Астрологија: Кој маж е најдобар љубовник?
Доколку сте ексцентрични и сакате невообичаени работи, водолијата е идеален избор за вас, меѓутоа доколку сте во потрага по некој кој ќе ужива во сексот исто колку и вие, тогаш треба да се одлучите за скорпијата. Прочитајте како астролозите ги оценуваат сексуалните вештини на мажите, според нивниот хороскопски знак.
Овен – Маж од акција
Како да го препознаете: Тој е вистински мачо кој го третира секое машко како маж и секоја жена како дама. Тоа само по себе е доволно за да го препознаете. Воедно, има и специфично високо чело и брз од, со оглед на тоа што секогаш некаде брза.
Негов пример: Расел Кроу во „Гладијатор“
Добри страни: Постои голема веројатност да ве избезуми со неговата енергичност, отвореност и упорност и да предизвика затресување на вашите колена од возбуда.
Недостатоци: Поради неговиот експлозивен карактер, честопати губи живци и очекува од вас тоа да го прифатите како нормална работа.
Како да постапувате со него: Високите потпетици и краткото здолниште, за жал нема да бидат доволни доколку не сте секогаш еден чекор пред него, во секоја смисла на зборот.
Колку можете да му верувате: Оцена 4. Сака да ја истакне неговата доверливост и лојалност, но не е баш таков.
Колку е романтичен: Оцена 4. Неговата романтика е од многу едноставна природа. Тој е вистински витешки заштитник.
Каков е во кревет: Оцена 5. Управуван од страсниот Марс, овенот е брз и див во кревет и сака често да биде интимен.
Бик – Карпа човек
Како да го препознаете: Згодниот Бик најлесно можете да го препознаете по надворешниот изглед. Имено, за облекувањето, како и за сè друго што го прави, има стил. Делува силно и доверливо.
Негов пример: Пирс Броснан – јак, згоден, но и чувствителен како Џејмс Бонд. Зарем ова не звучи совршено?
Добри страни: одличен е во сексот, страстен и упорен, но без емоции. Сепак, женската проблематика не му е одбивна, така што во кревет е во состојба да го стори токму она што го посакувате.
Недостатоци: Биковите сакаат да се хранат добро и обилно, а тоа го очекуваат и од своите партнерки. Според тоа, заборавете на диети додека сте со него, ако сакате да го задржите.
Како да постапувате со него: на вашите хистерични испади, тој ќе се повлекува.
Колку можете да му верувате: Оцена 5. Познат е по својата лојалност и никогаш нема да ја изневери вашата доверба.
Колку е романтичен: Оцена 3. Верува во љубовта и сака да дарува. Но, за жал, сето тоа завршува откако ќе ве придобие.
Каков е во кревет: Оцена 5. Страстен е и сензуален. Но, проблемот е тоа што мисли дека сѐ може да се реши со секс.
Близнаци – Непоправлив заводник
Како да го препознаете: од сите хороскопски знаци, тој е најголемо дете и можете да го препознаете по детската гестикулација. Обрнете внимание на истакнатите движења на неговите раце, додека зборува.
Негов пример: англискиот актер Руперт Еверет во филмот „My Best Friend’s Wedding“ (Свадбата на мојот најдобар пријател) – паметен, духовит и урбан маж.
Добри страни: доволен е еден Близнак во друштвото, за да биде забавата загарантирана.
Недостатоци: Машките Близнаци секогаш делуваат како да не се во врска, дури и кога нивната партнерка седи покрај нив. Животот ќе ви биде поедноставен ако научите да го делите со остатокот од светот.
Како да постапувате со него: Оставете го да погодува како се чувствувате. Не го оптоварувајте со длабоки и јаки чувства, туку бидете кул и потрудете се да бидете интересни и духовити во негова близина.
Колку можете да му верувате: Оцена 2. Заборавете на сигурноста, туку сакајте го токму поради неговата непредвидливост.
Колку е романтичен: оцена 3. Добар е со реплики и комплименти како актерот Кери Грант.
Каков е во кревет: Оцена 3. Темпераментен е и склон кон експериментирање и е идеален доколку сакате опуштен, а не страстен и исцпрувачки секс.