Астрологијата ги открива најморничавите страни на вашиот хороскопски знак

Астрологијата ги открива најморничавите страни на вашиот хороскопски знак

Секоја личност понекогаш фантазира, а како дел од тие фантазии може да се најдат и некои морничави работи кои иако никогаш не би можеле да станат јаве, сепак се дел од нивното мечтаење. Во продолжение пронајдете го вашиот хороскопски знак и откријте ја својата темна страна.

Најморничавите работи кои ги правите врз основа на хороскопскиот знак

Овен

Вие секогаш размислувате за смртта. Кога одите, се прашувате што би се случило доколку се појавите пред автомобил кој е во движење, а додека возите, се прашувате што би било доколку преминете во спротивната лента за возење. Вие сте опседнати со смртта.

Бик

Вие многу ги демнете другите. На пример, поминувате повеќе часови вртејќи ги најновите објави на Фејсбук и Инстаграм, па доколку ја забележите вашата симпатија или претходниот партнер со некој друг на некоја фотографија, тогаш испитувате буквално сѐ за таа личност.

Близнаци

Вие сте вешти лажговци. Можете да измислите каква било приказна и да ги натерате луѓето да веруваат во неа. Понекогаш лажете само за забава и за да дознаете дали луѓето ќе ви поверуваат. Интересно е што секогаш имате позитивни резултати.

Рак

Вие станувате опсесивни. Кога се состанувате со некоја личност, таа ви станува сѐ. Вие сте таков вид човек што би го обвиниле вашиот партнер дека ве мами и не би почувствувале ниту малку вина за тоа, дури и кога немате докази.

Лав

Понекогаш си го замислувате вашиот погреб. Си замислувате кој би се појавил прв, кој би плачел најмногу и кој најмногу би го повредила вашата смрт. Тоа е болна фантазија која прави да се чувствувате важни.

Девица

Во текот на денот, вие сте невин мал ангел, но во ноќните часови вие фантазирате за секс и низ вашиот ум поминуваат слатки бизарни работи што не би сакале да ви се случуваат и во реалноста.

Најморничавите работи кои ги правите врз основа на хороскопскиот знак

Вага

Историјата на пребарување на вашиот компјутер застрашувачка. Вие постојано гледате некои вознемирувачки работи, па ако некој друг добие пристап до вашиот компјутер, би помислил дека сте сериски убиец.

Скорпија

Одеднаш може да ви се појават токсични мисли. На пример, кога држите некое мало животно, помислувате колку лесно би можеле да го повредите. Никогаш не би направиле вакви работи, но постојано ви доаѓаат некои такви мисли.

Стрелец

Вие можете да погледнете некого во очи и да му кажете дека неговата стара баба починала, без да пролеете ниту една солза. Понекогаш чувствувате емоции на начинот на кој би требало да го правите тоа. Понекогаш едноставно занемувате.

Јарец

Ја планирате смртта на вашите пријатели и членовите на семејството. Не дека сакате да ги повредите, туку тоа ви е еден вид ментална вежба. Вие се обидувате да сфатите како би се извлекле од секое убиство, само за да видите колку сте паметни.

Водолија

Повеќе пати имате си помислено што би рекле за време на погребот на вашата мајка, татко или најдобар пријател. Тие не се болни, но вие сакате да бидете креативни.

Риби

Додека фантазирате, вие си замислувате некои застрашувачки работи, како на пример што би се случило ако одеднаш некој влета во канцеларијата и се обиде да пука во вас. Во вашите мрачни фантазии вие се гледате себеси како херој, како личност која го убива лошото момче и ги доведува работите во најдобар ред.

Најморничавите работи кои ги правите врз основа на хороскопскиот знак


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар