Астрологија: Како да ја задржите витката линија?
Каква храна му одговара на вашиот хороскопски знак и која е вашата тајна за витка линија?
Овен
Поради вашата енергична природа, лесно ги согорувате калориите и не ви е потребно многу време за да ја намалите вашата тежина. Меѓутоа, кога ќе здогледате фина трпеза, не можете да ѝ одолеете. Ќе имате проблем со тежината доколку работата ви е врзана со бирото, поради што ѕвездите ви советуваат да постите една седмица во месецот. Јадете многу овошје и внесувајте доста течности, особено чаеви кои ќе ви помогнат да ја отстраните надуеноста од стомакот. Внесете супа од зеленчук и интегрални житарки во вашата редовна исхрана, за да создадете навика за здрав живот. Не бидете нетрпеливи кога пред вас гледате вкусна, а тешка храна, бидејќи последиците од тоа ќе бидат долгорочно видливи на вашето тело.
Бик
Борејќи се против својата тежина, вие го поминувате поголемиот дел од животот во битка за добра линија. Проблемот е тоа што, честопати уживајќи во храната се прејадувате. Како познати гурмани во зодијакот, вие обожавате да готвите како за себе, така и за своите најблиски. Вие можете и понатаму да ја јадете највкусната храна и да јадете сѐ што ќе посакате, но не во преголеми количини. Слатката храна заменете ја со комбинација од овошје и интегрални кекси. Бидејќи честопати имате кризни моменти, гледајте во секој момент да ви се наоѓа суво овошје при рака. Од месото не треба да се откажувате, само треба да го приготвувате без масло, а зеленчукот потпечете го на скара, исто така без масло.
Близнаци
Доколку имате проблеми со тежината, причината е веројатно тоа што секогаш јадете додека одите. Не ви е грижа за храната и не размислувате за неа. Поради тоа честопати се храните нездраво. Во своите оброци треба да вклучите храна која ќе му помогне на вашето здравје и линија. Во ситуациите кога ќе решите да нарачате сендвич од некаде, одлучете се за некој со салата и интегрален леб. На вашиот организам му одговара бело месо, јогурт и сирење. Уживајте честопати во салата со неколку парченца пилешко или мисиркино месо или пак во грчка салата со солено сирење.
Рак
Обожавате да готвите, а најинтересниот дел од тој процес ви претставува декорирањето на чинијата. Сакате убаво поставена трпеза, која мами со мирисот и изгледот. Во вашата кујна преовладуваат емоциите, па честопати додека ја подготвувате храната, си поткаснувате и кога не треба. Кога ќе сфатите дека храната не треба да ви биде утеха, вашата фигура ќе заблеска во својот полн сјај. Слава точка ви се колачите и грицките. Ако направите торта, немојте да ја изедете целата сами. На вашиот организам одлично ви одговара месечевата диета, бидејќи Месечината управува со вашиот хороскопски знак. Пијте многу чаеви и вода и разграничете ги емоциите од чувството за глад.
Лав
Вие обожавате „тешка“, совршено приготвена храна: убаво сирење, сувомеснати производи, бифтеци и сласни чоколадни торти. Можеби не се храните од златна лажичка, но вие дефинитивно сакате да го имате најубавото парче „злато“ во својата чинија. Кога јадете лоша храна, така и се чувствувате. Ѕвездите ве советуваат секогаш да имате разнобојна храна во вашиот оброк. Зелена, жолта, црвена – шарената храна е вистинскиот избор за вас, бидејќи таа е вистинскиот луксуз за вашиот организам. Пробајте ја кинеската или тајландската кујна, кои може да ви се допаднат, поради чудните комбинации од благо и кисело.
Девица
Вие сте свесни за доброто здравје кое следува од состојките што секојдневно ги консумирате. Покрај јадењето здрава храна, вие се занимавате и со вежбање јога или пилатес. Девиците најчесто е толку витки, што им е потреба диета за дебелеење. Ваша евентуална слаба точка, се пороците како алкохол и цигари. Потребно ви е повеќе сон и помалку вечерни излегувања. Пијте овошни сокови и чај од слез, за да ги прочистите вашите дишни патишта. Постете еден ден во неделата, со сокови од свежо овошје и зеленчук. Во текот на празниците, немојте да претерувате со тортите и колачите, бидејќи за вас и две парчиња можат да бидат премногу.
