Астрологијата го опишува вашиот сексуален живот со само една реченица

Астрологијата го опишува вашиот сексуален живот со само една реченица

Секој хороскопски знак е специфичен во однос на сексуалниот живот и различни нешта го возбудуваат според ѕвездите под кои бил роден. За некои тоа е грубиот секс, додека пак, за други не постои ништо поневеројатно од водење љубов. Па, доколку верувате во астрологијата и сакате да откриете нешто повеќе за вашиот или сексуалниот живот на партнерот, или пак, едноставно тука сте за забава, тогаш продолжете со читање. Можеби нема да го откриете сексот што во моментов го имате, но тоа е дефинитивно тоа што го посакувате!

Астрологијата го опишува вашиот сексуален живот со само една реченица

Овен

Влечење на косата и благо удирање на задникот по неколку чаши вино.

Бик

Задржување на погледот кон очите и создавање интимна поврзаност што го надминува физичкото.

Близнаци

Еден ден сте доминантни, со камшик во дланка, а следниот сте потчинети со лисици на рацете.

Рак

Водење слатка љубов и оставање на облеката расфрлена насекаде низ домот додека се гушкате.

Лав

Толку се гордеете со вашето тело што се чувствувате како бог/божица додека партнерот ве гледа на секси начин.

Девица

Толку долго сте испреплетени што вашите тела стануваат едно и оргазмот кај едниот предизвикува оргазам кај другиот.

Вага

Му дозволувате на срамот да се сокрие и ја заземате позицијата одозгора за да добиете посилен оргазам.

Скорпија

Ве туркаат на креветот и потоа се борите еден со друг додека ги чувствувате бакнежите од него/неа на вашиот врат.

Стрелец

„Непланирано“ спиете со личност која се надевате дека ќе остане во вашиот кревет до следното утро и ќе појадува со вас.

Јарец

Ги правите најексцентричните сексуални нешта што можете да ги замислите за да се оттргнете од стресот во секојдневниот живот.

Водолија

Му дозволувате на партнерот да преземе целосна контрола додека вие се опуштате со главата „фрлена“ наназад.

Риби

Смеењето и стенкањето се вашите најдобри пријатели сè додека и двајцата не постигнете оргазам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар