Ако сте родени во овие 3 хороскопски знаци, август ќе ви биде преполн со романса!

Ако сте родени во овие 3 хороскопски знаци, август ќе ви биде преполн со романса!

Летото е познато по љубовните авантури, но кога станува збор за следниве три хороскопски знаци – тие најверојатно ќе го имаат најдоброто лето на нивниот живот! Ако сте родени во овие знаци очекувајте романсата да ви го преплави август. Вие ќе ја гледате на сите страни, дури и онаму каде што најмалку би очекувале. Бидете спремни!

Овен: Вие флертувате повеќе од кога било порано

Со Сонцето, Марс и Венера во вашата петта куќа на романсата, харизмата и страста, поголемиот дел од месецот ќе бидете похаризматични од кога било порано. Но, откако планетите ќе се префрлат во вашата шеста куќа на редот, за време на сезоната на Девицата, ќе ви се отворат многу можности за љубов на дневна база. Одите во теретана или треба да завршите некоја домашна обврска? Подобро бидете подготвени бидејќи никогаш не знаете на кого ќе наидете!

Водолија: Се чувствувате поромантично од вообичаено

И покрај вашата репутација дека сте премногу независни или емотивно одвоени, вие повеќе од сите сакате да бидете сакани. Токму затоа и не се однесувајте како да не живеете за комплиментите и вниманието, бидејќи тоа не е вистина. Со Сонцето, Венера и Марс во вашата седма куќа на партнерството и интерперсоналните врски, вие ќе бидете расположени да минувате многу време со вашите сакани. Сингл сте? Нема проблем! Кога планетите ќе ја стигнат вашата осма куќа на сексот, за време на сезоната на Девицата, вие ќе знаете точно како да ја искористите оваа енергија.

Риби: Вие секојдневно ја чувствувате љубовта

Сезоната на Лавот ја активира вашата одговорна шеста куќа на дневните рутини. Со Сонцето, Венера и Марс кои ја запалуваат оваа област од вашиот знак, ќе гледате шанси за романса на местата каде што најмалку очекувате. Сосема обичните локации како теретаната, работата, па дури и докторската канцеларија се на мета на Купидовите стрели. И нештата ќе станат уште подобри. Откако планетите ќе влезат во вашата седма куќа на врските, за време на сезоната на Девицата, вие веќе ќе имате сакан/а покрај вас.

Дознајте и кои 3 хороскопски знаци ги очекува предизвикувачки период за време на владеењето на Лавот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар