Астрологија: кој маж е најдобар љубовник? - Part 3

Астрологија: Кој маж е најдобар љубовник?

Вага – Самобендисан тип

Како да го препознаете: шармантната и елегнатна Вага најчесто ќе ја најдете во елитни ресторани и уметнички галерии.

Негов пример: Мајкл Даглас – машките Ваги ја сакаат и ја ценат убавината, но во комбинација со младоста.

Добри страни: Повеќе се склони кон долги врски, отколку кон краткотрајни авантури.

Недостатоци: Не сакаат да се караат, но ниту разговори на повисок тон не доаѓаат во предвид.

Како да постапувате со него : Секогаш треба да бидете дотерани и во топ форма, доколку сакате да го освоите мажот Вага. Во секој случај, немојте да му се појавувате пред очи, со несредена бикини-зона.

Колку можете да му верувате: Оцена 3. Опасните и страсни ситуации за него се многу напорни и неиздржливи. Гледајте да ги избегнувате.

Колку е романтичен: Оцена 5. Со Вагата управува Венера, планетата на љубовта. Затоа, нема да згрешите ако му спремите вкусна вечера со цвеќиња и свеќи.

Каков е во кревет: Оцена 3. Вагите баш многу не сакаат да се потрудат, па најчесто поради тоа сѐ е оставено во ваши раце. Притоа, не смеете да заборавите да го вовлечете стомакот.

Скорпија – Секс машина

Како да го препознаете: Неговиот продорен поглед, кој е како рендгенски зрак, би можел да ве исфрли од рамнотежа. Имено, тој не знае дека не е пристојно да се зјапа во жени.

Негов пример: Рајан Гослинг во филмот „Drive“ (Возење) – страстен, таинствен и згоден.

Добри страни: Во кревет е вистински талент!

Недостатоци: Иако делува кул додека му раскажувате за вашите претходни врски, Скорпиите се исклучително љубоморни и посесивни.

Како да постапувате со него: Со оглед на тоа што флексибилноста не е нивна карактерна особина, треба да бидете попустливи.

Колку можете да му верувате: Оцена 5. Тој е исклучително лојален. Кога еднаш ќе реши дека вие сте совршената личност, шансите се големи тоа така и да остане.

Колку е романтичен: Оцена 4. Интензитетот на неговата страст, ви е тотално неодолива.

Каков е во кревет: Оцена 5. После само една ноќ помината со Скорпијата, никогаш повеќе нема да се чувствувате како порано. Најдобри се Скорпиите коишто се тивки и интровертни.

Стрелец – Слободен дух

Како да го препознаете: Стрелецот го краси неодоливата комбинација од несмасност и оптимизам. Имено, постои голема веројатност да преврти барем една чаша во бар, а притоа да делува како да не му е непријатно.

Негов пример: Бред Пит, кој е претставник на кул и трендовски настроените Стрелци.

Добри особини: Великодушен е, склон кон авантури и исклучително е забавен.

Недостатоци: Непромислен и фалбаџија кој многу се расфрла, особено со кредитни картички.

Како да постапувате со него: Почитувајте ја неговата самостојност и немојте да се обидувате да се грижите за него.

Колку можете да му верувате: Оцена 1. Стрелецот се храни со ризици, а поигрувањето со туѓите чувства е негова најдрага игра.

Колку е романтичен: Оцена 3. Стрелците не се многу по романтиката, но и оние наједноставните Стрелци се великодушни, импулсивни и инспиративни.

Каков е во кревет: Оцена 2. Неговиот ентузијазам и креативност, донекаде ја подобруваат неговата несмасност во кревет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар