Астрологијата и говорот на телото

Астрологијата и говорот на телото

Секој хороскопски знак можеме да го познаеме според изгледот и карактеристичното држење. Еве како се однесува секој од припадниците на зодијакот.

Астрологијата и говорот на телото

Овен

Без разлика на физичкиот изглед, настапот на овенот е секогаш сигурен и одлучен. Движењата му се разиграни, сигурни и вешти, кога разговара, соговорникот го гледа во очи, а кога самиот нешто сака да каже, без двоумење го прекинува соговорникот. Овните секогаш се туркаат пред другите, одат со  брзи и отсечни чекори, честопати со главата кон напред.

Бик

Речит поглед, муртење, ситни брчки околу устата и подигнати веѓи, сето тоа е говор на лицето кај бикот. Со движењата и гестовите, припадниците на овој знак, едвај дозволуваат да се насети нивната сензуалност и еротичност, но кога ќе почувствуваат дека се на сигурен терен, нивните движења стануваат поспонтани и поотворени.

Близнаци

Според говорот на телото спаѓаат во најречитите знаци. Многу се зборлести, љубопитни, весели, забавни и темпераментни, а со рацете зборуваат како пантомимичари. Нивната подвижност е лесно воочлива. Преместувањето од нога на нога, потребата постојано нешто да држат или превртуваат во рацете, поглед што шара, сето тоа се нешта кои зборуваат дека тие и во најмирните ситуации се вистински деца на својот управител, немирниот Меркур.

Рак

Припадниците на овој знак многу тешко можат да изгубат контрола над самите себе со користење на говорот на телото. Но, сепак нивната воздржаност и претпазливост која се огледува во нивните очи, можеби покажува несвесна потреба за разбивање на нивната крута надворешност, која всушност е најчесто резултат на нивната несигурност. Сензуалноста кај раковите може да се почувствува според менувањето на тонот во зборувањето, малку поцврстото стискање на раката, долгите погледи и неконтролираното треперење, кое станува забележливо во нивните најинтимни моменти.

Лав

Лавот се истакнува со својата способност за себе да создаде слика на возвишеност, особеност и авторитет. Неговата суетност и префинета смисла за убавина, се огледуваат во вродената страст за педантна грижа околу секој детаљ од сопственото тело, на која потполно ѝ се предава. Убавината на машките претставници кои скоро имаат манија постојано да бидат во одлична форма, е пропорционална на сензуалноста и префинетоста на жените кои се родени во овој хороскопски знак.

Девица

Гестикулацијата и мимиките кај овој знак се сведени на минимум, но тоа малку што се гледа, доста зборува за нив. Колку и да се трудат, понекогаш не можат да ја скријат нервозата поради која тропаат со нозете или ја чепкаат косата, со што ја разбиваат извежбаната воздржаност и мирен поглед. Колку се поуспешни, емотивно постабилни и поздрави, толку движењата им се посигурни и смирени.

Вага

Женските ваги испраќаат заводливи, но не и вулгарни пораки, а и машките ваги на особено својствен начин ќе дадат до знаење дека ја забележале секоја жена што поминала покрај нив. Привлекувањето внимание на спротивниот пол, е клучот за разбирањето на говорот на телото на вагите. Тие сакат да им оставаат добар впечаток на луѓето, да воспостават телесна комуникација и да ја испробаат својата заводливост. Мажите се потемпераментни и поотворени, а жените се кокетни и по малку дистанцирани.

Скорпија

Говорот на телото им е непосреден, но сепак по малку таинствен. Начинот на кој се движат и гестикулираат ја покажува нивната моментална состојба на духот, дури и тогаш кога сакаат тоа да го скријат. Во ситуации на напнатост, рацете им се прекрстени, усните стиснати, а погледот насочен во непознат правец. Ако за некого може да се каже дека со поглед може да убие некого, тогаш тоа е скорпијата.

Стрелец

Луѓето од овој знак можат да бидат особено убави, но понекогаш и однесувањето и изгледот можат да им бидат по малку агресивни. Имаат исправено држење, зрачат со ведрина, самодоверба и безгрижност. Многу од стрелците се вистински протагонисти на љубовта на прв поглед, токму поради нивната неодолива привлечност и скоро животинскиот инстинкт. Кога некој ги привлекува, покажуваат отворена потреба за неговата близина, па дури и на јавно место.

Јарец

Движењата му се скоро војнички извежбани, но ако подолго го набљудувате, ќе забележите дека неговото однесување се менува во присуство на некој што му се допаѓа. Во такви ситуации концентрацијата му се намалува, па наместо да го следи разговорот, тој се почесто бара нешто да му се повтори. Сите случувања што се поврзани со неговата кариера, влијаат на промените на неговото држење, одење и количината на енергија која ќе ја вложи во работата.

Водолија

Како што се чувствуваат, така и се однесуваат, независно од тоа кој е покрај нив, но со текот на годините работите се менуваат. Сталожената ладнокрвност на повозрасните машки водолии, е резултат на нивната некогашна способност да ги изразуваат своите мисли и чувства со бурна и спонтана гестикулација. Жените водолии во зрелите години зрачат со благост и толеранција, како контраст на бунтот во младоста.

Риби

Нивната динамичност и отвореност во контактите со другите луѓе, е поврзана со нивната неспособност да останат мирни и статични, дури и тогаш кога имаат прилика за тоа. Несигурноста и потребата да најдат сродна душа, ги тера да комуницираат и со сосема непознати личности. Гестикулацијата никогаш не им е претерана, туку најчесто пријатна и симпатична. Кога се расположени гестикулираат живо, но кога не се, ги мрзи дури и погледот да го свртат.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар