Астрологија за душата: Ова е време за конечна одлука

Астрологија за душата: Ова е време за конечна одлука

Во овој период многумина можеби ќе почувствуваат некаков притисок да донесат одлука, патоказ за својот живот. Астрологот Кајпача, кој се занимава со астрологија за душата од аспект на целиот Зодијак, вели дека нашата слобода лежи во способноста да избираме и да одлучуваме. Неговите прогнози се поопшти од вообичаениот хороскоп. Според него, во моментов е поволен период секој хороскопски знак да ги согледа своите опции, особено затоа што Уран поминува низ знакот Бик, откако претходно седум години ги поминал во знакот на Овенот.

Астрологија за душата: Ова е време за конечна одлука

Дали треба да останеме исти или да се промениме?

Влијанието на Марс и Уран ќе се чувствува кај сите знаци до септември, особено во барањето одговор на прашањето дали треба нешто да промениме кај себе. Но, астрологот Кајпача потенцира дека промените секогаш се добредојдени. Во месецот на Бикот треба да научиме дека љубовта кон себе е безусловна и да се прифатиме самите онакви какви што сме.

Со влегувањето на Марс во знакот Водолија, многумина ќе одлучат да ги прошират перспективите и да се подобрат во она што се, но и во своите навики, аспекти, растење и зрелост.

Време е за одлука!

Планетата Јупитер со своето влијание низ знакот Скорпија ќе донесе период на подобрување на интимните врски, но и засилено внимание поради емотивната ранливост. Слободата на човекот лежи во неговата способност да бира, а до крајот на оваа година секој хороскопски знак ќе биде ставен пред некаков избор, поради што ќе треба да одлучува што е најдобро за него.

Астрологија за душата: Ова е време за конечна одлука

Постапувајте најдобро што можете, водете се од љубовта

Планетите Уран и Марс носат отворање и будење, но и подобар пристап кон себе, своите врски и работата. Периодот кој следува често ќе ве става пред избори, а вие ќе треба да одлучувате. Исто така, со помош на овие избори, ќе откриете што сакате да бидете и што правите правилно во животот, а што не.

Астрологот Кајпача советува секој да го направи најдоброто што го умее, а да се води од љубовта и нежноста, бидејќи можен е период на изладени емоции и неумесни постапки кај некои луѓе.

Повторно раѓање

Во следниот период Сонцето влегува во знакот Близнаци, а тоа значи дека сите треба да се посветат на комуникацијата, разговорите, но и длабокото и широкото разбирање на самите себе. Сепак внимавајте, бидејќи комуникацијата некогаш може да биде напорна за вас или за соговорникот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар