Астро водич за љубов: Како да го освоите за цел живот?

Астро водич за љубов: Како да го освоите за цел живот?

Без разлика дали сте во долга врска или ја барате вашата друга половина, љубовта значи да се биде отворен за самата љубов да се обнови, прошири, разубави… Нека ве води вашиот знак.

astro-vodich-za-ljubov-kako-da-go-osvoite-za-cel-zhivot-kafepauza.mk

Огнени знаци (Овен, Лав, Стрелец) – Вежбајте заедно

Како огнен знак, вие сте во состојба да запалите оган така што ќе ги земете предвид интересите на партнерот.

Ако сте во врска: Дали вашиот партнер, на пример, обожава да џогира, а вие мразите да трчате? Препорака е заедно да се запишете во теретана, на танц или на што било, што двајцата сакате да го правите. Така ќе останете подолго време заедно. Покажете дека ви се важни желбите на партнерот.

Ако сте сами: Прашајте го кои му се омилени активности и пробајте ги. Можеби ќе откриете ново хоби и нова љубов.

Земјени знаци (Бик, Девица, Јарец) – Заедничко уживање

Вашата практична природа како земјен знак може да ви помогне да достигнете многу во вашата кариера. Давањето практични подароци, како што се, на пример, правосмукалка, апарат за бричење… не е вистински избор во љубовната врска.

Ако сте во врска: Бидете храбри и покажете дека ви е грижа за драгата личност. На пример, резервирајте едно попладне заедно да одите во спа-центар.

Ако сте сами: Пробајте да се запишете на некој курс, на пример за готвење, производство на вино. Научете нешто ново, а можеби ќе запознаете некој нов…

Воздушни знаци (Близнаци, Вага, Водолија) – Романтичната вечера секогаш успева

Многу сте дисциплинирани, па вашиот шеф никогаш не мора да ве потсетува на обврските. Никогаш не доцните со плаќање на сметките. А што е со љубовта?

Ако сте во врска: Искористете ја таа дисциплина и размислите за некои нови начини да ја зачините вашата врска (вечера со свеќи, релаксација во када…).

Ако сте сами: Вие сте одличен истражувач, и би биле добар детектив. „Прелистајте го“ малку интернетот.

Водени знаци (Рак, Скорпија, Риби) – Сетете се на добро излегување

Вдишете и нурнете длабоко. Подобро отколку да се предомислувате „сакам ли… или пак не“, како што вообичаено правите.

Ако сте во врска: Испланирајте ден само за вас двајцата, од утро до вечер. Посетете ги вашите стари места, излезете во некој ресторан на вечера.

Ако сте сами: Дали сакате љубов како во бајките? Разговарајте слободно со вашите пријатели за вашите желби. Никогаш не се знае која е вашата друга половина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар