Ако сте Стрелец, сигурно ви се познати овие 15 работи

Ако сте Стрелец, сигурно ви се познати овие 15 работи

Нашиот хороскопски знак ни кажува многу за нашето место во универзумот, за енергијата што ја испраќаме во светот и за нашите желби и страсти. Се разбира, секој има различен карактер и соништа, но ако сте Стрелец сигурно ќе се пронајдете во овие 15 нешта.

Ако сте Стрелец, сигурно ви се познати овие 15 работи

1. Секогаш ја гледате добрата страна

Кога ќе се најдете во непријатна ситуација со друштвото, вие секогаш ја гледате чашата како половина полна. На многумина не им е јасно како може секогаш да бидете толку позитивни, но вие едноставно не гледате смисла во муртењето. Секогаш има нешто кон коешто може да гледате, а оптимизмот е само резултат на вашиот отворен ум. Сте виделе доволно од светот за да знаете дека секогаш ве чека нешто подобро.

2. Сакате да давате ветувања

Покрај патувањата и создавањето сеќавања, вие сакате да давате ветувања. Проблемот е што не секогаш можете да ги исполните. Воопшто не мислите лошо, но кога ќе почнат да ви се случуваат многу работи тешко е да го одржите ветувањето. Вашето чувство за слобода другите често го гледаат како незаинтересираност, па мора да се извинувате за испуштени состаноци и слично. Но вашите најблиски пријатели секогаш ви простуваат.

3. Спонтани сте

Секогаш сте подготвени за авантура. Без разлика дали на полноќ сте посакале да се дружите со пријателите или пак сте закажале патување без многу планирање, вие живеете според вашиот внатрешен компас, а не според часовник. Покрај тоа, вие потполно ги разбирате луѓето што живеат од нивниот куфер. Не велиме дека не сакате да имате постојано живеалиште, туку не сакате да бидете забавени кога има толку многу да се види.

4. Мразите чекање

Трпеливоста не е ваша најсилна страна. Можеби тоа е поради спонтаноста или поради вашата мисија секоја минута да ја исполните со авантура. Како и да е, мразите да ставите пауза на животот. Долгите редици, надградбите на софтвер и чекањето во ресторан (особено ако сте гладни) се вашите најголеми кошмари.

5. Независни сте

Воопшто не ви е страв сами да направите нешто. Без разлика дали тоа е одење на ручек, возење со воз или донесување животни одлуки. Не дека не сакате друштво, туку сакате да имате свој распоред и понекогаш да се грижите само за себе. Можете многу лесно да се вклопите во секоја социјална ситуација и да стекнете нови пријатели. Независноста има свои предности и вие уживате во сеќавањата што сте ги направиле со себе.

6. Сакате да патувате

Вие едноставно сакате да талкате низ светот. Вашиот ум секогаш се прашувал како е на некое друго место и веројатно размислувате да се преселите во друг град. Патувањето прави секаде да се чувствувате како дома. Сакате да се опкружувате со други култури и да разговарате со странци кои имаат потполно различни верувања и приказни од вашите.

7. Секогаш сте отворени за нови искуства

Од егзотична храна, до опасни екскурзии, на вашата листа се наоѓаат многу работи кои сакате да ги направите. Наоѓањето на ризиците во животот ве возбудува и тоа е само дел од вашата спонтаност. Се разбира, не мора секогаш да станува збор за нешта како скокање со падобран. Некогаш новите искуства се одење по нов пат до училиште и порачување некое ново кафе. И вие имате навики како и секој друг, но рутината и повторувањето не се за вас.

8. Веројатно сте студирале настрана

Веројатно сте студирале настрана или сте живееле неколку месеци во друга држава. Можеби ќе одите на патување кое не е поврзано со студирањето, сте планирале патување преку летото или пак планирате да отидете негде во текот на годината. Без разлика како го полните пасошот со печати, вам ви годи тоа.

9. Многу сте љубопитни

Љубопитноста ви е силна одлика. Сакате да научите сè. Кога вашите пријатели имаат тајни, едвај чекате да ви ги кажат. Знаете дека секогаш има нешто повеќе отколку она околу вас и секогаш сакате да го најдете скриеното богатство. Сигурно ви се има случено да купите нешто само затоа што имало интересна етикета или пак да ги проучувате најлудите филозофии и приказни. Сакате да разберете сè и ги имате трпението и самодовербата да ги проверите нештата за кои на другите не им е грижа.

10. Искрени сте

Според вас искреноста е нешто најдобро. Понекогаш вашите пријатели ја сакаат оваа одлика бидејќи секогаш го кажувате она што го мислите. Но, искреноста понекогаш си има своја цена. Не секој сака да ја знае вистината, иако подоцна можеби ќе ја цени.

11. Знаете колку е тешко да имате роденден зимно време

Навистина треба да бидете креативни за да ја организирате роденденската забава во зима. Се разбира, има многу опции и кога времето не е топло, но знаете колку повеќе забава можете да имате под сонцето. Покрај тоа, вашиот роденден е близу до сезоната на празници, па треба да поделите љубов и подароци со другите луѓе во вашиот живот.

12. Сакате различно да ги правите работите

Вие сте лидер, а не следбеник. Додека сте растеле веројатно често сте се тргале настрана од толпата. Повеќе сакате да правите нешто поразлично отколку да ги копирате другите. Понекогаш правите нешта кои не се вообичаени за вас само за да можете да кажете дека живеете малку поразлично. Можеби барате непознати бендови, или пак додека патувате посетувате градови кои се вистински „скриени богатства“. Вашиот живот е навистина интересен кога живеете на овој начин.

13. Сакате промени

Единствената константа во животот е промената, а вие ја сакате. Знаете дека лошите денови нема да траат засекогаш, но живеете во сегашноста бидејќи и добрите денови не се вечни. Како огнен знак, вие сакате да ја контролирате вашата судбина и да извлечете максимум од секој момент за да можете да ги преживеете дури и најлудите соништа. Но вашиот отворен ум исто така ви дозволува понекогаш да му ја дадете контролата на универзумот.

14. Екстроверти сте

Некои луѓе ја добиваат својата енергија од себе, но вие ја полните вашата батерија со искуства. Да бидете екстроверт значи дека обично одбирате да излезете во сабота навечер наместо да останете дома. Но, ова не значи дека секогаш излегувате до доцна. Понекогаш сакате и добар филмски маратон. Како екстроверт, вие сте отворени кон другите луѓе. Вашите пријатели се оние кои навистина ве раздвижуваат во понеделник наутро.

15. Страсно ги следите вашите соништа

Сонувајте големо. Без разлика колку патувања ќе направите, секогаш ќе ја следите својата страст. Можеби точно знаете што сакате да правите, или пак постојано барате нешто што ќе ве воодушеви. Каде и да го најдете тоа нешто, ќе му дозволите целосно да ве обземе. Кога станува збор за вашите соништа, не сакате да изоставите ништо. Запомнете дека треба да бидете трпеливи со вашите страсти. Имате цел живот за живеење и ќе посетите уште многу места пред да се „смирите“. Постојат илјадници луѓе со вашиот знак кои знаат дека сите овие нешта се премногу вистинити.

Прочитајте и зошто треба да имате барем еден пријател роден во знакот Стрелец.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар