Анкета открива со кои хороскопски знаци многумина не сакаат да излезат повторно

Анкета открива со кои хороскопски знаци многумина не сакаат да излезат повторно

Некои хороскопски знаци се рангирани многу подобро на списокот на посакувани партнери од други, а овој пат, врз основа на своите искуства, луѓето одлучија со кого не би влегле во љубовна врска, па дури не би излегле ни на состанок.

Анкета открива со кои хороскопски знаци многумина не сакаат да излезат повторно

Луѓето отсекогаш биле ориентирани кон ѕвездите кога се во потрага по својот идеален партнер. Колку пати сте чуле дека некој едноставно не одговара со одреден хороскопски или дека со личностите родени во одреден хороскопски знак си одговараат најмногу?

Во истражувањето спроведено врз 2 000 луѓе од страна на „OnePoll“, 42% од сите испитаници изјавиле дека веруваат во астрологијата за да утврдат дали се компатибилни со својот партнер.

Исто така, истражувањето открило дека речиси половина од испитаниците(48%) честопати го проверуваат хороскопот за совет во врска со својот љубовен живот.

Но, било откриено нешто уште поинтересно: личните искуства на луѓето и нивните заклучоци за тоа со кои хороскопски знаци не би излегле никогаш повторно или не би започнале љубовна врска. Најчесто, станува збор за ситуации и односи во кои тие „се изгориле“ и потоа формирале мислење за тој хороскопски знак заснован на еден или на повеќе негови претставници со кои биле романтично поврзани.

Список на непожелни партнери

Еве колкав процент од луѓето не сакаат повторно да излегуваат или да бидат во врска со одреден хороскопски знак:

  • Близнаци – 42%
  • Рак – 37%
  • Бик – 36%
  • Овен – 34%
  • Лав – 31%
  • Девица – 28%
  • Скорпија – 24%
  • Вага – 22%
  • Стрелец – 17%
  • Јарец – 16%
  • Водолија – 10%
  • Риби – 7%

Сепак, постојат пет хороскопски знаци со кои испитаниците од анкетата најверојатно не би одбиле да одат на состанок повторно, а тоа се Рибите, Водолијата, Јарецот, Стрелецот и Вагата.

Прочитајте кои 3 хороскопски знаци треба да останат сингл оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар