковите најмногу им одговараат скорпиите.

Најлоша комбинација: Верноста (која се граничи со посесивност) и чувствителноста на раковите им помага полесно да се обврзат на моногамна врска. Колку силни и да се претставуваат, штом бидат повредени, нема да можат да ја сокријат својата болка. Треба да ги избегнуваат близнаците, затоа што нивната слобода може да ја повреди самодовербата на ракот.

Лав

Најдобра комбинација: Можеби е тоа нивната страсна природа, но повеќето лавови бараат партнер кој ќе може целосно да им го посвети своето вниманите за да се чувствуваат задоволни во врската. Лавовите најдобро си одговараат со посветените бикови или романтичните риби кои уживаат да ги задоволуваат потребите на лавот.

Најлоша комбинација: Штом ќе започнат врска, лавовите се целосно посветени на партнерот. Понекогаш знаат да бидат дури и љубоморни. Флертувањето на партнерот со други може да го скрши срцето на Лавот и штом еднаш ќе бидат предадени, лавовите не простуваат и не забораваат. Стрелецот може да биде добар избор за лавот, но неговата заводлива природа едноставно може да биде премногу за него.

Девица

Најдобра комбинација: Ладнокрвната девица тешко дека ќе биде привлечена од некоја смешна романса, но штом еднаш се вљуби, таа е безусловно посветена на партнерот. Девиците бараат трпелив партнер кој не сака да брза. Јарецот, познат по неговата стабилност и внимателниот пристап кон животот, е одличен партнер за Девицата.

Најлоша комбинација: Бидејќи девиците се многу практични кога станува збор за одлуки поврзани со чувствата, па затоа нивната физичка интимност повеќе се темели на усовршување на техниката, отколку на страста. Ако имаат партнер чиј сексуален нагон го надминува оној на девицата, може да се појави љубомора или преголема самокритичност. За девиците најдобро е да ја избегнуваат огнената скорпија.

Вага

Најдобра комбинација: Елегантни и шармантни, вагите постојано бараат почит од оние кои им значат. Нивниот идеален партнер би требал да ужива додека тие го „задушуваат“ со љубов, пстојано подарувајќи му цвеќе, чоколади или посветувајќи му песни. Водолијата може да ѝ понуди на вагата таква романса и да ги задоволи нејзините потреби.

Најлоша комбинација: Вагите владеат со седмата куќа на партнерството, што го прави овој знак исклучително верен. Од сите видови партнерства, вагите најмногу го сакаат бракот, па така, ако партнерот не е подготвен да се обврзе на подолг рок, само ќе ѝ го скрши срцето на вагата. Девицата, позната како променлив знак, е многу непредвидлива и затоа вагите треба да го одбегнуваат овој знак.

Скорпија

Најдобра комбинација: Хипнотизирачки, опсесивни и љубоморни, но крајно неодоливи, скорпиите се познати по тоа што во еден момент се загреани, а веќе наредниот се ладни. Скорпиите бараат партнер кој цврсто стои на земја додека се обидува да го привлече нивното внимание. Страста за нив е задолжителна, па кога се работи за сексуалната хемија, биковите се најдобар избор за нив.

Најлоша комбинација: Скорпиите целосно му се посветуваат на партнерот, притоа очекувајќи го истото и од него. Додека се безусловно верни, скорпиите истовремено можат да бидат и сомнителни и лути. Знаците кои постојано бараат внимание, како раковите и близнаците, се најлошиот избор за скорпиите.

Стрелец

Најдобра комбинација: Стрелците ги покажуваат своите најдобри карактеристики во романсите кои произлегле од пријателства. Нивниот идеален партнер е авантурист кој е полн со енергија. На стрелците многу им е важно партнерот да има ист став како нивниот. Најмногу им одговараат овните.

Најлоша комбинација: Стрелците ја сакаат својата слобода и никогаш нема да се откажат од неа. Кога се работи за врските, за стрелците е многу важно да го задржат чувството за сопственото постоење и не можат да бидат со партнер кој ја задушува и ограничува нивната слобода. Најлош избор за стрелецот е скорпијата.

Јарец

Најдобра комбинација: Водени од успехот, на јарецот му треба партнер кој е подеднакво амбициозен во неговите цели. Јарците бараат зрел, одговорен и доверлив партнер. Вредниот бик кој има тенденција за обврзување, е одличен избор за јарецот.

Најлоша комбинација: Јарецот е внимателен со своето срце, но штом ќе се вљуби, тој со текот на времето станува сè повеќе посветен на партнерот. По малку сомнителни, јарците можат да бидат доста љубоморни. Заводливите знаци, како што се близнаците, кои слободно флертуваат со други, се најлош избор за јарците.

Водолија

Најдобра комбинација: Според водолијата, комуникацијата е најважен елемент за секоја успешна врска. Потребен им е партнер кој интелектуално ќе ги стимулира, ќе ја разбере нивната индивидуална природа и ќе ги почитува како рамноправни. На водолијата најмногу ѝ одговара вагата.

Најлоша комбинација: Помалку емотивни, водолиите најмногу ја сакаат својата независност. И покрај тоа, ги почитуваат барањата и обврските на партнерот. Иако се чини дека водолиите знаат да збеснат на моменти, тие се навистина верни и не поднесуваат љубоморно однесување од страна на партнерот. За водолиите најлош избор се скорпиите.

Риби

Најдобра комбинација: Најчувствителниот астролошки знак, рибите, бараат партнер кој ќе може да ја разбере нивната емотивна природа и ќе им понуди безбедност. Рибите ќе му дадат на својот партнер сè што имаат и токму заради тоа се доста ценети од спротивниот пол. Заслужуваат партнер кој е посветен и внимателен. Најмногу им одговараат водените знаци, рак и скорпија.

Најлоша комбинација: На рибите им треба трпелив и сочувствителен партнер, а не некој кој ќе ги осудува дека се премнигу емотивни. Тие анализираат сè и на работите гледаат како да се или целосно црни, или целосно бели. Рибите се преголеми сонувачи за близнаците, кои не можат да им ја обезбедат духовната и емотивна врска која им е потребна на рибите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Anomis Reply

    Vrska nema horoskopov 🙂 Za eden znak pisuva deka si odgovara so nekoj drug, a drugiov pa deka ne si odgovara so prviov, smeski 😀

  2. milan Reply

    значи близнаците ги нема во добра комбинација со некој знак, forever alone близнаци 😛

  3. anonimna Reply

    хахах на лав му одговара риби – абе ајдее лавовите и рибите не се поднесуваат… :/

  4. . Reply

    Девицата кутра на никој не е најдобра комбинација

  5. хехе Reply

    а зошто на раковите не пишува дека рибите му одговараат ?

  6. рибичка Reply

    па рибите на никој не се најлоша комбинација ♥

  7. Hah Reply

    Kaj rakovite kako najdobra kombinacija se spomenati sporpiite, dodeka kaj skorpiite rakot e vo najlosa kombinacija.
    Resete se, si odgovaraat ili ne?
    😀 😀

Остави коментар