Астро фитнес: Прилагодете ја вашата фитнес рутина според вашиот хороскопски знак
Ако сакате да живеете здрав и исполнет живот, мора да се грижите за вашето тело на вистинскиот начин. Тоа значи дека и вежбањето мора да стане дел од вашата секојдневна рутина. Дали знаевте дека тренингот може да се креира според вашиот хороскопски знак? Еве како!
Овен
Сакате силен тренинг, па голема корист имате од кардио вежбите кои ослободуваат од стресот. Не треба да се откажувате доколку резултатите не се гледаат во истиот момент, туку да бидете упорни и посветени. Направете го тренингот интересен! Комбинирајте ги вежбите со активности како што се тенис или возење велосипед, или пак приклучете се на група која се подготвува за маратон.
Бик
Преферирате удобна и опуштена рутина. Ако го оптоварите вашиот распоред со тренинг, набрзо ќе започнете да се чувствувате уморно. Концентрирајте се на активностите во природа. Одлучете се за брзо одење во друштво со вашата пријателка, благ џогинг, стомачен танц или тенис. Додека вежбате, задолжително слушајте музика и изберете инспиративно и сликовито опкружување.
Близнаци
Вежбањето за вас е одличен начин да ги одржувате телото и умот во форма. Кога ќе ги соберете сите потребни информации за режимот на исхрана и фитнес програмата, започнувате да се движите кон најдобри резултати. Ќе уживате во програмите кои вклучуваат друштво. Играње фризби во парк, шетање со миленик, бадминтон, одбојка на песок, сѐ доаѓа предвид додека ве движи и ментално стимулира.
Рак
Ги сакате активностите и најдобри резултати постигнувате со внимателно испланирана програма. Ќе имате корист од оние кои подразбираат интеракција со други луѓе. Но, во одредени моменти ќе ви биде потребен мир и тишина. Едрење, воден аеробик, голф или трчање на плажа се идеални начини да се опуштите и да ги смирите нервите. Ќе ви одговара и јога или пилатес.
Лав
Настапот и стилот ви се најважни, па мотивирани сте да бидете во форма кога ви даваат комплименти поврзани со изгледот. Напорно работите на тоа да изгледате добро. Зачленете се во најпопуларната теретана во вашиот град и вклучете се во повеќе програми. Кога ќе имате услови, разбијте ја монотонијата со партија голф или едрење. Тренирајте со тегови или кик-бокс што ќе ви помогне да ја задржите одличната форма.
Девица
Се мотивирате со бележење на деталите од секој тренинг. Броењето калории, исто така, ќе ви помогне да го постигнете посакуваниот изглед. За вас совршени се лесните и балансирани пилатес движења, јога или медитација. Тоа ви помага да ја стишите бучавата во главата и да ги средите мислите. Сѐ што вклучува наука ќе го задржи вашето внимание.
Вага
Ви одговараат тренинзи во друштво, па често ги повикувате пријателите и партнерот да ви се придружат во вежбањето. Смислете програма која ќе ви помогне да останете во форма, но и ќе ви дозволи да уживате во вашата омилена храна. Тенис, голф, или што било друго кое подразбира социјализирање ќе ви биде забавно. За вас одлична идеја се фитнес клубовите каде што ќе можете да се опуштите и да разговарате.
Скорпија
Ви одговараат исцрпувачки активности, кои ја ослободуваат насобраната тензија. Препреките ги зајакнуваат вашиот ум и тело, бидејќи сте познати по тоа дека го остварувате сето она што ќе го замислите. Трчање на лента, бокс или вежбање на статичен велосипед се дел од активностите кои ќе ви одговараат. Поставете си предизвик и обидете се да го постигнете.
Стрелец
Сакате да патувате, па би било супер да го комбинирате вежбањето со обиколувањето на светот. Шетањето и истражувањето на околината се одлична вежба за вас. Идеално е и брзото одење. Одете и на трчање заедно со вашето куче, запишете се на часови по јавање или на јога.
Јарец
Имате силен ум и умеете да го слушате вашето тело, и на крај секогаш ќе го направите она што најмногу ви одговара, иако сакате да го испробувате и она што другите го препорачуваат. Вашата програма за вежбање мора да се вклопи и во вашиот распоред, бидејќи инаку никогаш нема да пронајдете време за вежбање. Закажете час со тренерот, бидејќи тоа за вас ќе биде најпродуктивно.
Водолија
Блескате во приликите кои подразбираат социјализација и имате ум кој е отворен за нови идеи и програми за вежбање. Најновите трендови и опрема ве возбудуваат. Пријавете се за полумаратон, поставете си предизвик со тренинг за издржливост или запишете се на курс по боречки вештини.
Риби
Не ви одговараат напорни вежби кои ќе ви ја одземат енергијата наместо да ви ги наполнат батериите. Зумбата, хип-хоп танцот или салсата може да ви бидат доста забавни, исто како и сите активности кои се поврзани со вода: сурфање, пливање, ватерполо или воден аеробик.
Секој хороскопски знак има свои навики и рутини кои најдобро му одговараат, па погледнете која е вашата идеална утринска рутина според вашиот хороскопски знак.