Вага
Кога вие се поправате имате вистинска среќа, бидејќи вишокот килограми ви се распоредува на вистинските места. Сепак, треба да се воздржите од јадењето месо. Вие обожавате да седите во друштво во комбинација со добра храна, па често ви се случува да седите во ресторан со часови, да разговарате и да јадете, а потоа со денови да се оправувате. Сепак, доколку тоа го правите, не заборавајте дека клучна работа е рамнотежата. Одлучете се за овошна детоксификација или за десетдневен пост во месецот. Немојте да заборавите да внесувате и многу течности. Исто така, јадете кисела храна, која најлесно можете да ја вклучите преку салатите. За десерт практикувајте компот.
Скорпија
Или гладувате, јадете нешто лесно и немате потреба од сериозен оброк или напаѓате сѐ пред себе и јадете како за двајца. Скорпиите имаат апетит кој често зависи од околности кои не се поврзани со кујната. Поради целулитот кој ги напаѓа и кој им смета во текот на летото, најубаво е да пијат зелен чај во што поголеми количества. Лененото масло исто така може да им помогне брзо и лесно да се ослободат од наталожените маснотии. Поради својата голема сила, тие се најбројни во секоја сала за вежбање. За нивниот организам, одлични се овошните коктели во комбинација со малку млеко.
Стрелец
Припадниците на овој знак обожаваат да се хранат надвор од дома. Без разлика дали се во друштво, на романтична вечера или во град, важно им е секогаш добро да се најадат. Не сакаат да работат во кујна, но сакаат вкусен оброк кој не е послужен во хартиена чинија. Познати се по својата љубов спрема спортот, па одржувањето линија не им е слаба точка. После вежбањето, веднаш се упатуваат кон фрижидерот, што подоцна страшно ги лути. Сепак доколку имаат свежи и здрави состојки или некој здрав зготвен оброк, тоа не е некој голем проблем. За здрав изглед на стрелците, им е потребно повеќе варена храна и супи.
Јарец
Вашата природна линија е за завидување. Обожавате јадења кои брзо се приготвуваат, но и кои се многу здрави. Затоа во вашето идеално мени, се наоѓа рибата. Рибата ја сакате приготвена на секаков начин, но најмногу во прилог со варен зеленчук. Многу често сте самокритични, повеќе отколку што е потребно. Изгледате свежо, а тенот ви е секогаш чист. Треба да правите вежби за бутовите и нозете, па немојте да заборавите да пешачите, да трчате, да возите велосипед, а доколку сте во можност и да одите на пливање.
Водолија
Вие имате тенденција да јадете неконтролирано, но само кога сте во друштво. Бидејќи не поднесувате досада, често сакате да ја победите посетувајќи интересни ресторани, во кои сакате да пробувате од сѐ по нешто. За среќа, досадата знаете да ја победите и со спортување, па правите некаква рамнотежа. Водолиите често работат како дегустатори или како шефови на кујни, но само во ресторани кои нудат нешто ново и специјално. Подготвувајте си за себе повеќе мали оброци и јадете слатки во кои има овошје. Искористете ја својата имагинација во готвењето.
Риби
Вие сакате слатки и мрсна храна, како на пример тестенини прелиени со неколку врсти растопено сирење. Акумулираните килограми најлесно ќе ги изгубите со танцување. Одберете го вашиот омилен стил и наместо посета на ресторан, определете два дена во неделата во кои ќе одите на танцување. Тука се крие вашата фигура од соништата, но и насмевката која ќе ве растера од вашата сонлива состојба. Познати сте како љубители на појадокот, па во првиот оброк во денот, внесувајте повеќе прочистувачи на организмот. Покрај парче тост со мед, изедете една шолја пире од јаболка и испијте една чаша сок од цитрус.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.