Арогантен и суетен, но длабоко чувствителен: Откријте за кој хороскопски знак станува збор
Станува збор за Овен. Припадниците на овој знак се силни и многу самоуверени. Токму затоа и често се арогантни, сакаат да бидат во центарот на вниманието, па дури и ако треба тргнуваат први во битка. Но, целото ова однесување е само еден вид маска за да ја скријат својата чувствителност.
Всушност, Овните се многу емотивни. Доколку некој кој им е многу драг, ги повреди или изневери, воопшто нема да биде чудно да заплачат, без разлика дали станува збор за маж или жена. Тие потоа почнуваат да размислуваат за одмазда, но не сакаат навистина да ја повредат личноста која им е мила, па затоа и продолжуваат со плачење за да им олесни.
И покрај своите маани, тие имаат големо срце. Токму затоа втората причина поради која знаат да плачат се децата. Тие се многу слаби на најмалите и секаков вид нивно малтретирање им предизвикува огромен бес и тага, особено ако чувствуваат потреба да им помогнат. Кога тоа не можат да го направат, што често се случува, го истураат бесот низ солзи.